MK – НИ 062

ЕМИСИЈА НА ТЕШКО РАЗГРАДЛИВИ ОРГАНСКИ ЗАГАДУВАЧКИ СУПСТАНЦИ – Хексахлоробензен (HCB) smajli 1 strelki
Дефиниција

Овој индикатор ги следи трендовите на хексахлоробензен (HCB).

Единици
  • kg/година (килограми на година)
Клучно прашање за политиката

Каков прогрес е направен во редукција на вкупните емисии на хексахлоробензен во Република Северна Македонија?

Клучна порака

Во 1990 година вкупните национални емисии на HCB изнесуваат 44.3kg. Во 2020 година емисиите изнесуваат 0.15kg и се намалени за 99% споредено со 1990 година што претставува извонреден напредок во намалувањето на вкупните емисии на HCB.

Специфично прашање за политиката

Кои различни сектори и процеси имаат учество во емисиите на HCB ?

Главен извор на емисии на HCB во 2020 година за првпат е категоријата Отпад со удел од 69%. Во претходните години клучен извор беше индустријата, но заради тоа што инсталацијата за производство на алуминиум од која произлегуваат емисиите на HCBе во стечај од 2021 година и поради недостапност на податоци за 2020 година, клучен извор на емисија на оваа загадувачка супстанца е категоријата Отпад.

Оценка

Вкупните национални емисии на HCB во 1990 година изнесуваа 44.3 kg. Во 2020 година вкупните емисии се драстично намалени на 0.15 kg и во однос на 1990 година се намалени за 99.5%. Во однос на 2019 година вкупните емисии се намалени за 96.5% заради немање емисии од категоријата индустрија која до 2019 година беше убедливо најголемиот извор на емисија на оваа загадувачка супстанција (96.7% во 2019 година).

Пикот на емисиите во 1999 и 2002 година се должи на зголемено секундарно производство на алуминиум. Значителното намалување на емисиите помеѓу 2003 и 2004 година е исто така предизвикано затварање на инсталација за производство на алуминиум. Од тогаш па натаму, нивото на емисија останува прилично пониско, но сепак со благи флуктуации кои зависат од производството на алуминиум. Најважните намалувања може да се забележат во секторот 2 Индустриски процеси (производство на алуминиум). Поради немање емисии на оваа загадувачка супстанца од производство на алуминиум (главна подкатегорија од која потекнуваат емисиите на HCB), емисиите се значително пониски во 2020 година кога изнесувале 0.15 kg во споредба со 2019 година кога изнесувале 4.4 kg. Ова може да се забележи на следниот графикон.

Графикон 1. Тренд на вкупни емисии на HCB во периодот 1990-2020 годинаCSI 062 PCBs 2022_MK_g1

 

Оценката на уделите на различните сектори во 2020 година е направена преку пресметка на емисиите по NFR категории. Уделот на клучниот сектор 2 Индустриja (производство) во вкупните емисии на HCB за 2020 година може да се увиди и од приказот на Графикон 2.

Графикон 2: Удел во вкупните национални емисии на HCB по NFR категории во 2020 годинаCSI 062 PCBs 2022_MK_g2

 

Најголем удел во вкупните годишни емисии на HCB, историски гледано во целиот период 1990-2019 година, има NFR категоријата 2 Индустриски процеси, и тоа убедливо со најголемо учество со подкатегориите Производство на алуминиум, а со далеку помал удел и подкатегоријата Производство на железо и челик. Во 2020 година клучен извор е подкатегоријата Отпад и оваа година има различен удел на емисиите споредбено со претходниот период, со напомена дека во 2020 година емисиите на HCB, по апсолутна вредност,се сведени на минимум.

На следниот графикон е прикажан тренд на емисии на HCB во периодот 1990-2020 година по NFR категории.

Графикон 3. Eмисии на HCB по NFR категории на годишно нивоCSI 062 PCBs 2022_MK_g3

 

 

Опфат на податоци: excel_1, excel_2

Извор на податоци: Министерство за животна средина и просторно планирање

Користените податоци се вкупните национални емисии и емисиите категоризирани по NFR категории кои ЕЕА земјите членки и земјите соработнички ги доставуваат до ЕЕА и Секретаријатот на Обеденитетите нации. Податоците се достапни по земја на следната веб страна:.

