Сектор за одржлив развој и инвестиции

Секторот за одржлив развој и инвестиции е сектор во рамките на Министерството за животна средина и просторно планирање, надлежен за креирање и спроведување на политики за одржлив развој, животна средина и климатски промени, како и подготовка и спроведување на Програмата за инвестирање во животната средина и капитални инвестиции од областа животна средина. 

ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ

Одржливиот развој е развој што ги задоволува потребите на сегашните генерации без да ја загрози можноста идните генерации да ги задоволуваат своите потреби.  Одржливиот развој е развој кој е социјално одговорен и правичен, прифатлив за животната средина и кој се потпира врз основните постулати на граѓанското општество Претпоставува вградување на критериумите за заштита на природниот, социјалниот и културниот капитал во секоја политика. Тоа подразбира урамнотежување на економските, социјалните и целите на животната средина и нивно интегрирање секогаш кога е тоа  возможно, преку креирање на заемно поддржувачки политики и практики и со изнаоѓање компромиси  кога не е возможна интеграција на целите.

Во крајна линија, тоа значи систематичност при размислувањето   и стратешки пристап при планирањето. Тоа  значи  и однесување во кое се вградени фундаменталните критериуми на одржливиот развој, со што ќе се обезбедат одржливи резултати во сите човекови активности.

  • Усогласување на економијата со човековите потреби  и ограничувањата кои ги поставува животната средина. (Одржливиот развој е чувствителен во однос на човековите потреби во зависност од социјалниот статус, образованието, културата, полот. Во таа смисла, економскиот и социјалниот развој и заштитата на животната средина се меѓузависни и претставуваат компоненти на одржливиот развој. Демократијата, почитувањето на човековите права и фундаменталните слободи кои го опфаќаат правото на развој, транспаретното и одговорно управување со сите сектори на општеството, како и ефективното учество на граѓаните во јавниот живот, се исто така битен дел на неопходните основи на реализација на социјалниот и кон човекот насочениот развој).
  • Преземање на одговорноста за квалитетот на  сопствениот развој
  • Долгорочна визија и модел за праведен и напреден свет (Бидејќи, одржливиот развој не е прашање на избор. Тој е императив. Мора да направиме се што е во нашите можности, дури иако тоа би значело и одредени жртви во периодот на промени и транзиција. Мора да им оставиме на децата свет во  кој вреди да се живее, свет со чиста и здрава животна средина и правично општетство. Ова е наша должност која мора да ја  оствариме. Романо Проди)

 

ИНВЕСТИЦИИ

Усогласувањето со европската легистратива за животната средина во Република Македонија која воедно е и земја кандидат за членка во Европската Унија, е мошне интензивна, одвивајќи се низ процесот на комплетирање на националните закони, подзаконски акти и процедури Тежиштето на овие активности е поставено во Министерството за животна средина и просторно планирање, низ активното учество на релевантните национални носители на одлуки. Локалната самоуправа исто така е вклучена преку делегираните обврски од доменот на планирање и управување животната средина на локално ниво.

Во овој процес особено е важно постапното градење на институциите, преку обезбедување на  човечки и финансиски ресурси и други мерки кои се неопходни за транспонирањето на законодавството и исполнување на обврските што од тоа произлегуваат. Поддршката кон спроведувањето на мерки за инспектирање и санкционирање на несоодветно постапување, а кое е спротивно на усвоените апроксимирани закони, се рангира мошне високо. И покрај тоа, обемот на инвестициите во инфраструктурата, односно во така наречените “тврди” мерки е релативно скромен во изминатиот период.

Причина за ова се висината на потребните инвестициони вложувања, во услови кога приходите остварени од наплата од корисниците на услугите во повеќето случаи се недоволни дури и за покривање на тековните трошоци за одржување на инфраструктура, која што обезбедува ниски стандарди за животна средина. Проблем се јавува и при имплементацијата на  инвестициите во животната средина поради недоволниот капацитет на државните органи и локална самоуправа да ги поддржат соодветно критичние стадиуми од инвестициониот циклус: Планирање и поставување на приоритети, Подготовка на проекти и проектна документација, Обезбедување на финансиски средства и/или кофинансирање; Изградба на објектите/инфраструктурата и управување со објектите/инфраструктурата.

