EXIM – Министерство за животна средина и просторно планирање

 


Во согласност со Уредбата за воспоставување и начинот на користење на информациониот едношалтерски систем за увоз, извоз и транзит на стоки (Службен весник на РМ бр. 134/08,13/11,138/13, 208/15) како и Упатството за поблиските податоци за издавање дозвола за стоките што се увезуваат/извезуваат под ознака Д4 бр. 02-6866/1 од 24.11.2016 год. Министерството за животна средина и просторно планирање го донесе Упатството за дигитално аплицирање на правните субјекти за издавање дозвола за стоките кои се увезуваат-извезуваат под ознака Д4 од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање бр.02-8454/1.

EXIM (Едношалтерски систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки и тарифни квоти) овозможува електронско поднесување на барањата за дозволи за увоз, извоз и транзит од страна на деловната заедница, како и електронско издавање на дозволите од страна на надлежните институции.

Електронско поднесување на барањата за дозволи во надлежност на Министерството за животна средина и просторно планирање се врши преку EXIM системот со избор на следниот линк www.exim.gov.mk. На истиот линк се објавуваат и потребните информации за условите и правила за регистрација на економските оператори во EXIM, каде можат да се најдат и прирачниците за негово користење.

Регулатива за примена на EXIM

 

Упатства

*Во случај на технички проблем или прекин во функционирањето на системот, обработката на податоците од барањата се врши со примена на документи во хартиена форма како алтернатива.

Упатсво за начин на плаќање на други надоместоци за одредени видови на стоки кои се увезуваат и извезуваат под ознака Д4 опфатени во EXIM

– Ова  упатство  се  однесува  само  на  давачките  дефинирани  како  други  надоместоци, согласно закон.

1. Правен основ  Закон за животна средина:  член 167 став 1 и 2, член 164 став 5 и 179 став 1,2,4,5 и 8 од  Законот  за  животна  средина  (“Службен  Весник  на  РМ”  бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10,51/11,123/12,93/13,187/13,42/14,44/15,129/15,192/15,39/16) и Упатство за начинот на евидентирање и распределување на јавните приходи (Службен Весник на РМ број 114/09, 153/09, 43/10, 185/11 и 186/14)

Уплатите  за  другите  надоместоци  се  извршуваат  после  подигнувањето  на  решението  за  плаќање  надоместок  исклучиво  на  соодветна  сметка  во  рамките  на трезорската  сметка  согласно член 167 став 1 и 2, член 164 став 5 и 179 став 1,2,4,5 и 8 од Законот за животна  средина (“Службен  Весник  на  РМ”  бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10,51/11,123/12,93/13,187/13,42/14,44/15,129/15,192/15,39/16) )  и  Упатство  за  начинот  на  евидентирање  и  распределување  на  јавните  приходи  (Службен Весник на РМ број 114/09;153/09;43/10;185/11 и 186/14).

2. Начин на пополнување на налогот за јавни приходи образецот ПП 50 при  плаќање на другите надоместоци

– По  подигнувањето  на  решението  за  плаќање  надоместок  донесено  од  Министерот  за  животна средина и просторно планирање, налогот за јавни приходи образецот ПП 50  за  уплата на надоместоците се пополнува на следниот начин: Во рубриката: ‐ ПОВИКУВАЊЕ НА БРОЈ – ЗАДОЛЖУВАЊЕ: ЗАДОЛЖИТЕЛНО  се  пополнува  единствениот референтен  број  под  кој  се  регистрира барањето во едношалтерскиот систем EXIM, кој се добива автоматски од системот. Во рубриката: ‐ ЦЕЛ НА ДОЗНАКА: ЗАДОЛЖИТЕЛНО се пополнува ”За уплата по решение за плаќање надоместок за увоз бр. (број на решението)”. Во рубриката: ‐ ИЗНОС  ЗАДОЛЖИТЕЛНО  се  пополнува  вкупниот  износ  на  уплатата  по  основ  на  издавање  решение за плаќање надоместок. Примерок на начинот на поплнување на налогот за јавни приходи образецот ПП 50 при уплата по решение за плаќање надоместок за увоз

3. Начин на пополнување на другите податоци во налогот за јавни приходи  образецот ПП 50 ‐ НАЗИВ НА ПРИМАЧОТ:  ТРЕЗОР НА РМ  ‐ БАНКА НА ПРИМАЧОТ:  НАРОДНА БАНКА НА РМ  ‐ СМЕТКА:  единствена трезорска сметка 100000000063095 ‐ УПЛАТНА СМЕТКА:  840 XXX 06595 (xxx се внесува ознаката на општината согласно  списокот  објавен  со  Упатството  за  начинот  на  евидентирање, распоредување  и  поврат на јавните приходи) ‐ ПРИХОДНА ШИФРА:  718118

Уплатата нема да се процесира ако странката не достави доказ за извршената уплата оргинал од налогот за јавни приходи Образецот ПП 50 во МЖСПП.

