Сектор – Македонскиот информативен центар за животна средина

20GodiniMEIC

 

meic

Македонскиот информативен центар за животна средина – МИЦЖС е сектор во рамките на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Информациите за животната средина се почетна точка за секоја активност во сферата на животната средина (на пр. информации за степенот на загадувањето, за изворите на финансии насочени кон заштита на животната средина или за активностите на организациите кои се активни на полето на заштита на животната средина. За таа цел за да добро се управува со процесот на прибирање, обработка, доставување и распространување на информациите за животната средина, МЖСПП го основа Македонскиот информативен центар за животна средина-МИЦЖС во април 1998 г.

Работата на Македонскиот информативен центар за животна средина се реализира преку четири одделенија:

Одделение
за мониторинг
за квалитет на воздух
Одделение
за аналитика
и известување
Одделение
за катастри
и моделирање
Одделение
за информатичка
технологија

damskavОдделението за мониторинг на квалитет на амбиентен воздух управува со Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух (ДАМСКВ)ДАМСКВ се состои од 21 фиксна и една мобилна автоматска мониторинг станица за квалитет на амбиентен воздух. Фиксните мониторинг станици се поставени во следните градови: пет во Скопје (Карпош, Центар, Ректорат, Лисиче и Гази Баба), две во Битола, по една во Кичево, Велес, Илинден, Куманово, Кочани, Тетово, Кавадарци, с. Лазарополе, Струмица, Гостивар, Гевгелија, Прилеп, Берово и Охрид. Мобилната мониторинг станица се користи за следење на квалитетот на воздухот во помалите градови. Моментално, мобилната станица за автоматско следење на амбиентниот воздух е поставена во Ѓорче Петров (Скопје). Претходно, мобилната станица беше во Бутел (Скопје) и работеше една година во периодот 2018-2019 година.

Основните задачи на одделението се секојдневно следење на податоците добиени од Државен автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух и нивна валидација и верификација; редовно одржување и сервисирање на станиците и семплерите, промена на филтри, промена на делови, мануелна калибрација на инструментите во станиците и др.

Во рамките на одделението се спроведуваат активности кои се однесуваат на калибрација на анализаторите од мониторинг станиците со цел добивање на веродостојни податоци за квалитет на воздух и калибрација на референтните анализатори од калибрационата лабораторија со помош на статичен инјекционен систем за калибрација.

Дополнително се врши мерење и подготовка на пробите од семплерите и подготовка на пробите за хемиска анализа цо цел одредување на концентрацијата на тешки метали и обработка и анализа на добиените податоци. Одделението ги изготвува информациите за состојбата со мониторингот и квалитетот на воздухот. Исто така подготвува дневен, месечен и годишен извештај за квалитетот на воздухот во државата, согласно податоците добиени од ДАМСКВ.

Одделението доставува известување во случај кога ќе забележи надминување на граничните вредности и праговите за алармирање на поедини загадувачки супстанци.

Подетални информации во врска со ДАМСКВ како и состојбата со квалитетот на воздухот во реално време може да најдете на следниов линк: http://airquality.moepp.gov.mk/

analitikaОдделението врши работи и задачи во врска со собирање, обработка, анализа, прикажување и известување на податоците и информациите од медиумите и областите на животната средина. Изготвува дневни, месечни, годишни и четири годишни извештаи за состојбата и трендовите во животната средина и изготвува тематски карти со геоориентирани податоци. Одделението ги координира активностиите за соработка на Министерството со Европската агенција за животна средина (ЕЕА) и доставување на податоци и информации до другите меѓународни организации, мрежи и конвенции согласно обврските кои произлегуваат од законската легислатива и меѓународните договори. Исто така, одделението го изготвува, применува и проширува националениот сет на индикатори, и ги координира активностите за формирање на работни групи за сите поглавја. Одделението доставува и обработува податоци и информации за статистичка база и статистички годишник и за потребите на други органи и организации во земјата. Одделението зема активно учество во работните групи од проектните активности кои се спроведуваат во Министерството, и во работните групи за реализација на Националната програма за  усвојување на правото на Европската Унија.

