ДПСИР рамка
- Создавање на отпад
1.1. Кои типови на отпад се создаваат, колку и каков е трендот?
1.1.1. Комунален отпад
Создавањето на комуналниот отпад го прати економскиот раст и сеуште не е во состојба да се раздвои од истиот. Количината на создаден комунален отпад во 2021 година е нешто помалку од 30% поголема во однос на истиот во 2008 год. Притоа општините имаат обврска за поднесување на годишни извештаи за постапување со комуналниот отпад и во просек само околу 30% од нив ја исполнуваат обврската.
Понатаму комуналниот отпад кој се создава од туризмот е индикатор кој го прикажува дополнително оптоварувањето врз локалното население, туристичката дестинација и инфраструктурниот систем и истиот е во раст од 2012, па се до 2021 година. Уделот на отпадот од туризмот во вкупниот удел на создаден комунален отпад за 2021 година изнесува 0,41%.
1.1.2. Опасен отпад
Трендот на создавање на опасен отпад е променлив, односно флуктуирачки и не може да се донесе соодветен заклучок за создавањето на опасниот отпад, иако во последните три години има последователен пад на количината на создаден опасен отпад. Флуктуацијата на количините на создаден опасен отпад во текот на годините се должи на различниот број на деловни субјекти кои го известуваат Министерството за животна средина и просторно планирање за создаден опасен отпад, односно следење на законската регулатива по однос на доставување на податоци за создавање на опасен отпад, како и поради несоодветно класифицирање на одреден отпад за опасен.
1.1.3. Отпад од пакување
Во Република Северна Македонија, во периодот од 2011 година до 2015, има зголемување на количината на пакување пуштено на пазар за 33%, во 2016 се забележува благ пад на количините на пакувања пуштени на пазар, за да се зголеми повторно за 44.68% во 2019 година, во однос на 2016. Во 2021 година повторно се забележува пад на количинатана пакување пуштена на пазар за 13% во однос на 2019 година.Генерално гледано количинта на пакување пуштено на пазар бележи тренд на зголемување од 2011 година до 2021година за 54%.
Истотака, вкупната собрана количина на отпад од пакување во 2021 година изнесува 34.175,44 тони што во однос на 2011 година истата изнесувала 6.198,87 тони што значи е зголемена за 5 пати.
1.1.3.1.Одалеченост од целите – Стапка на рециклирање на отпад од пакување
Во 2021 година е донесен нов закон за управување со пакување и отпад од пакување(сл.весник бр.215)
Согласно националните цели од новиот закон од став(4) точка:
1) за пакувањето што е пуштено на пазарот во Република Северна Македонија, треба да се соберат следниве количини и тоа:
– 55% за 2021 година,
– 57% за 2022 година,
– 60% за 2023 година,
– 65% за 2024 година,
– 70% за 2025 година,
– 75% за 2026 година,
– 80% за 2027 година,
– 85% за 2028 година.
2) до крајот на 2021 година најмалку 60% од тежината на отпадот од пакувањето што е создаден на територијата на Република Северна Македонија, треба да се преработи со операции на обновување или операции на енергетска преработка;
3) до крајот на 2021 година минимум 55%, а максимум 80% од тежината на отпадот од пакувањето што е создаден на територијата на Република Северна Македонија треба да се рециклира;
Вкупниот процент на рециклирање на отпад од пакување во Република Северна Македонија за 2021 изнесува 40,89% и истиот се стреми кон постигнување на целта.
1.1.3.2.Одалеченост од целите – Стапка на рециклирање на отпад од пакување по вид на пакување
Во 2021 година е донесен нов закон за управување со пакување и отпад од пакување(сл.весник бр.215)
Согласно националните цели од новиот закон од став(4) точка:
4) до крајот на 2021 година следниве количества на материjали од кои се произведува пакувањето треба да се рециклираат:
– 40% од тежината за стакло,
– 70% од тежината за хартија и картон,
– 50% од тежината за железни метали,
– 10% од тежината на обоени метали,
– 25% според тежината за пластика, со тоа што се зема предвид само материјалот кој е рециклиран назад во пластика,
– 20% според тежината за дрво,
5) најдоцна до 31 декември 2030 година минимум 65% од тежината на целиот отпад од пакување ќе се рециклира;
6) најдоцна до 31 декември 2030 година, треба да се исполнат следниве минимални цели по тежина за рециклирање, во однос на следниве посебни материјали кои се содржат во отпадот од пакување:
– 50% пластика,
– 25% дрво,
– 70% железни метали,
– 50% алуминиум,
– 70% стакло,
– 75% хартија и картон,
7) најдоцна до 31 декември 2035 година минимум 70 % од тежината на целиот отпад од пакување ќе се рециклира и
8) најдоцна до 31 декември 2035 година, треба да се исполнат следниве минимални цели по тежина за рециклирање во однос на следниве посебни материјали кои се содржат во отпадот од пакување:
– 55% пластика,
– 30% дрво,
– 80% железни метали,
– 60% алуминиум;
– 75% стакло и
– 85% хартија и картон.
