ПОТРОШУВАЧКА НА ОБНОВЛИВА ЕНЕРГИЈА |
Обновливите извори на енергија се дефинираат како обновливи нефосилни извори на енергија како што се: хидро, геотермална, соларна и ветерна енергија; цврста биомаса; биогас; течни биогорива и др.
Индикаторот „Потрошувачка на обновлива енергија” го претставува учеството на обновливата енергија во вкупно потребната енергија од сите енергенти изразен во %.
Потрошувачката на обновливата енергија по видови енергенти е изразена во илјади тони еквивалент на нафта (ktoe).
- илјади тони еквивалент на нафта (ktoe)
- проценти
Колкав е уделот на обновливата енергија во вкупната потрошувачка на енергија?
Политиките во секторот енергија треба да фаворизираат мерки за поголемо искористување на обновливите извори на енергија.
Релативно нискиот удел на обновливата енергија во вкупната потрошувачка на енергија (во просек 11,8%) укажува на доминантна употреба на фосилни горива што е неповолно и од аспект на исцрпување на енергетските ресурси и од аспект на загадувањето на околината.
Најголем удел во учеството на обновливата енергија во вкупно потребната енергија има биомасата и се движи помеѓу 5,1% и 8,7%, додека најмало учество има соларната електрична енергија. Хидро електричната енергија има удел кој се движи од 2% до 7,3%.
Во однос на овој индикатор во 2020 година, споредено со 2017 година (како референтна година), земајќи го предвид фактот дека уделот на потрошувачката на обновлива енергија во примарната енергетска потрошувачка по горива во 2020 година изнесува 13,5% споредено со 12,6% во 2017 година може да се забележи незначително подобрувањесогласно Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година во Република Северна Македонија, иако потрошувачката на обновлива енергија во 2020 година споредено со референтната 2017 година по апсолутна вредност е практично идентична и во однос на тоа подобрување не се забележува. Сепак во однос на претходната 2019 година се забележува раст од 7,9% на потрошувачката на обновлива енергија пред се заради зголемената потрошувачка на биомаса и хидроелектричната енергија.
Генерално гледано, одржување на едно исто ниво на потрошувачката на обновлива енергија во однос на вкупната потребна енергија укажува на потребата на се поголемо вложување во објекти од обновливи извори, а тоа се пред се хидроцентрали, соларни, ветерни и централи на биогас за успешно спроведување на Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година.
График 1: Учество на обновливата енергија во вкупно потребната енергија по видови енергенти (%) за периодот 2000 – 2020 година
График 2: Вкупно учество на обновливата енергија во вкупно потребната енергија (%) по години во периодот 2000 – 2020 година
Опфат на податоци: excel
Извор на податоци: Државен завод за статистика, http://www.stat.gov.mk
Релативно нискиот удел на обновливата енергија во вкупната потрошувачка на енергија (во просек 11,8%) укажува на доминантна употреба на фосилни горива што е неповолно и од аспект на исцрпување на енергетските ресурси и од аспект на загадувањето на околината. Најголем удел на обновливата енергија во вкупната потрошувачка на енергија имало во 2015 година со 15.3%, а најмал со 7,8% во 2002 година.
Во разгледуваниот период има променлив тренд на учество на обновливата енергија во вкупно потребната енергија. Во периодот од 2000 до 2002 година има пад од 31,5%, додека од 2002 до 2006 година има раст од 59,6 % во учеството на обновливата енергија во вкупно потребната енергија, во 2007 година има пад од 19,6%, потоа во периодот од 2008 до 2010 година има пораст од 51%, за потоа од 2011 до 2019 година да има променлив тренд. Забележителен е падот во 2019 година во однос на претходната 2018 година од околу 23% заради намалувањето на производството на електрична енергија од хидроцентралите, заради неповолните хидролошки услови во 2019 година.
Најголем удел во учеството на обновливата енергија во вкупно потребната енергија имаат биомасата со удел помеѓу 5,1% и 8,7% и хидроелектричната енергија со удел кој се движи од 2% до 7,3%. Енергијата од ветерот, сончевата енергија, биодизелот, биогасот и геотермалната енергија имаат значително помал удел во вкупната потребна енергија.