Македонија е исправена пред сериозен предизвик во поглед на правилно искористување на расположливите финансиски ресурси при усогласувањето со соодветните барања од доменот на животната средина. При тоа, институционалните, социјалните и културните бариери ќе мора да бидат препознаени и надминати, особено за секторите за кои се потребни интервенции на регионално ниво што вклучуваат интензивни капитални и оперативни трошоци.

 

КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ

Република Македонија, покрај Албанија,Србија и Црна Гора, влегува во групата државо кои не влагуваат во Анексот I во Рамковната Конвенција на ОН за климатски промени (т.н држава во развој), а од друга страна е држава со статус на земја кандидат за полноправно членство во ЕУ (каде сите држави-членки се во групата на т.н развиени држави). Тоа значи дека Република Македонија ги дели општите цели и принципи на Конвенцијата: придонес кон обезбедување стабилизација на концентрациите на стакленичките гасови во атмосферата на ниво кое би ги превенирале негативните антропогени влијанија врз климатскиот систем, како и принципите за еднаквост и поделена но диференцирана одговорност, прифаќање на барањата и условите на земјите во развој, принцип на претпазливост, како и принципот за промоција на одржливиот развој.

Обврска на државата е регуларно известување за активностите на национално ниво за намалување и ублажување на климатските промени, преку изработка и доставување на т.н Национални извештаи за климатски промени. Извештаите се изработуваат по усвоени насоки на Конвенцијата за држави во развој и содржат одредени задолжителни поглавја: инвентар на стакленички гасови, климатски сценарија, мерки за ублажување и прилагодување кон климатските промени, одредби за транфер на технологии поволни за животната средина, истражувања,едукација, обука и зајакнување на јавната свест за климатските промени.

Досега се изработени три Национални извештаи за климатски промени (2003, 2008, 2013), со финансиска поддршка на Глобалниот Фонд за животна средина, спроведуван преку Програмата за развој на ОН (УНДП). Изработката на Национални извештаи претставува и законска  обврска согласно Законот за животна средина.

Како држава=кандидат за полноправно членство во ЕУ, државата презема и низа подготвителни активности за идно олеснето спроведување на Европското законодавство во областа клима, кое е многу комплексно и опфаќа повеќе сектори.

ФУНКЦИИ НА СЕКТОРОТ

Секторот за одржлив развој и инвестиции има три примарни функции од кои првата е креирање национална политика за животна средина и одржлив развој преку квалитетна анализа на проблемите и можностите, утврдување приоритети и изготвување релевантни програми и стратегии согласно препораките и приоритетите утврдени на меѓународно ниво. Секторот воедно соработува и со останатите органи на државната управа и другите партнери во процесот на интегрирање на различните политики во насока на одржлив развој и спроведување стратешка оцена на влијанието врз животната средина. Секторот дава поддршка на други единици од Министерството со аналитички услуги и услуги на планирање политика. Тој исто така презема иницијатива во поглед на донесување на нови инструменти/механизми на политиката во областа. Во насока на обезбедување на инвестиции во животната средина кои се во релација со препораките на стратешките документи, секторот врши економски анализи и други методолошки анализи при дефинирање на проектите, како и самиот процес на програмирање. .
Секторот воспоставува и функција за национална соработка заради исполнување на високо приоритетните задачи за соработка со локалната самоуправа и другите министерства и владини институции. Овој сектор исто така е во можност да ги препознае специфичните потреби на единиците на локалната самоуправа и на другите институции и да помогне во приспособувањето на услугите на Министерството на нив.
Секторот ги координира активности за подготовка  на стратешки документи,  програми и проектни предлози од областа на животната средина. Исто така континуирано дава препораки и активно учествува во имплементација на истите, и ја насочува работата на проектните канцеларии за имплементирање на обврските од ратификуваните глобални меѓународни договори, како и меѓународни договори на ниво на ЕУ.

Втората примарна функција на секторот е утврдена врз основа на потребата за спроведување на инвестиции од областа на животната средина, особено за третман на отпадни води и управување со отпад, како и рехабилитација на индустриски жаришта. Во таа насока, секторот е активно вклучен во подготовка на инвестициони програми, со особен акцент на подготовка и имплементација на Програмата за инвестиции во животната средина согласно Законот за животна средина. Исто така секторот се грижи за развивање на проектните досиеја/техничка документација на инвестиционите проекти во текот на целиот животен цуклус на проектот, особено спроведувањето и мониторингот  на истите. Посебен акцент во работата на секторот се дава на реализација на подготовка и реализација на проектите кои се финансиски подржани од  донаторската заедница и предпристапната помош на Европската Унија.