Во Република Северна Македонија, во периодот од 2011 година до 2021, се забележува позитивен тренд на зголемување на стапката на рециклирање на поедини материјали од пакување, како на пример хартија и картон 62,70%, стакло со 48,85%, метал 29,32%, пластика со 28,22% и дрво со 11.80% во 2021 година.
Од ова може да се види дека Стапката за рециклирање согласно новите цели препишани од новиот закон за 2021 година за пластикаи стакло се постигнати, додека за останатите видови стапката за рециклирање на отпад од пакување како што се: хартија и картон, стакло, метал и дрво сеуште се далеку од целта но истите се стремат кон постигнување.
1.1.3.3.Одалеченост од целите – стапка на обновување или горење на отпад од пакување во инсталации за горење отпад со обновување на енергија
Во 2021 година е донесен нов закон за управување со пакување и отпад од пакување(сл.весник бр.215)
Согласно националните цели од новиот закон од став(4) точка:
2) до крајот на 2021 година најмалку 60% од тежината на отпадот од пакувањето што е создаден на територијата на Република Северна Македонија, треба да се преработи со операции на обновување или операции на енергетска преработка;
Вкупниот процент на обновување или на горење во инсталации за горење отпад со обновување на енергија во Република Северна Македонија за 2021 година изнесува 49,11%, каде Националните цели за постапување со отпад од пакување се далеку од исполнување иако истите се стремат кон постигнување.
1.1.4. Отпад од батерии и акумулатори
Во однос на количината на создадени отпадни батерии и акумулатори во периодот од 2011 до 2017 година се забележува зголемување на количината на батерии и акумулатори пуштени на пазар и тоа за 2 пати, но од 2017 до 2021 година количината на батерии и акумулатори бележи намалување за 37%.
Количината на собраните ОБА од 2011 до 2012 бележи намалување од 79,22%, но во наредниот период, од 2013 до 2020 година, бележи позитивен тренд и се зголемува приближно 3 пати. Трендот од 2020 до 2021 опаѓа на 66%.
Количината на третирани и рециклирани ОБА од 2011 година до 2012 бележи намалување од 77%, додека од 2013 година до 2019 година се зголемила за 6 пати, но во 2021 година се забележува повторно намалување од 82% во однос на 2019 година.
Овие флуктуаци на намалени количини се како резултат на тоа што две колективни постапувачикои извстиле претходната година ова година не известиле а истотака може и да се должи и на состојбата со пандемијата од ковид 19.
1.1.4.1.Одалеченост од целите
Согласно новиот донесен закон од 2021 година од Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори поставени се национални цели за собирање и тоа, до 31 декември 2025 година треба:
a) Годишно да се соберат минимум 45% од тежината на преносните батерии и акумулатори што се пуштени на пазарот на територијата на Република Северна Македонија и
b) Годишно да се соберат минимум 85%, од тежината на автомобилски и индустриски батерии и акумулатори што се пуштени на пазарот на територијата на Република Северна Македонија.
Стапката на собирање за преносните батерии и акумулатори за 2021 година изнесува 47,60%, согласно пресметките направени од две колективни постапувачи кои доставиле извештај до МЖСПП.
1.1.5. Согорен медицински отпад
Согласно податоците количината на согорен медицински отпад за 2021 година изнесува 1.153.770kg, споредбено со 2000 година, каде количината на согорен медицински отпад изнесувала 114.900 kg, покажува тренд на зголемување за 10 пати.
1.1.6. Медицински отпад
Количината на создадениот медицински отпад во периодот од 2010 до 2021 година постепено се зголемува.Согласно доставените податоци количината на пријавениот создаден медицински отпад за 2021 година изнесува 1.232,92 тони, споредбено со 2010 година, каде количината на создадениот медицински отпад изнесувала 195,6 тони, количината на создаден отпад се зголемила за 6 пати.