Во однос на исполнување на барањата од зацртаните цели согласно националните и меѓународните документи може да се заклучи следното:

Во однос на Протоколот кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 година за контрола на испуштањето перзистентни органски загадувачи, според кој емисиите во годината n-2 (каде n e тековната година) треба да не ги надминуваат емисиите во базната година (која за нашата земја е 1990 година), нашата земја е во согласност со овој протокол во однос на пресметаните емисии на хексахлоробензен (HCB) за 2020 година.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Методологијата на пресметка на овој индикатор се базира на пресметани национални емисии и емисии по NFR категории на оваа загадувачка супстанца кои се репортирани до ЕЕА (Европска агенција за животна средина) и UNECE/EMEP (Економската програма на Обединетите нации за Европа/ Кооперативната програма за мониторинг и евалуација за прекуграничен пренос на аерозагадување кон Конвенција за прекуграничен пренос на аерозагадувањето) во февруари 2022 година. Податоците користени во овој извештај се во согласност со испратените податоци до меѓународни организации.

Пресметките се во согласност со Упатствата на ЕМЕП/ЕЕА за инвентаризација на емисии во воздухот од 2009, 2013, 2016 и 2019 година. Во упатствата се дадени емисиони фактори кои се користени во пресметките со исклучок на енергетскиот сектор каде пресметките се направени со користење на национални специфични фактори за основните загадувачки супстанци.

  • Извор за користената методологија

Методологијата која се користеше при пресметка и приказ на овој индикатор е дадена во EMEP/EEA Упатствата за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух од 2009, 2013, 2016 и 2019 година кои можат да се најдат на следните линкови (http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2009, http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2013, http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2016 и https://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2019).

Цели

Во согласност со барањата од националните и меѓународните документи во однос на емисијата на хексахлоробензен (HCB) зацртани се следните цели:

  1. Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на загадување на воздухот
  • воведена е инвентаризација по EMEP/EEA Упатството за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух, која како цел има редовна инвентаризација на HCB, во килограми на година, за период 1990 – (n-2), каде n е тековната година.
  1. Протокол кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот за перзистентни органски загадувачи
  • националните вкупни емисии на HCB во (n-2) година (n е тековната година) не треба да ги надминуваат вкупните емисии пресметани за 1990 година (која е земена како базна година)
Обврска за известување
  • Обврските за известување кон меѓународни договори-Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на аерозагадувањето (CLRTAP), како и Европската агенција за животна средина (ЕЕА)
  • Годишен извештај од обработени податоци за емисии во воздухот
  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средина
Општи мета-податоци
Тема Воздух Поврзаност со други теми/сектори Климатски промени, Домаќинства, Отпад, Енергија,Транспорт, Здравство,Индустрија
Код на индикаторот MK НИ 062 – 4 Временска покриеност 1990-2020
Име на индикаторот Емисии на тешко разградливи органски загадувачки супстанци – Хексахлоробензен (HCB) Извор на податоци Министерство за животна средина и просторно планирање, Инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздухот за период 1990-2018
Класификација по ДПСИР П Датум на последна верзија 17.06.2022
Тип Б Подготвено/ ажурирано од: Александра Н.Крстеска
Павле Малков
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта: A.Krsteska@moepp.gov.mk
p.malkov@moepp.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 062-4Емисии на тешко разградливи органски загадувачки супстанци – хексахлоробензен (HCB) EEA – Европска агенција за животна средина ND-170/AIR 002
Persistent organic pollutant emissions
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа нема еквивалент
Каталог на индикатори за животна средина 41 Persistent organic pollutant emissions (EEA_APE006)
SDG – Цели за одржлив развој 3 – 3.9.1: Mortality rate attributed to household and ambient air pollution
9 – 9.4.1: CO2 emission per unit of value added
11 – 11.6.2: Annual mean levels of fine particulate matter (e.g. PM2.5 and PM10) in cities (population weighted)
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија не
Последна измена:  вторник ноември 15th, 2022