Третата примарна функција на секторот е истражување и анализа на политики, документи и програми на локално, национално и меѓународно ниво од областа климатски промени, како и одготовка на плански документи од областа климатски промени. Спроведување на активности за планирање и подготовка на оперативни програми  – програмирање од областа климатски промени, како и спроведување на проекти од оваа област се активности кои редовно се спроведуваат..

Работата на Секторот за одржлив развој и инвестиции се реализира преку четири одделенија:

Одделение за
одржлив развој
Одделение за
подготовка на
проекти
Одделение за
инвестиции
Одделение за
климатски
промени

Основни функции на одделението за одржлив развој се креирање и следење на политики од областа животна средина и одржлив развој, како и :

  • вршење истражување и анализа на политики, документи и програми на национално и меѓународно ниво,
  • подготовка на документи и планови, како и подготовка на програми од областа на животна средина и природа.
  • спроведување активности за планирање и подготовка на оперативни програми  – програмирање.
  • изработка и доставување на извештаи за степен на спроведување на документи и програми
  • соработка и партнерство со сите заинтересирани субјекти во процесот на подготовка на документите и програмите (други министерства и органи на државна власт, приватен и научен сектор, НВО и други институции).
  • Вградување на препораки од меѓународни договори во процесот на изработка на документи и планови  и мониторинг и евалуација на спроведување на документи и планови врз основа на индикатори, како и за изработката и доставувањето на извештаи за степен на спроведување на истите.
  • евиденција на донесените документи.
  • подготовка на економски и финансиски анализи, такси и надоместоци (анализа на постојни и нови економски инструменти и можности за нивно воведување, како можни извори на финансиски средства на национално и локално ниво),
  • анализа на финансиските и економските последици од усогласувањето со директивите на ЕУ во процесот на пристапувањето кон ЕУ,
  • анализа на економската содржина на законски и подзаконските акти од областа на животната средина и анализа на финансиските и економските последици од процесот на имплементација на националната регулатива.
  • спроведување на  истражувања на пазарот за комерцијални активности поврзани со животната средина
  • следење на процесот за стратешка оценка на животната средина на планови,  програми и документи,
  • Учество во подготовка на документи и законски решенија за спроведување на постапката за стратешка оценка и воспсотавување на одржлив развој
  • следење и учество во изработка во процесот на подготовка на документи и програми за одржлив развој.
  • анализи на регулативата и постојните документи поврзани со стратешката оценка.

Основни функции на одделението за подготовка на проекти е подготовка и следење на целиот проектен циклис, однсоно:

  • подготовка на проктни апликации и проектни низи,
  • идентификација и подготовка на проектни досиеја  со изработка на проектни задачи (ТоРс) за проект,  согласно стратешките приоритети и програмата за  работа на министерството
  • идентификација и подготовка на проектни досиеја  врз основа на донаторски програми и други извори на финансиски средства,
  • формирање и редовно ажурирање на база на податоци за проектни предлози и проектни низи.
  • подготовка на економски анализи за оправданост на проекти
  • подготовка на  финансиски анализи за оправданост на проекти
  • анализа на екстерните трошоци за заштита на животната средин во насока на имплементацијата на принципот „загадувачот плаќа“ и за интегрирање на економските, фискалните политики и политиките за заштита на животната средина,
  • анализи за ефективност и ефикасност на новите решенија за заштита на животната средина и сл.
  • Развивање и редовно надградување на индикатори од областа на животната средина
  • Развивање на индикатори за мониторинг на програми и проекти
  • мониторинг на процесот на спроведување на проекти од областа на животната средина врз основа на утврдени индикатори;
  • изработка на ЛЕАП-и и ЛА21;
  • подготовка и следење на програми, планови  и проекти на локално ниво.