1.1.7. Отпад од електрична и електронска опрема
За отпадот од електрична и електронска опрема постои нивно собирање и преработка, но сеуште не и нивно рециклирање. Од 2015 до 2020 година количината на собрана ЕЕ опрема по жител е порасната од 0,13 kg/жител на 1,75 kg/жител и може да се заклучи дека има позитивен растечки тренд. Во новиот закон за ОЕЕО предвидена е друга методологија за пресметка на целите за собирање на отпадна ЕЕ опрема и за истата сеуште нема подзаконски акт.
Во 2021 година од вкупно пуштена опрема на пазар од 15.641,76 t, само 20,63% биле собрани или 3.227 t, а преработени биле 92% од собраните или 2.971,97t.
Најмногу застапени во собрана отпадна опрема се големите домашни апарати, па потоа следат малите домашни апарати и опремата за широка потрошувачка и забавна електроника. Овој тренд е постојан во однос на категориите на електрична и електронска опрема.
1.1.7.1.Одалеченост од целите
Националната цел за електричен и електронски отпад што требаше да се постигне до 31.12.2020 беше да изнесува 4 kg/жител. Во 2020 година оваа бројка изнесува 1,75kg/жител и забележи раст од 2015 година, но сепак по ова прашање Северна Македонија е далеку од целта. Со новиот закон за ОЕЕО донесен во август 2021, целите се ревидирани и се прилагодени на нашите национални потреби. Целите за собирање на отпадна опрема од просечната маса на опремата пуштена на пазарот во претходните три години се:
- во 2022 година – 25%,
- во 2023 година – 30%,
- во 2024 година – 35%,
- во 2025 година – 40%,
- во 2026 година – 45%,
- во 2027 година – 55%,
- во 2028 година – 65%.
За пресметка на целите сеуште се чека на подзконските акти.
Управување со отпад
2.2. Каков е развојот во управување на отпадот?
2.2.1. Комунален отпад
Зголеменото создавање на комуналниот отпад потенцијално го зголемува негативното влијание врз животната средина бидејќи скоро 100% од собраниот комунален отпад се отстранува на контролирани и неконтролирани депонии и тоа од 19% до 31% од комуналниот отпад се отстранува на неконтролирани депонии, додека од 69% до 81% на контролирани депонии. Количината на создаден отпад од туризмот кој се собира и потпаѓа под комуналниот е во постојан раст и е во склад со зголемениот број на туристи.
Рециклирањето на комуналниот отпад кој би требало да биде извор на секундарни суровини е незначително малку застапено во нашата земја, што покажува дека сеуште комуналниот отпад не е препознаен како ресурс, ниту пак е застапена кружната економија. Процентот на рециклирање на комуналниот отпад заклучно со 2013 год изнесувал 0,18%, а од 2014 год се искачил на 0,48%, каде и се задржал неколку години за да предпоследните две години последователно се намали и изнесува 0,2%, речиси исто колку што изнесува и во соседството односно во Србија (0,3%), но е далеку од европскиот просек кој изнесува околу 46% за 2017 год. Процентот на рециклирање на комуналниот отпад во 2020 год. е највисок и изнесува скоро 2%. Во 2021 година има делумен пад во процентот на рециклирање на комуналниот одпад кој изнесува 0,7%.
Минималната застапеност на рециклирање, компостирање и согорување на комуналниот отпад се должи на неприменливост на законската обврска за сепарација на комуналниот отпад, како и непостоење на центри за сепарација на мешан комунален отпад.
Националната цел за намалување на количеството на депонирани биоразградливи состојки на комуналниот отпад на годишно ниво изразено како намалување на процентот на биоразградливи состојки во комуналниот отпад создаден во 1995 год. рачунајќи ја како основна година и тоа 25% намалување во 2017год., 35% намалување во 2018 год.45% намалување во 2019 год. не е постигната.
2.2.2. Опасен отпад
Доминантен начин на управување со опасниот отпад е негово сопствено отстранување од страна на деловните субјекти кои го создаваат кое во просек изнесува 64,6% гледано од 2011 год. до 2017 год., што е најнеповолен начин на управување со отпадот во однос на последиците по животната средина и здравјето на луѓето. Понатаму во 2019 и 2020 год. наведено е во најголем обем (97%до 93%) од страна на деловните субјекти временото складирање на опасниот отпад, односно оној опасен отпад кој не може соодветно да се третира или отстрани времено се складира од страна на деловните субјекти кои го создаваат. Во 2021 год. повтпорно сопственото отстранување на опасниот отпад е најзастапен начин на управување со опасниот отпад. Преработката на опасниот отпад е застапена во просек околу 3%, гледано од 2011 до 2021 год.
