МК – НИ 049

МЕСТОТО НА ТУРИЗМОТ ВО ЕКОНОМИЈАТА cloud2 strelki d
Дефиниција

Учеството во БДП претставува процентуално учество на бруто- додадената вредностод областа на туризмот во вкупниот бруто- домашен производ на национално ниво.

Единици
  • Процент (%).
Клучно прашање за креирање на политиката

Какво е влијанието на туризмот кое се потпира на карактеристиките на животната средина врз економскиот развој на Република Северна Македонија?

Клучна порака

Учеството на Објекти за сместување и сервисни дејности со храна во бруто – домашниот производ има променлив тренд на опапаѓање и раст, во 2021 изнесува 1,6% исто како на ниво од 2003 што укажува на многу мал удел на туризмот врз економскиот развој на Република Северна Македонија.

Од остварените приходи по основ на туристичка такса и даноци ќе се овозможи уредување и заштита на животната средина, а од остварените приходи ќе се отвори можност правните и физичките лица да ги подобрат условите за живот и работни активности.

График 1. Учеството на Објекти за сместување и сервисни дејности со храна во БДП во %CSI 049 2022 MK

Опфат на податоциexcel

Извор на податоци: Државен завод за статистика, http://www.stat.gov.mk

Оценка

Од сликата се гледа дека учеството на Објекти за сместување и сервисни дејности со храна во БДП е релативно ниско и има опаѓачки карактеристики во периодот од 2003 до 2011 година, односно во 2011 споредено со 2003 година има пад од 37,6%. Учеството на Објекти за сместување и сервисни дејности со храна во БДП има пораст во периодот од 2011 до 2016 година од 57%, што укажува на поголемо учество на туризмот врз економскиот развој на Република Северна Македонија. Од 2016 па се до 2019 има постојан непроменлив тренд. Објекти за сместување и сервисни дејности со храна имале најголем удел во 2005 година со учество од 1,82%, а најмал од 0,98% во 2011 година. Следењето треба да овозможи увид во која мерка се подобруваат ефектите од туристичкиот развој во животната средина.

Од остварените приходи по основ на туристичка такса и даноци ќе се овозможи уредување и заштита на животната средина, а од остварените приходи ќе се отвори можност правните и физичките лица да ги подобрат условите за живот и работни активности.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Учество на додадената вредност од туризам (Објекти за сместување и сервисни дејности со храна) во БДП.

Цели
  • Зголемен придонес на учеството на додадената вредност од туризам во вкупниот БДП на земјата.
Обврска за известување
  • Годишна публикација за бруто-домашен производ
  • Статистички годишник
Општи мета-податоци
Тема Туризам Поврзаност со други теми/сектори Економија на животната средина и управување со ресурси
Код на индикаторот MK НИ 049 Временска покриеност 2003-2021
Име на индикаторот Местото на туризмот во економијата Извор на податоци При пресметка на индикаторот користени се официјални податоци од Државен завод за статистика
Класификација по ДПСИР Д Датум на последна верзија 31.10.2022
Тип В Подготвено/ ажурирано од: Катерина Николовска
Ана Димишкова
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта: K.Nikolovska@moepp.gov.mk
a.dimishkova@moepp.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 049 Местото на туризмот во економијата EEA – Европска агенција за животна средина нема еквивалент
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа нема еквивалент
Каталог на индикатори за животна средина нема еквивалент
SDG – Цели за одржлив развој 6, Clean water and sanitation
8, Decent work and economic growth
11, Sustainable cities and communities
12, Responsible consumption and production
15, Life on land
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија не
Последна измена:  четврток декември 1st, 2022