Основни функции на одделението за инвестиции е спроведување на Програмата за инвестирање во животната средина и подготовка и спроведување на капитални инвестициони проекти, односно:

  • подготовка на тендерска документација за инвестициите од технички аспект, согласно националната регулатива и барањата на инвеститорот (во случај на донација).
  • подготовка на сите документи кои треба да ги содржи тендерското досие во соработка со останатите вработени во министерството, како и за содржината на истите.
  • правилно спроведување на тендерската постапка, согласно национални законски прописи и барањата на донаторот, во случај на финансирање на проект од донаторската заедница.
  • правилна примена на правните прописи
  • изготвување на  договори за реализација на инвестициите
  • реализација на договорите за реализација на инвестиции од правен аспект
  • учествува во постапки предвидени со прописи за реализација на инвестиционите проекти.
  • правилно спроведување на тендерската постапка, согласно законските прописи.
  • правна заштита на секторот во формирањето на документацијата, во припрема на договори  и нивна реализација.
  • спроведување на инвестиции за заштита на водите и управувањето со отпад, заштита на природата и биодиверзитетот, заштита на почвата, заштита на воздухот, енергетската ефикасност и алтернативни извори на енергија, како и економско/финансиско управување на проектите;
  • изработка на идејното решение на инвестициони проекти и ја следи реализацијата на инвестициите.
  • контакти со институции за поквалитетно извршување на обврските;
  • средби со претставници на единиците за локална самоуправа за реализирање на инвестициони проекти од областа на животната средина,
  • редовно контактира и врши надзор на изведувачите на работите согласно потпишаните договори за извршување на работите.

Основни функции на одделението за климатски промени е креирање на политики и спроведување на проекти од областа климатски промени преку:

  • Истражување и анализа на политики, документи и програми на локално, национално и меѓународно ниво од областа климатски промени
  • Подготовката на плански документи од областа климатски промени.
  • Спроведување активности за планирање и подготовка на оперативни програми  – програмирање од областа климатски промени.
  • Активна соработка и партнерство со сите заинтересирани субјекти во процесот на подготовка на документите и програмите (други министерства и органи на државна власт, приватен и научен сектор, НВО и други институции, локални, регионални и меѓународни тела).
  • Вградување на препораки од меѓународни договори во процесот на изработка на плански документи и оперативни програми  и мониторинг и евалуација врз основа на индикатори, како и за изработката и доставувањето на извештаи за степен на спроведување на истите.
Активности
Годишна програма за
работа на СОРИ
Проекти
Програма за инвестирање
во животната средина
Име на проектот Проектирање и изградба на пречистителна станица во Волково, општина Ѓорче  Петров
Опис на проектот Проектирање и изградба на пречистителна станица за отпадни води во населено место Волково – општина Ѓорче Петров
Одговорен за проектот Коста Трајковски, раководител на Одделение за подготовка на проекти
Времетраење 05.2009-12.2015
Правен документ Договор за проектирање и изведување на градежни работи na пречистителна станица во н.м.Волково, општина Ѓорче Петровсклучен помеѓуМинистерството за животна средина и просторно планирањеиРИКО дооодЉубљана, Република Словенијазаверен под број 02-4176/1 на 12.05.2014 година
Финансиска конструкција на проектот Вредноста на проектот изнесува 5.841.000 ЕВРА, од кои 1.500.000,00 евра се донација од ЦМСР од Република Словенија, 4,341 милиони евра кофинансирање од МЖСПП, Град Скопје, ЈП Водовод Скопје и општина Ѓорче Петров
Вклучени други институции Град Скопје, Општина Ѓорче Петров, ЈП Водовод , Скопје
Име на проектот Изградба на пречистителни станици во општина Сарај за населените места Глумово и Шишево
Опис на проектот Изградба на пречистителни станици во општина Сарај за населените места Глумово и Шишево
Одговорен за проектот Коста Трајковски,  раководител на Одделение за подготовка на проекти
Времетраење 11.2010-06.2015
Правен документ Договор помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање  и ,,АК ИНВЕСТ,, од Тетово склучен на 22.11.2010 година
Финансиска конструкција на проектот 44.323.679,00 денари, Буџет на РМ
Вклучени други институции Општина Сарај
Име на проектот Проект за изградба на пречистителна станицаза отпадни води во Гевгелија
Опис на проектот Проектот опфаќа продолжување (изградба) на постоечкиот колектор до пречистителната станица за отпадни води во Гевгелија (ПСОВ), изградба на Пречистителна станица за отпадни води во Гевгелија (ПСОВ) за 32.000 еквивалент жители и институционално јакнење на ЈКПД Комуналец кое ќе управува со пречистителна станица за отпадни води во Гевгелија.