Отстранувањето на опасниот отпад од страна на деловните субјекти кои го создаваат, како и временото складирање е резултат на непостоење на соодветни депонии за одредени видови на опасен отпад и неможноста за негова преработка во Македонија, како и скапиот процес на преработка или отстранување на опасниот отпад во други земји надвор од Република Северна Македонија.
2.2.3. Отпад од пакување
Во разгледуваниот период од 2011 година до 2018 процентот (%) на рециклирање на отпад од пакување постојано бележи тренд на зголемување и истиот е зголемен за повеќе од 3 пати. Следните две години 2019 и 2020 се забележува намалување на количинта на рециклирање на отпад од пакување за 7% во однос на 2018 година.
Вкупниот процент на рециклирање на отпад од пакување во Република Северна Македонија за 2020 изнесува 43,52%.
Стапките на рециклирање (%) на различни материјали од пакување (стакло, пластика, хартија и картон, метал, дрво и композитни материјали) кои бележат позитивен тренд на рециклирање во период од 2011 до 2021 година. Најрециклиран отпад од пакување се хартија и картон кои во 2021 годинаизнесува 26.263,76тони и достигнуваат рециклирање до 62,70%, потоа се забележуваат флуктуации на стапката на рециклирање на поедини фракции од пакување, стакло со 48,85%, метал 29,32%, пластика со 28,22%, и дрво со 11,80% за 2021 година.
Во Република Северна Македонија, во периодот од 2011 година до 2021, стапката на обновување или на горење во инсталации за горење отпад со обновување на енергија, бележи постојан тренд на зголемување и тоа за 4 пати во разгледуваниот периодсо многу мали флуктуации во периодот 2019 и 2020 година каде количината на преработка со операции на обновување или со операции на енергетска преработка била помала.
Вкупниот процент на обновување или на горење во инсталации за горење отпад со обновување на енергија во Република Северна Македонија за 2021 година изнесува 49,11%, каде Националните цели за постапување со отпад од пакување се далеку од исполнување иако истите се стремат кон постигнување. (согласно доставените годишни извештаи до МЖСПП).
2.2.4. Отпад од батерии и акумулатори
Во однос на управувањето на ОБА треба да се води сметка на намалување на негативните влијанија на БА и на ОБА на животната средина и здравјето, да се постигне висок степен на одделно собирање на ОБА и да го намали во најголема можна мера отстранувањето на ОБА како дел од комуналниот отпад со цел да се постигне високо ниво на рециклирање и на преработка на ОБА. Од разгледуваните податоци за периодот од 2011 до 2017 година се забележува зголемување на количината на батерии и акумулатори пуштени на пазар и тоа за 2 пати, но од 2017 до 2021 година количината на батерии и акумулатори пуштени на пазар бележи намалување за 37%.
Вкупната количина на БА пуштена на пазар за 2021 година изнесува 2.242.567,32 kg.
Количината на собраните ОБА од 2011 до 2012 бележи намалување од 79,22%, но во наредниот период, од 2013 до 2020 година, бележи позитивен тренд и се зголемува приближно 3 пати. Трендот од 2020 до 2021 опаѓа на 66%.
Вкупната количина на собрана ОБА за 2021 година изнесува 2.002.230,50 kg.
Количината на третирани и рециклирани ОБА од 2011 година до 2012 бележи намалување од 77%, додека од 2013 година до 2019 година се зголемила за 6 пати, но во 2021 година се забележува повторно намалување од 82% во однос на 2019 година и вкупната количина на третирани и рециклирани ОБА за 2021 година изнесува 1.996.671,44 kg, како резултат на тоа што две колективни постапувачи кои извстиле претходната година ова година не известиле а истотака може и да се должи и на состојбата со пандемијата од ковид 19.
Количината на извезени ОБА за третман и рециклирање за 2021 изнесува 23.482kg.
Според направената пресметка стапката на собирање за преносните батерии и акумулатори за 2021 година изнесува 47,60%, согласно податоците земени од две колективни кои доставиле извештај до МЖСПП.