Табела со дозволи и во надлежност на МЖСПП кои се издават преку EXIM

Министерство за животна средина и просторно планирање
Дозволи и параметри за дозволите кои се издаваат преку EXIM
РБ ШИФРА Име на дозвола Постапка Изноз на АТ во денари Дополнителни надоместоци ДА/НЕ Рок на одговор (во денови) Рок на важност (во денови) Забелешка
1 025 Дозвола за извоз на нова и употребувана техничка стока со разладни средста E 1050 НЕ 15 180
2 019 Дозвола за извоз на разни производи на хемиската индустрија и пероксоли на неоргански киселини и метали и сл. Е 1550 НЕ 15 180
3 038 Дозвола за извоз на опасни материи E 1550 НЕ 15 180
4 044 Дозвола за извоз на загрозени и заштитени диви раститенија, габи и животни и нивни делови Е 1050 НЕ 15 270
5 048 Дозвола за извоз на руди и минерали на молибден Е 1550 НЕ 15 180
6 019 Дозвола за увоз на разни производи на хемиската индустрија И 1550 ДА 15 180
7 020 Дозвола за увоз на употребувани гуми И 2050 ДА 15 180
8 025 Дозвола за увоз на нова техничка стока која содржи разладни средства И 1050 ДА 15 180
9 026 Дозвола за увоз на употребувана техничка стока И 1050 ДА 15 180
10 038 Дозвола за увоз на опасни отпадни материи(Базелска конвенција) И 1550 не 15 180
11 043 Дозвола за увоз на минерали на азбест И 1550 не 15 180
12 044 Дозвола за увоз на загрозени и заштитени диви раститенија, габи и животни и нивни делови И 1550 не 15 270
13 048 Дозвола за увоз на руди молибден и концентрати И 1550 не 15 180
14 N100 CITES Е-И 1550 не 15 180
15 048 Дозвола за увоз на руди молибден и концентрати И 1550 не 15 180
16 038 Дозвола за транзит на отпадни материи T 1550 не 15 180

Обрасци за подесување на барање за дозвола во хартиена форма

Постапката за издавање на дозволи за барањата поднесени во хартиена трае _____ дена во зависност од комплетноста на поднесената документација. Дозволата се издава во согласност со Законот за општа управна постапка (Службен весник на РМ број 38/05,110/08, 51/11), Одлуката за распоредување на стоките на форми за извоз и увоз (Службен весник на РМ број 42/2013), како и во согласност со Упатството за дигитално аплицирање на правните субјекти за издавање дозвола за стоките што се увезуваат-извезуваат под ознака Д4 од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање бр. 02-8454/1.
Согласно Законот за животната средина (“Службен Весник на РМ” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15,192/15, 39/16) е предвидено плаќање на надоместоци за увоз/извоз на одредени стоки. Надлежен орган за издавање на овие дозволи е Министерството за животна средина и просторно планирање – Одделение за управна постапка.

Надоместоци кон барањето за добивање увозни, извозни и транзитни дозволи:
Податоци за пополнување на уплатницата:
а) Цел на дознака: Административна такса за дозвола за увоз
б) Назив на примачот: Трезор на РМ
в) Банка на примачот: Народна банка на РМ
г) Сметка на примачот: 100000000063095
д) Сметка на буџетскиот корисник: 840 *** 034 13
ѓ) Приходна шифра 722 322 и начин 2
е) Износот на административната такса и износот на дополнителните трошоци за секоја дозвола е даден тука (кликни)
ж) Упатство за плаќање на дополнителни надоместоци

Корисничка подршка

Административна поддршка

Aлександар Јовановски
Е-mail: a.јovanovski@moepp.gov.mk
Фиксен: +389 (0)2 3251-551

Емилија Ќупева Неделкова – Oдделение за хемикалии, лиценца I019, E019, I025, E025
Е-mail: e.cupeva-nedelkova@moepp.gov.mk
тел.: 076/446-953

Енвер Хајредини – Oдделение за хемикалии, лиценца I019, E019, I025, E025
Е-mail: e.hajredini@moepp.gov.mk
тел.: 076/455-469

Илбер Шабани – Сектор за отпад,  лиценца I020, I026, I038, E038
Е-mail: i.shabani@moepp.gov.mk
тел.: 076/455-439

Даниела Ристова – Сектор за отпад,  лиценца I020, I026, I038, E038
Е-mail: d.ristova@moepp.gov.mk
тел.: 076/ 455-458

Даниела Камчева – Сектор за природа, лиценца I044, E044, N100 Cites
Е-mail: d.kamceva@moepp.gov.mk
тел.: 076/455-459

Африм Шаини – Одделение за управна постапка
Е-mail: a.shaini@moepp.gov.mk
тел.: 072/278-968

Техничка поддршка
Душко Јањиќ
Е-mail: d.janjik@moepp.gov.mk
Фиксен: +389 (0)2 3251-539

Главен контакт за поддршка на ЕХИМ во Царинска управа
Е-mail: exim@customs.gov.mk
Фиксен: +389 (0)2 3293-916

Пристап и регистрација во ЕХИМ системот на следниот линк:
www.exim.gov.mk