Проектот се спроведува преку три ЛОТа:

– ЛОТ 1 кој се финансира од Швајцарската влада, проектирање и изградба на пречистителна станица,  тендерот е завршен од страна на SECО во првата половина на 2014 год , со избор на изведувач FELA, Швајцарија. Во тек е подготовка на главен проект.

– ЛОТ 2 се финансира од Грчка Влада, изградба на систем за мил, тендерот е завршен во првата половина на 2014 година, избран е изведувач J/V MESOGEOS S.A-DIALETI EPE, Грција, во тек е подготовка на проектна документација

– ЛОТ 3 кој се финансира од Буџетот на РМ за изградба на мост и пристапен пат до пречистителна станица, како и систем за заштита од поплави

Одговорен за проектот Каја Шукова, раководител на Сектор за одржлив развој и инвестиции
Времетраење
  1. 2010-12.2016 година
Правен документ На 26.10.2010 год е потпишан трилатерален договор за обезбедување на финансиски средства за проектот помеѓу Република Македонија, Швајцарската Конфедерација и Република Грција
Финансиска конструкција на проектот Вкупната вредност на овој проект изнесува 9.603.000,00 евра. Средства се обезбедени со донација од Република Грција во износ од 1.843.000,00 евра, од Швајцарската конфедерација преку SECO се обезбедени 6.790.000,00 евра, 500.000,00 евра МЖСПП, 420.000,00 евра општина Гевгелија и 50.000,00 евра МТВ.
Вклучени други институции Општина Гевгелија, ЈКПД Комуналец Гевгелија
Име на проектот Третман на отпадни води во Кочани
Опис на проектот Инвестиции во инфраструктура:

• Изградба на пречистителна станица за отпадни води во Кочани.

• Изградба на главен колектор од градот до локацијата предвидена за пречистителна станица за отпадни води во Кочани.

• Набавка на опрема за работа и одржување на канализационата мрежа.

• Технички консултантски услуги во текот на спроведувањето на проектот.

Институционална поддршка и дијалог на политики

• Корпоративни мерки за развој на Јавното комунално претпријатие “Водовод”, Кочани

  • Дијалог на политики на национално ниво
Одговорен за проектот Кирил Калкашлиев, советник во Одделение за инвестиции
Времетраење 07.2014 -12.2018
Правен документ Билатерален договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Швајцарската Конфедерација за доделување на финансиска помош за проектот „Третман на отпадни води во Кочани, потпишан на 23.07.2014 година
Финансиска конструкција на проектот Вкупно 23.069.000,00 CHF

 

20.985.000,00 CHF SECO, Швајцарска влада,  1.785.000,00 CHF МЖСПП-Буџет на РМ и 299.000,00 CHF општина Кочани и Јавното комунално претпријатие “Водовод”, Кочани

Вклучени други институции Општина Кочани и Јавното комунално претпријатие “Водовод”, Кочани
Име на проектот Изработка на секторска  стратегија за животна средина и климатски промени 2014-2020
Опис на проектот Изработка на  плански документ кој ќе ги дефинира целите и мерките за животна средина и климатски промени во периодот 2014-2020 година
Одговорен за проектот Каја Шукова, раководител на Сектор за одржлив развој и инвестиции
Времетраење 2014 година
Правен документ Договор е потпишан со CFCD во 2014 година
Финансиска конструкција на проектот 120.000 евра
Вклучени други институции /
Име на Проектот Зајакнување на капацитетите за спроведување на Европската шема за трговија со емисии во РМ
Вкупна вредност на проект 1.490 000,00 NOK (2012)

1.480 000,00 NOK (2013)

1,500,000,00 NOK (2014)

Вредност на донацијата 1.490 000,00 NOK (2012)

1.480 000,00 NOK (2013)

1,500,000,00 NOK (2014)