2.2.5. Медицински отпад
Количината на создадениот медицински отпад во периодот од 2010 до 2021 година постепено се зголемува. Согласно доставените податоци количината на пријавениот создаден медицински отпад за 2021 година изнесува 1.232,92 тони, споредбено со 2010 година, каде количината на создадениот медицински отпад изнесувала 195,6 тони, количината на создаден отпад се зголемила за 6 пати.
Од ова може да се заклучи дека се зголемил и бројот на создавачите на опасен медицински отпад, кои согласно регулативата во областа на управување со медицински отпад се обврзани да доставуваат еднаш годишно извештај за постапување со отпадот.
Според доставените извештаи за 2021 година за понатамошно постапување со медицински отпад, количината на медицински отпад предаден на други лица изнесува 1.208,86 тони. Најголем дел од пријавената количина припаѓа на инфективниот отпад (18 01 03*) со 1.113,92 тони, потоа следат острите предмети (освен 18 01 03) со 79,72 тони кои се сметаат како подгрупа на инфективен отпад, отпад чие собирање и отстранување не е предмет на специјални барања за заштита од инфекции ( на пр.облека, завои од гипс, облека за еднократка употреба, платно, пелени и тн.) со 12,88 тони, делови од човечко тело и органи вклучувајќи вреќички и шишиња со крв (освен 18 01 03) со 2,32 тони и лекови неспомнати во 18 01 09 со 0,02 тони. Количина од 24,06 тони течен отпад автоматски е третиран од самите создавачи.
Медицинскиот отпад кој е предаден на други лица според доставените извештаи е соодветно третиран и неутрализиран.
Исто така, треба да се нагласи дека прикажаните количини на отпад не претставуваат и вкупни количини на создаден медицински отпад на ниво на Република Северна Македонија.
2.2.6. Отпад од електрична и електронска опрема
Во однос на отпадот од електрична и електронска опрема, собраната отпадна опрема се носи на преработка, операции кои опфаќаат механички третман, складирање и рециклирање. Сепак, лиценцирани инсталации за рециклирање на отпадна опрема сеуште нема во нашата земја. Процентот на собрана опрема во 2021 година изнесува 20.63% во однос на пуштената опрема на пазар, и од нив преработени се 92%. Преработената отпадна опрема за разгледуваниот период од 2015 до 2017 година има благ растечки тренд, за во 2018 драстично да падне на само 10% и драстично да порасне на 92% во 2021 година.
Во однос на целите за рециклирана ОЕЕО целите сеуште не се постигнати бидејќи во нашата земја не постојат инсталации за рециклирање на истите. Најмногу што се постигнува со опремата од дадените податоци е нејзин механички третман. Исто така не постои раздвојување на отпадната опрема по категории за понатамошен третман кои подлежат на различни стапки на преработка и рециклирање. Оттука, не може да се извлече заклучок за постигнатите цели во однос на рециклирањето.
- Колку се ефективни одговорите?
3.1. Кои активности се/треба да се преземат?
3.1.1. Комунален отпад
За да се добијат посакуваните цели треба да се отпочне со активности и мерки за превенција на создавање на комунален отпад. Понатаму да се започне со селекција на комуналниот отпад и двоење на биодеградабилната фракција на комуналниот отпад. Исто така, при зголемен број на туристи и ноќевања, комуналниот отпад да се третира по принципот на одржливо постапување со истиот и кревање на свеста на сите засегнати страни.
Да се намалат количините на создаден индустриски опасен отпад.
Да се интензивираат процесите на рециклирање и компостирање на отпадот, како и започнување на процесите на негово согорување со производство на елекрична и топлинска енергија. Контролирано зафаќање и користење на гасовите од санитарните депонии.
Исто така потребно е и редовно доставување на Годишните извештаи за постапување со отпад од општините, како би се добиле поточни резултати за вистинските количини на отпад. Во однос на дозволите за управување со отпад се следи политиката на Министерството за животна средина и просторно планирање за правилно постапување, пакување и превоз на отпадот и за истите во процедура е ажурирање на законската регулатива за креирање на една дозвола за управување со отпад наместо сегашните две.