Минималниот удел на изворите на обновлива енергија во процентот на вкупното производство и потрошувачка на енергија во Република Македонија, укажува на неискористеноста на расположливите ресурси (геотермална енергија, хидроенергија, соларна енергија, ветерна енергија, енергија од биогас и др.), но и на аспектите на енергетска безбедност – се она што една држава мора да го направи за да овозможи превенција од закани во однос на планираните потреби од енергија за националната економија. Енергетската безбедност, односно загрозеноста на економијата и општествената благосостојба чии фактори се минимизираат при намалување на зависноста од увоз на енергија и енергенси, укажуваат на важноста од насочување на општествените ресурси кон максимално искористување на природните обновливи извори.
Во однос на овој индикатор во 2020 година, споредено со 2017 година (како референтна година), земајќи го предвид фактот дека уделот на потрошувачката на обновлива енергија во примарната енергетска потрошувачка по горива во 2020 година изнесува 13,5% споредено со 12,6% во 2017 година може да се заклучи дека постои одредено подобрување во однос на искористувањето на обновливите извори на енергија иако гледано по апсолутна вредност практично нема никаква промена помеѓу 2020 и 2017 година.
За постигнување на целта од Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година во Република Северна Македонија неопходно потребно е масовна изградба нови обновливи извори на енергија.
- Методологија за пресметка на индикаторот
Статистичка методологија за пресметка:
- Регулативата за енергетски статистики на Европскиот парламент и советот (Регулатива бр.1099/2008).
- „Energy Statistics Methodology Eurostat F4, 1998″
Во согласност со Стратегијата за развој на енергетиката во Република Северна Македонија до 2040 година во однос на потрошувачка на обновлива енергија зацртани се следните цели:
Кај сите три сценарија од стратегијата (референтно сценарио, умерена транзиција и зелено сценарио) до 2040 се проценува раст на уделот на обновливата енергија како енергенс во вкупната потребна енергија од сите енергенси при што како референтна година во однос на која се врши проценката на трендот за овој индикатор, кај сите три сценарија, е земена 2017 година.
Во референтното сценарио севкупниот раст на уделот на потрошувачката на обновлива енергија се проценува на околу 20 %.
Во сценариото на Умерена Транзиција севкупниот раст на уделот на потрошувачката на обновлива енергија се проценува на околу 27 %.
Во зеленото сценарио севкупниот раст на уделот на потрошувачката на обновлива енергија се проценува на околу 33 %.
Забелешка: Слика 3.8 од Стратегијата за развој на енергетиката во Република Северна Македонија до 2040 година.
- Eurostat, ECE/UN и IEA/OECD.
Тема | Енергија | Поврзаност со други теми/сектори | Воздух, Климатски промени, Води, Почва и користење на земјиште, Природа, Земјоделство, Шумарство, Отпад, Домаќинства, Транспорт, Здравство, Туризам, Економија на животната средина ресурси, Индустрија |
Код на индикаторот | MK НИ 030 | Временска покриеност | 2000-2020 |
Име на индикаторот | Потрошувачка на обновлива енергија | Извор на податоци | Државен завод за статистика |
Класификација по ДПСИР | Р | Датум на последна верзија | 29.08.2022 |
Тип | Б | Подготвено/ажурирано од: | Стојна Манева |
Фреквенција на публикување | Годишно | Контакт | e-пошта: stojna.maneva@stat.gov.mk |
МК НИ 030 Потрошувачка на обновлива енергија | EEA – Европска агенција за животна средина | нема еквивалент |
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа | G4/89 – Total primary energy supply by renewable energy category (hydropower, biomass, biofuels, wind, solar, geothermal, other) | |
Каталог на индикатори за животна средина | нема еквивалент | |
SDG – Цели за одржлив развој | 7 – Ensure access to affordable, reliable, sustainable and modern energy for all, 12 – Responsible consumption and production |
|
GGI – Индикатори за зелен раст | да | |
Кружна економија | да |