MK – НИ 101

СОГОРЕН МЕДИЦИНСКИ ОТПАД strelki
Дефиниција

Индикаторот ја прикажува количина на согоренмедицински отпад. Со овој индикатор се следи остварувањето на стратешките целите и тоа избегнување и во најголема можна мера, намалување на количеството на создаден опасен отпад, спречување на негативните влијанија на отпадот врз животната средина, животот и здравјето на луѓето, како и висок степен на заштита на животната средина, животот и здравјето на луѓето.

Единици
  • kg (килограми на година)
Клучно прашање

Каква е состојбата со согорениот медицински отпад ?

Клучна порака

Во периодот од 2000 година до 2021 година покажува тренд на постепено зголемување за 10 пати на количината на согорен медицински отпад, која количина во 2021 година изнесува 1.153.770kg, споредбено со 2000 година, каде количината на согорениот медицински отпад изнесувала 114.900 kg. Од ова може да се заклучи дека се зголемил и бројот на создавачите и собирачите на медицински отпад, кои склучиле договор со Дрисла-Скопје Доо.

Графикон 1. Вкупна количина на согорен медицински отпадCSI 101 Otpad2022 MK

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци:  *Податоците од 2011 до 2018 година се корегирани и рекалкулирани од страна на депонијата Дрисла,

Дрисла-Скопје Доо, https://drisla.mk/

Оценка

Согласно податоците количината на согорен медицински отпад за 2021 година изнесува 1.153.770kg, споредбено со 2000 година, каде количината на согорен медицински отпад изнесувала 114.900 kg, покажува тренд на зголемување за 10 пати.

Зголемената количина на согорен медицински отпад е резултат на сe поголемо вклучување на создавачите на медицински отпад во процесот на соодветно селектирање на истиот и не го мешаат со комуналниот отпад. Соодветно на тоа не се прави неконтролиран притисок врз животната средина. Во 2021 година во однос на 2020 година зголемена е количината на согорен медицински отпад за 7%.

Напомена: Податоците од 2011 до 2018 година се корегирани и рекалкулирани од страна на   депонијата Дрисла

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Индикаторот се изработува врз база на информациите и податоците кои се добиваат од Дрисла-Доо Скопје.

Цели

Отстранување на отпадот, на начин што е прифатлив за животната средина и висок степен на заштита на животната средина, животот и здравјето на луѓето.

Обврска за известување
  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средина
Општи мета-податоци
Тема Отпад Поврзаност со други теми/сектори Воздух, Климатски промени, Здравство
Код на индикаторот МК НИ 101 Временска покриеност 2000-2021
Име на индикаторот Согорен медицински отпад Извор на податоци Дрисла-Скопје Доо
Класификација по ДПСИР П Датум на последна верзија 16.08.2022
Тип Б Подготвено/ ажурирано од: Арминда Рушити
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта: a.rushiti@moepp.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 101 Согорен медицински отпад EEA – Европска агенција за животна средина нема еквивалент
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа нема еквивалент
Каталог на индикатори за животна средина нема еквивалент
SDG – Цели за одржлив развој 12, Sustainable consumtion and production
GGI – Индикатори за зелен раст не
Кружна економија не
Последна измена:  понеделник ноември 21st, 2022