МК – НИ 079

ФИНАЛНА (КРАЈНА) ПОТРОШУВАЧКА НА ЕНЕРГИЈА ВО ДОМАЌИНСТВАТА ПО ГЛАВА НА ЖИТЕЛ strelki d
Дефиниција

Финалната (крајна) потрошувачка на енергија во домаќинствата по глава на жител претставува колку електрична енергија и топлина секој граѓанин троши дома, исклучувајќи ја енергијата што се користи за транспорт. Бидејќи индикаторот се однесува на финална потрошувачка на енергија, се смета само енергијата што ја користат крајните потрошувачи. Поврзаната потрошувачка од самиот енергетски сектор е исклучена.

Единици
  • килограми еквивалент на нафта (kgoe)
Клучно прашање

Дали финалната (крајната) потрошувачка на енергија во домаќинствата по глава на жител се намалува?

Клучна порака

Политиките во секторот енергија треба да фаворизираат мерки за намалување на финалната (крајната) потрошувачка на енергија во домаќинствата по глава на жител преку рационално и ефикасно користење на енергијата од страна на домаќинствата, обезбедување универзален пристап до современи енергетски услуги како и подобрување на енергетската ефикасност. Домаќинствата имаат околу една четвртина од финалната потрошувачка на енергија. Дома, луѓето користат електрична енергија и горива особено за греење, ладење, топла вода, осветлување и уреди. Така, мерењето на потрошувачката на енергија на секој граѓанин дома е релевантно за проценка на напредокот кон остварување на целите за одржлив развој преку обезбедување достапна и чиста енергија.

Во 2000 година финалната (крајната) потрошувачка на енергија во домаќинствата по глава на жител изнесуваше 237 kgoe (индекс 100), додека во 2020 година таа е 248 kgoe (индекс 104,6) што претставува зголемувањена вредноста на овој индикатор за 4,6 % во однос на 2000 година.

График 1. Финална (крајна) потрошувачка на енергија во домаќинствата по глава на жител, изразена во kgoe за период 2000-2020 годинаCSI_079_Energija2022_g1

 

График 2. Финална (крајна) потрошувачка на енергија во домаќинствата по глава на жител, изразена во индексни поени (индекс 100 во 2000 година) за период 2000-2020 годинаCSI_079_Energija2022_g2

 

 

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Државен завод за статистика, http://www.stat.gov.mk

Оценка

Трендот на финалната (крајната) потрошувачка на енергија во домаќинствата по глава на жител во периодот 2000-2020 година може да се подели, генерално, на три дела и тоа: 2000-2005 кога трендот е главно растечки, 2005-2012 кога може да се каже дека, општо, трендот е постојан (со мали отстапувања, зголемувања и намалувања) и периодот 2013-2020 година кога трендот, исто така, генерално е постојан но со помала апсолутна вредност во споредба со периодот 2005-2012. Значаен пад се забележува во 2013 година во споредба со 2012 година од 114,3 на 105,9 индекси поени. Генерално, од 2013 година, заради намалување на потрошувачката на фосилни горива од страна на домаќинствата, се очекува намалување на финалната (крајната) потрошувачка на енергија од нивна страна по глава на жител.

Во 2000 година финалната (крајната) потрошувачка на енергија во домаќинствата по глава на жител изнесуваше 237 kgoe (индекс 100), додека во 2020 година таа е 248 kgoe (индекс 104,6) што претставува зголемување на вредноста на овој индикатор за 4,6%. Во 2020 година во споредба со 2019 година вредноста на овој индикатор е зголемен за иста вредност од 4,6%.

Кај овој индикатор, влијание колкава ќе биде вредноста на годишната финална (крајна) потрошувачка на енергија кај домаќинствата по глава на жител имаат неколку фактори и тоа: во зимскиот период тоа е потрошувачката на дрва, електрична енергија или топлинска енергија за греење во зависност од температурата, потрошувачката на ел. енергија за ладење во лето исто така во зависност од температурата, потрошувачката на енергија од соларни панели во зависност од потрошувачката на вода од страна на домаќинствата, потрошувачката на ел. енергија за различни домашни потреби како и степенот на енергетска ефикасност на објектите за домување.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Статистичка методологија за пресметка:

  • Регулативата за енергетски статистики на Европскиот парламент и советот (Регулатива бр.1099/2008).
  • „Energy Statistics Methodology Eurostat F4, 1998″
  • Национална класификација на дејности НКД Рев.2 (”Службен весник на Република Македонија” бр. 147/2008)”
Цели

Намалување на финалната (крајна) потрошувачка на енергија во домаќинствата по глава на жител.

Обврска за известување
  • Eurostat, ECE/UN и IEA/OECD.
Општи мета-податоци
Тема Енергија Поврзаност со други теми/сектори Воздух, Климатски промени, Води, Почва и користење на земјиште, Природа, Земјоделство, Шумарство, Отпад, Домаќинства, Транспорт, Здравство, Туризам, Економија на животната средина ресурси, Индустрија
Код на индикаторот MK НИ 079 Временска покриеност 2000-2020
Име на индикаторот Финална (крајна) потрошувачка на енергија во домаќинствата по глава на жител Извор на податоци Државен завод за статистикa,

ЕUROSTAT

Класификација по ДПСИР Д Датум на последна верзија 05.09.2022 година
Тип А Подготвено/ажурирано од: Павле Малков
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта: p.malkov@moepp.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 079 Финална (крајна) потрошувачка на енергија во домаќинствата по глава на жител EEA – Европска агенција за животна средина нема еквивалент
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа нема еквивалент
Каталог на индикатори за животна средина нема еквивалент
SDG – Цели за одржлив развој 7 – Eurostat_sdg_07_20 Final energy consumption in households per capita
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија да
Последна измена:  четврток ноември 10th, 2022