Обработка на податоци

vozduh

bucava

vodaotpad

pocva

 

 

 

 

Извештај за состојбата на животната средина

Дневни извештаи

Македонскиот информативен центар за животна средина секојдневно испраќа општи информации за загадувањето на воздухот добиени од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздухот до Градскиот центар за известување и алармирање во Скопје и до Сектор за животна средина на Град Скопје. Извештаите се достапни на следниов линк:  http://airquality.moepp.gov.mk/?page_id=3067

Месечни извештаи

Македонскиот информативен центар за животна средина изготвува Месечни извештаи за квалитет на амбиентниот воздух изготвени од податоците добиени од Државниот автоматски мониторинг систем. Извештаите се достапни, без надоместок, на следниов линк: http://airquality.moepp.gov.mk

Годишни извештаи

Македонскиот информативен центар за животна средина изготвува годишни извештаи врз основа на обработени податоци од сите медиуми на животната средина. Извештаите имаат тематски пристап, особено се пристапни за пошироката јавност. Исто така, во извештаите за прикажување на состојбата се користат и усвоените индикатори за животна средина. Извештаите се достапни, без надоместок, на следниов линк: https://arhiva.moepp.gov.mk/?page_id=2338

Национални индикатори за животна средина

Македонскиот информативен центар за животна средина на секои две години изготвува ги ажурира и дополнува усвоените Национални индикатори за животна средина. Известувањето за животната средина преку индикатори обезбедува слика на состојбата на животната средина, презентирана колку што е можно повеќе со квантитативни и квалитативни податоци добиени преку научно засновани мерења и анализи, коишто упатуваат на изворите, причините, последиците и трендовите на конкретните состојби. Подготовката на индикаторите  претставува исполнување на една од обврските од Законот за животна средина, и ја обезбедуваат основата што е неопходна за соодветно одлучување во процесот на управување со животната средина, со што се дава очекуваниот придонес кон одржливиот развој на нашата земја.

Информациите за состојбата на животната средина секогаш се интересни и актуелни. Тие се клуч во креирањето на политиките и донесувањето на важни одлуки и има право да ги знае секој граѓанин на Република Македонија, како би можел и самиот да придонесе во процесот на подобрување на состојбата.

Извештаите се достапни, без надоместок, на следниов линк: https://arhiva.moepp.gov.mk/?page_id=746

Извештај за состојбата на животната средина

Согласно обврската од Законот за животна средина Македонскиот информативен центар за животна средина во соработка со останатите сектори и релевантни институции, на секои четири години, изготвува сеопфатен Извештај за состојбата на животната средина (SoER). Извештаите имаат тематски пристап, исто така, во извештаите за прикажување на состојбата се користат и усвоените индикатори за животна средина. Извештаите се достапни, без надоместок, на следниов линк: https://arhiva.moepp.gov.mk/?page_id=5170

Статистики во животната средина

Македонскиот информативен центар за животна средина во соработка со Државниот завод за статистика изготвува Статистики на животната средина. Извештаите имаат тематски и индикаторски пристап, особено се пристапни за пошироката јавност. Извештаите се достапни, без надоместок, на следниов линк: https://arhiva.moepp.gov.mk/?page_id=2475

Национална книга на параметри за животната средина

Македонскиот информативен центар за животна средина, согласно одредбите од Законот за животна средина, има обврска да изработи Национална книга на параметри за животна средина. Книгата на параметри за животна средина обезбедува јасна слика за секој параметар, односно, јасно се разграничува надлежноста, методологијата на пресметка и начинот на прибирање, обработка и публикубвање на податоците. Националната книга на параметри за животна средина е приказ на параметри за состојбата со животната средина со кои се пропишува временската динамика на собирање на податоците, форматот, изворот и начинот на проток и размена на податоците. Националната книга на параметри за животна средина е достапна на следниов линк: https://arhiva.moepp.gov.mk/?page_id=7932

Обврска за известување кон EEA
Република Македонија преку Министерството за животна средина и просторно планирање соработува со Европската агенција за животна средина, нејзините Тематски центри од 1998 година. Од почетокот на соработката, Република Македонија бележи постојан тренд на подобрување во квалитетот и во ефикасноста на известувањето, особено во доменот на протекот на приоритетни податоци и информации, во рамките на EIONET. Така, од 2000 година, кога Македонскиот информативен центар за животна средина, како одговорно тело од МЖСПП за целокупната соработка со ЕЕА, испраќаше 29% од бараните податоци, во 2006 – 2007 година е достигнат процент од 78 % со пораст од 9% од 2005 година, со што земјата се рангира на 13-то место од 37-те земји членки и соработнички на ЕЕА.