3.1.2. Опасен отпад
Потребно е да се применуваат мерки за намалување и во најголема можна мера спречување на настанување на опасен отпад со примена на најновите достапни технологии во индустриските процеси. Изградба на депонии и инсенератори за соодветно третирање на опасниот отпад кој се создава во нашата земја. Зголемена инспекциска контрола со цел правилно управувањер со комуналниот и опасниот отпад од страна на деловните субјектои и физичките лица. Понатаму оформување на соодветна лабораторија за детектирање на опасен отпад односно на опасни супстанции и материи во мешан отпад или отпад со непозната содржина или/и потекло.
3.1.3. Отпад од пакување
Во однос на отпадот од пакување за да може да се постигнат националните цели неопходно е да се превземат мерки за превенција на создавањето на отпад од пакување и мерки за поттикнување на собирањето, селектирањето, повторната употреба, рециклирањето и други форми на обновување, прерарботка и отстранување на отпад од пакување.
Мерките за намалување на отпадот од пакување е на највисокото место на хиерархијата на отпадот. Тоа претпоставува стимулирање на производителите да ги модифицираат амбалажите на своите производи со тоа што тежината на нивното пакување (амбалажа) ќе се намали.
Поттикнувањето на одвоеното собирање, селектирањето, рециклирањето или енергетската преработка на отпадот од пакување граѓаните да им се создадат услови за тн. примарна селекција на отпадот од пакување. Тоа значи дека во сите општини мора да се постават контејнери и корпи, во кои граѓаните ќе може одвоено да го фрлат отпадот од пакување по тип (посебен контејнер или канта за пластика, посебен за хартија, стакло итн.). Во постојните контејнери би се одлагал само така наречен влажен дел од комуналниот отпад. Истовремено, комуналните претпријатија на локалните самоуправи треба да создадат капцитети така примарно селектираниот отпад да може селектирано да го соберат (да не се мешаат отпадите при собирање и транспорт). Сите општини и комунални претпријатија треба да имаат сопствени т.н рециклажни дворови или трансфер станици, каде собраниот отпад уште еднаш, секундарно би се селектирал (тип на пластика/метал, боја итн.) и избалирал. Целта е да се извади од собраниот отпад што повеќе материјал кој може повторно да се употреби (рециклира или согори за енергија), пред отпадот да отиде на депонија за крајно одлагање. Собирањето на отпадот од пакување од крајните корисници (физички лица) ќе биде организирано преку различни методи на собирање, како на пример во вреќи, канти, контејнери, собирни точки и собирни центри. Обемот на отпадот од пакување може значително да се разликува од една до друга општина и ќе биде прецизно пресметан во соработка со локалните самоуправи.
Мерки за едукација и спроведување кампања за подигање на јавната свест за постапување со отпад од пакување.
3.1.4. Отпад од батерии и акумулатори
Во однос на постигнување на националните цели за ОБА неопходно е да постојат мерки за подобрување преку препораки, акциони планови и подигање на јавна свест.
Во однос на мерките треба меркиза стимулирање на собирање на отпадни батерии и акумулатори, мерки со цел за помагање на развој на нови технологии за рециклирање, третман и преработка и поттикнување на истражувањето на еколошки и рентабилни методи за рециклирање на сите видови батерии и акумулатори.За еколошката свест да биде на високо ниво потребна е постојана едукација во однос на прашањата за постапување со отпад.
Во однос на законот за управување со Батерии и Акумулатори и Отпадни Батерии и Акумулатори во август 2021 беше донесен нов закон кој е усогласен со европската регулатива, каде националните цели се ревидирани, а истотака треба да произлезат и нови подзаконски акти. Донесена е и програма за управување со посебни текови на отпад 2022-2031.
Медицински отпад
Подобрување на управувањето со медицински отпад, кое подрзбира подобра сепарација на различни фракции на медицински отпад со адекватни системи за собирање, транспорт, третман и финално отстранување.
3.1.5. Отпад од електрична и електронска опрема
За отпадната електрична и електронска опрема во август 2021 беше донесен ажуриран закон кој е усогласен со европската регулатива (CELEX бр. 32012L0019), каде националните цели се ревидирани и усогласени со потребите на нашиот пазар. Останува да се донесат и подзаконските акти во однос на овој закон. Донесена е и програма за управување со посебни текови на отпад 2022-2031. Понатаму, потребно е подигнување на свеста на граѓаните преку активно информирање за местата каде можат да го одлагаат електричниот и електронски отпад. Исто така, треба да се преземат мерки и активности за креирање на соодветни инсталации за третман и рециклирање на отпадната опрема.
Отпад – Листа на индикатори и нивниот прогрес