Вредност на домашно кофинансирање In kind
Име на Донаторот Кралство Норвешка
Имплементациона институција МЖСПП
Времетраење на проектот Декември 2012-декември 2014
Кус опис на проектот Целта на проектот е да се зајакнат капацитетите на  национално ниво за воведување на оваа шема која е обврска на државата согласно директивата за трговија со емисии и директивата за МРВ. Ваква активност е препорачана и во извештајот за напредокот на државата од ЕУ. Спроведувањето на овој проект е всушност, спроведување нa прво-препорачаната активност од Патоказот за  воведување системи за следење, известување и верификација на стакленичките гасови согласно системот на ЕУ за трговија со емисии на стакленички гасови.
Одговорно лице на проектот Теодора О. Грнчаровска, Наташа Сердаревиќ, проектен менаџер
Улога на МЖСПП корисник
Правен документ Потпишано писмо за грант,  бр. МАК-12/0013, 23.04.2012
Име на Проектот Прв ревидиран извештај
Вкупна вредност на проект 427.461 УСД
Вредност на донацијата 321.461 УСД
Вредност на домашно кофинансирање In kind
Име на Донаторот ГЕФ, имплементатор УНДП
Имплементациона институција МЖСПП
Времетраење на проектот Декември 2013-декември 2014
Кус опис на проектот Главната цел на Проектот е да даде поддршка за земјата да ги развие и консолидира постоечките технички и институционални капацитети со цел да ги исполни своите обврски за известување на утврден начин  (МРВ) и да и помогне на земјата во подготовката на Првиот двогодиен ревидиран извештај за климатски промени
Одговорно лице на проектот Теодора О. Грнчаровска/Павлина Здравева, проектен менаџер
Улога на МЖСПП корисник
Правен документ Потпишано писмо за грант,  бр____________
Име на Проектот Ниско-јаглеродна југо-источна Европа
Вкупна вредност на проектот: 1,5 мил еур
Име на Донаторот Програма за југо-источна европа на ЕУ
Имплементациона институција Европска Академија во Болцано, EURAC research,  Болцано, Италија, водечки партнер
Земји учесници: Албанија, Австрија, Хрватска, Унгарија, Македонија, Црна гора, Србија, Словенија
Времетраење на проектот Декември 2012-декември 2014
Кус опис на проектот Главната цел на Проектот е да ги зајакне капацитетите и знаењата на јавните и другите институции за климатските промени и ниско-јаглероднииот развој. Ќе се произведат насоки за креирање политики кои ќе овозможат подобра интеграција на регионот на југо-источна Европа.
Одговорно лице на проектот Теодора О. Грнчаровска
Улога на МЖСПП корисник
Правен документ Потпишано писмо за грант
Име на Проектот Забрзување на пазарната трансформација за индустриската енергетска ефикасност во најдобро достапните практики и технологии (Catalyzing market transformation for industrial energy efficiency and accelerate investments in best available practices and technologies)
Вкупна вредност на проект 5.6 мил  УСД
Вредност на донацијата 1.4 милУСД (остатокот е кофинансирање од други проекти)
Вредност на домашно кофинансирање In kind
Име на Донаторот ГЕФ, имплементатор УНИДО
Имплементациона институција МЖСПП
Времетраење на проектот 42 месеци
Кус опис на проектот Главната цел на Проектот е да даде поддршка на земјата да ја унапреди трансформацијата на компаниите кон давање услуги  и добра со помала употреба на енергија (подобрена енергетска ефикасност), со што би се добиле поконкурентни производи за пазарот.
Одговорно лице на проектот РЕЦ
Улога на МЖСПП корисник
Правен документ Потпишано писмо за грант
Име на Проектот Зајакнување на капацитетите и техничка помош за намалување на GHG емисии во РМ
Вкупна вредност на проект 99.000 евра
Вредност на донацијата 99.000 евра
Вредност на домашно кофинансирање In kind
Име на Донаторот Германска влада
Имплементациона институција  ГИС
Времетраење на проектот 8 месеци
Кус опис на проектот Главната цел на Проектот е да помогне на државата во детерминирање на своите контрибуции за намалување на емисии на стакленички гасови во пресрет на самитот во Париз за клима во декември 2015 година
Одговорно лице на проектот Теодора О.Грнчаровска
Улога на МЖСПП корисник
Правен документ Писмо за известување