Горните резултати се постигнати врз основа на воспоставениот систем за известување, којшто треба да се одржува и понатаму да се надградува, со што земјата ќе има можност да ги исполнува обврските за известување кон ЕЕА и кон други релевантни меѓународни организации и договори.

Детални информации за приоритетните податоци за секоја година поединечно:

PDF_icon_small2000 PDF_icon_small2001 PDF_icon_small2002 PDF_icon_small2003
 PDF_icon_small

Мај 2004-Април 2005

maj-aМај 2005-Април 2006  juni-aЈуни 2006-Април 2007 maja-a-2008Мај 2007-Април 2008
maj-a-2009Мај 2008-Април 2009 maj-a-2010Мај 2009-Април 2010 maj-a-2011Мај 2010-Април 2011  maj-a-2012Мај 2011-Април 2012
maj-a-2009Мај 2012-Април 2013 maj-a-2009Мај 2013-Април 2014 maj-a-2009Мај 2014-Април 2015 maj-a-20092016
20172017 20182018 20192019 20202020
20222022

prtrВо одделението за катастри и моделерање се подготвуваат и одржуваат катастрите за медиумите на животната средина како дел од централаната база на податоци. За таа цел во одделението се вршат и координираат активностите околу формирање на прашалници за поедини области, нивно дистрибуирање и собирање до загадувачите, обработување на податоците и нивно редовно внесување одделно во поедини катастри во централната база на податоци, како и соработка со сите релевантни институции коишто имаат податоци од областа на животната средина.

МОДЕЛИРАЊЕ

Во однос на моделирањето истите тие податоци се користат за предвидување и симулација на квалитетот на поедини области (воздух, вода, отпад) со цел да се добие предвидување за квалитетот на медиумите на животната средина. За таа цел во одделението се вршат и активности околу тестирање на компјутерски софтвер за моделирање, имплементација на модел податоци, идентификација на проблеми, од временски и просторен аспект, анализа на причините за девијациите на моделот, обезбедување на дијаграмска презентација на концентрацијата на полутантот, компаративна анализа и верификација на податоците од мерењата, како и модел податоци, анализа на податоците од аспект на општествениот, економскиот и индустрискиот развој.

Повеќе за дисперзираното моделирање на квалитетот на воздухот на следниот линк:

http://airquality.moepp.gov.mk/?page_id=3428

ПРТР

Одделението има ингеренции околу воспоставување, водење, внесување податоци во централната база на податоци и нивно презентирањење на доследни, интегрални, национални регистри на испуштање и пренесување на загадувачки материи во согласност со одредбите на Архуската конвенција – Протокол ПРТР – Протокол за Регистрите за испуштање и пренос на загадувачки супстанции – (Protocol on pollutant release and transfer register) е посебен меѓународен договор усоен на петатта Министерска Конференција Животната средина во Европа, што се оджа во Киев (Украина), мај 2003 година. Тој претставува меѓународен договор развиен во оквир на Архуската Конвенција, и формално преставува протокол на Архуската конвенција – Конвенција за достапност на информациите, учество на јавноста во одлучувањето и достапност на правдата за прашањата повразани со животната средина е меѓународен договор усвоен на Четвртата министерска Конференција – Животната средина за Европа, што се одржа во 1998 година во Архус, Данска. Се работи за нов вид на меѓународен договор за животната средина кои на специфичен начин ги поврзува областа на животната средина и човековите права. Во склад со одредбите на оваа Конвенција, разработени се клучните елементи на ПРТР системот, неговиот изглед, структурата и обемот, како и парвилта поврзани со начинот на собирање и архивирање на податоците, известување, процена на нивниот кавалитет, јавниот пристап до информациите, доверливост на податоците и информациите и  учество на јавноста во развој на Регистрите, како и меѓународна соработка во оваа област.  

itОсновните задачи на Одделението за информатичка технологија се: обезбедување на ИТ сервиси за сите вработени во МЖСПП, одржување на информатичката инфраструктура на МЖСПП и развивање на Националниот информациски систем за животна средина, како и e-mail сервис за МЖСПП, oбезбедување LAN и WAN сервиси за МЖСПП, обезбедување конекција помеѓу различните локации на МЖСПП, обезбедување и одржување пристап до Интернет, обезбедување firewall заштита на мрежата, централизирана заштита од компјутерски вируси, инсталирање и конфигурирање на новонабавена опрема, едитирање и ажурирање на содржините на web порталот на МЖСПП, редовен мониторинг на официјалната e-mail адреса на МЖСПП, техничка подготовка (desktop publishing) на брошури и извештаи од обработени податоци од животната средина.

