Комисија за Управување со светско природно и културно наследство во Охридски регион

МЖСПП во наредните три години претседава со Комисијата за Управување со светското природно и културно наследство во Охридски регион

(22 мај 2024 година) Денес во Министерство за животна средина и просторно планирањ се одржа првиот конститутивен состанок на новата Комисија за Управување со светско природно и културно наследство во Охридски регион, која е формирана со одлука на Влада од 01.04.2024г. и со која во наредните три години ќе претседава Министерството за животна средина и просторно планирање.konstitutivna sednica komisija UNESCO

„Министерството за животна средина и просторно планирање, од почетокот на своето постоење, има важна улога на заштитник на исклучителната универзална вредност на Охридскиот регион и зачувување на интегритетот на најстарото и најбогато со биолошка разновидност езеро во Европа. Министерството во континуитет имплементира конкретни активности во делот на заштита на природата што е, исто така, важно како и заштитата на културното наследство“, изјави министерката Шукова упатувајќи им честитки за именувањето на членовите на новоформираната Комисијата и желби за успех во претстојната работа.konstitutivna sednica komisija UNESCO_1

Министерката за култура и претседателка на Националната комисија на УНЕСКО, Бисера Костадиновска-Стојчевска, изрази уверување дека новоименуваните членови со своето учество и подговетност ќе обезбедат континуитет во работата на Комисијата, и ќе дадат нов придонес во подигнувањето на стручните стандарди во заштитата на светското наследство на Охридскиот Регион и на неговата исклучителна универзална вредност.konstitutivna sednica komisija UNESCO_2

Таа се заблагодари на досегашните членови на Комисијата подвлекувајќи ги важните акти кои се донесени и процесите кои се започнати од нивна страна во изминативе седум години како што се: Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион (2020) и Стратегискиот план за рехабилитација на светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион (2023 – 2030), Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење во кој се предвидува дека до донесувањето на новите детални урбанистички планови усогласени со режимот на заштита утврден во Законот, во Старото градско јадро на Охрид не може да се градат нови објекти, доградби и надградби.konstitutivna sednica komisija UNESCO_3

Со конституирањето на Комисијата за Управување со светско природно и културно наследство во Охридски регион и усвојувањето на деловникот за работа се очекува во најскоро време да се започне со постапување по прашања и предмети кои се во надлежност на Комисијата.konstitutivna sednica komisija UNESCO_4

Соопштение 21.05.2024 год. - одлука на Влада, Службен весник број 43/2024

Со одлука на Влада ” Службен весник број 43/2024″ формрана е нова Комисија за Управување со светско природно и култyрно наследство во Охридски регион со која од 1ви април 2024 год. Министерство за животна средина и просторно планирање е назначено за претседавач на истата. Претседател на комисијата е претсавник од МЖСПП, г-ѓа Јасмина Петковска.

Првиот конститутивен состанок на Комисија за Управување со светско природно и културно наследство во Охридски регион, ќе се оджри во Министерство за животна средина и просторно планирање, на 22 мај 2024 година (среда) со почеток во 09:00 часот на која ќе се разгледува деловникот за работа.

На состанокот свое обраќање ќе има министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Покана и Агенда

Решение за именување на претседател, заменик претседател и членови на Комисијата за управување со Светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион

Закон за управување со Светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион

План за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион со Акциски план (2020-2029)