– Обезбедување мрежни сервиси (LAN и WAN) за потребите на МЖСПП

  • Администрирање на Windows сервери
  • Администрирање на Linux сервери
  • AD, DNS, DHCP Services
  • Инсталирање / конфигурирање / одржување и администрирање на серверите
  • Администрација на Active Directory Services на различни локации на Министерството меѓусебно поврзани со VPN конекција
  • Администрација на web сервиси на Министерството
  • Креирање на корисници, доделување на привилегии на мрежни фолдери
  • Обезбедување и одржување мрежно поврзување на компјутерите во МЖСПП
  • Обезбедување мрежен пристап до документи
  • Обезбедување мрежно печатење
  • Обезбедување и одржување пристап до Интернет
  • Одржување на компјутерската мрежа
  • Обезбедување firewall заштита на мрежата
  • Обезбедување централизирана заштита од компјутерски вируси
  • Обезбедување континуирана поддршка (Help desk) за корисниците на системот и на времени хардверски и софтверски интервенции по барање на вработенитe
  • Креирање backup

– Одржување и редовен update на Web порталот на МЖСПП

Во денешниот свет, комуникацијата и размената на информации се меѓу најважните фактори за успех на било која организација. Во прилог на ова оди и високиот степен на развиток на информатичката технологија, која комуникацијата и размената на информации ја поедноставува и ја прави достапна во било кое време.

МЖСПП т.е. Македонскиот информативен центар за животна средина (МИЦЖС) ја овозможува комуникацијата и размената на информации не само преку информациски материјали односно извештаи, брошури, мапи кои се изработуваат во центарот за потребите на граѓаните, институциите, туку е овозможено таа комуникација да севрши и преку интернет страната на МЖСПП.

Значи презентацијата на податоците и информациите поврзани со животната средина се врши преку Web страната на МЖСПП – www.moepp.gov.mk.

На сајтот можат да сенајдат сите потребни информации кои се поврзани со животната средина а воедно и сите работни активности кои се одвиваат во Министерството. Апдејтирањето на сајтот е секојдневно. Континуирано се пабликуваат сите настани, кампањи, активности, закони и другите активности кои се однесуваат на МЖСПП.

Самата структура на сајтот ја опишува фактички структурата на МЖСПП.

На сајтот се наоѓаат: Извештаи (месечни, годишни) од сите медиуми кои се обработуваат во МИЦЖС, Настани / Кампањи кои ги организира Министерството, Закони / Подзаконски акти од областа на животната средина, Вести-Дневни информации за квалитетот на воздухот, Соопштенија и др. Треба да се напомене дека на Web страната се наоѓаат и голем број на Web адреси на институциите кои се занимаваат со животната средина како во земјава така и во странство и тоа претставени како линкови до нивните Web страни.

Министерството покрај македонска верзија на сајтот има англиска и албанска верзија на Web страната.

– Проектиwww.uslugi.gov.mk  , www.exim.gov.mk   и ” Граѓански дневник ”

http://www.uslugi.gov.mk/ListaUslugi.aspx?OrganID=6ECE4E4D91DA40C28DA477E388066385

  • Администрирање на делот на услугите кои Министерството за животна средина и просторно планирање на порталот на Владата на РМ www.uslugi.gov.mk  ги наведува како услуги кои се достапни на сите правни и физички лица, граѓанските здруженија и други асоцијации
  • Редовно прегледување на содржините на порталот www.uslugi.gov.mk  за поставени прашања од страна на граѓани и здруженија
  • EXIM (Едношалтерски систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки и тарифни квоти) овозможува електронско поднесување на барањата за дозволи за увоз, извоз и транзит од страна на деловната заедница, како и електронско издавање на дозволите од страна на надлежните институции. Преку системот, подносителите можат да го следат статусот на процесирање на нивните барања, се до нивното конечно издавање.
  • Администрирање на порталот EXIM на делот кои се однесува на МЖСПП, овозможување континуиран и непречен пристап до системот, овозможување на VPN конекција до главниот сервер на  EXIM кој се наоѓа во ЦУРМ, инсталирање на дигитални сертификати како и техничка подршка за странките апликанти во EXIM и за операторите од МЖСПП.
  • Врз основа на член 49 став (1) и член 55 став (1) од Законот за организација и работа на органите на државната управа (“Службен весник на Република Македонија” бр.58/2000 и 44/2002), а во врска со Заклучоците на Владата на РМ, донесени на Дваесет и првата седница одржана на 05.12.2006 год. Министерот за животна средина и просторно планирање донесува” Граѓански дневник “на МЖСПП.
  • Целта на Граѓанскиот дневник е да придонесе кон подобрување на квалитетот на јавните услуги преку дефинирање на начинот и стандардите во давањето на услугите, вклучувајќи го видот на услугите, рокот како и системот на коментари, жалби и поплаки. Крајна цел на Граѓанскиот дневник е да се подобрат односите помеѓу администрацијата и граѓаните и да се обезбеди задоволство кај граѓаните со работата на Министерството за животна средина и просторно планирање.

– Развој на Националниот информациски систем за животна средина (НИСЖС) е континуиран процес кој ги опфаќа следните аспекти:

  • Имплементација на Стратегијата за управување со податоци за животната средина усвоена од Владата на РМ, која ги дефинира стратешките приоритети во развојот на НИСЖС од институционален, технички и технолошки аспект;
  • Спроведување на Високо приоритетниот акционен план изготвен во рамките на Проектот “Зајакнување на управувањето со животната средина”, во кој се дефинирани конкретните краткорочни и среднорочни чекори за развојот на НИСЖС.
  • Отпочнување со тендерскиот процес за развој на софтверска апликација како поддршка на тематската област Квалитет на воздух, врз основа на изготвената функциска и апликациска спецификација;

Усвојување на предложените измени на Член 40 од Законот за животна средина со кој сите субјекти кои поседуваат податоци за животната средина ќе се обврзат истите да ги доставуваат до МЖСПП, односно МИЦЖС, со што ќе се во единствен национален тек

– Администрирање на web сервисите на МЖСПП

  • Администирирање на портал за квалитет на воздухот http://аirqualty.moepp.gov.mk
  • Администирирање на портал за waste managament http://ewmis.moepp.gov.mk
  • Администирирање на портал за биодиверзитет nbis.moepp.gov.mk
  • Администирирање на портал за мали хидроцентрали http://shpp.moepp.gov.mk
  • Администирирање на портал за регистар на загадувачи http://ripz.moepp.gov.mk
  • Администирирање на портал за електронско издавање на дозволи за отпад http://wme.moepp.gov.mk
  • Администрирање на CIRCA (workgroup софтвер) инсталиран на EIONET серверот

         0301_Aktivnosti_V01         0301_Programa_V01        0301_Izvestai_V01         0301_Proekti_V01

Согласно законската регулатива центарот ги собира сите информации за состојбата со животната средина, од самомониторингот на разни институции и други извори како и од сопствениот мониторинг, и ги прави достапни на јавноста преку својот електронски информативен систем (преку WEB страната на МЖСПП), како и преку соодветни информативни материјали: брошури, извештаи и слично. МИЦЖС на тој начин обезбедува централна архива на податоци за сите медиуми во животната средина, а кои можат да ги користат сите заинтересирани кои работат на проблематиката за заштита на животната средина во Република Македонија.

Основна функција на МИЦЖС е да обезбедува релевантни и правилно обработени (систематизирани и стандардизирани), сеопфатни, прецизни, транспарентни и јавно достапни информации за состојбата, квалитетот и трендовите во сите сегменти на животната средина (вода, воздух, бучава, почва, отпад).

Како други позначајни функции на МИЦЖС можат да се напоменат:

  • Употреба и канализирање на податоци од други информативни центри  и статистички системи: географски, топографски, популациски, економски и др.;
  • Собирање податоци од разновидна природа, како поддршка за главната активност;
  • Собирање, систематизација, анализа, обработка и презентација на специфични информации за состојбата, квалитетот и трендовите во животната средина (видови, параметри за следење, извори, доставувачи, формати, методологии за проценка на квалитетот, опрема, хардвер, софтвер, бази на податоци, системска структура, безбедност и др.).
  • МИЦЖС е исто така одговорен за спроведувањето на ИТ стратегијата, обезбедувањето техничка поддршкаи одржување на системот.

Покрај тоа МИЦЖС е активно вклучен и во соработката со останатите ресорни органи на државната управа и другите партнери кои као една од своите цели ја имаат и заштитата на животната средина.