МК – НИ 063

ЕМИСИЈА НА ТЕШКИ МЕТАЛИ – ЖИВА (Hg) smajli 1 strelki
Дефиниција

Овој индикатор ги следи трендовите на жива(Hg).

Единици
  • t/година (тони на година)
Клучно прашање за политиката

Каков прогрес е направен во редукција на вкупните емисии на жива во Република Северна Македонија?

Клучна порака

Во 1990 година вкупните национални емисии на Hg изнесуваа 0.645 t. Во 2020 година емисиите изнесуваат 0.165 t и се намалени за 74% споредено со 1990 година што претставува извонреден напредок во намалувањето на вкупните емисии на жива. Исто така, вредноста на емисиите на жива од 0.165 t во 2020 година е историски најниска вредност во разгледуваниот период 1990-2020 година.

Редукцијата на емисии делумно произлегува од намалената потрошувачка на јаглен во секторот Производство на енергија, но најголемо влијание имаат намалените емисии од индустријата.

Специфично прашање за политиката

Кои различни сектори и процеси имаат учество во емисиите на Hg?

Најголем извор во емисиите на Hgво 2020 година е NFR категоријата 1.А.1 – Производство на енергија со удел од 50.7%. Потоа следуваат NFRкатегориите 2- Индустриски процеси и 1.A.2 – Согорување во производни индустрии и градежништво со удели од 21.1% и 20.1%, соодветно.Останатите категории се помали или незначителни извори на емисии на Hg.

Оценка

Вкупните национални емисии на Hg во 1990 година изнесуваа 0.645 t. Во 2020 година вкупните емисии изнесуваат 0.165 t и во однос на 1990 година се намалени за 74%, додека во однос на 2019 година се намалени за 23%.

Трендот на вкупните годишни емисии на Hg во периодот 1990-2020 година може да се опише како променлив со наизменични намалувања и зголемувања на вкупните годишни емисии и генерално во најголемиот дел од овој период тој зависи од емисиите на жива од две NFR категории и тоа: 2 – Индустриски процеси и 1.А.1 – Производство на енергија. Во периодот 1990-2004 најголем удел во вкупните годишни емисии на Hg има NFR категоријата 2 -Индустриски процеси пред се преку подкатегоријата, Производство на цинк и во помала мерка Производство на железо и челик и општиот тренд во овој период генерално е последица на трендот од оваа NFR категорија. Големиот пад на вредноста на вкупните емисии во периодот 2002-2005 година е резултат на пад на производството на цинк во топилницата во Велес. Со престанок на работењето на Топилницата за олово и цинк во периодот 2005-2020 година најголемо учество во вкупните емисии на жива има NFR категоријата 1.А.1 – Производство на енергија преку согорувањето на јаглен во термоелектраните РЕК Битола и РЕК Осломеј и во овој период вкупните емисии на Hg општо гледано се два до три пати помали од оние во претходниот период (1990-2004 година). Во периодот 2005-2020 година општиот тренд генерално е последица на трендот од NFR категоријата 1.А.1 – Производство на енергија. Вкупниот тренд може да се види на следниот графикон.

Графикон 1. Тренд на вкупни емисии наHg во периодот 1990-2020 годинаCSI 063 Hg_MK_g1

 

 

Уделот на одделните NFR категории во вкупните емисии на Hg за 2020 година е прикажан на Графикон 2.

Графикон 2: Удел во вкупните национални емисии на Hg по NFR категории во 2020 годинаCSI 063 Hg_MK_g2

 

 

 

Moже да се забележи дека клучни категории во вкупните емисии на жива се: 1.А.1 -Производство на енергија, 2 Индустриски процеси и 1.А.2 – Согорување во производни индустрии и градежништво.

Дистрибуцијата на извори на емисии на Hg во 2020 е поинаква со онаа во периодот 1990-2004 година. За да се направи преглед на уделите по NFR категории во целокупниот период 1990-2020 година, и да се утврди промената на доминатните извори во вкупните национални емисии на оваа загадувачка супстанца, даден е следниот графички приказ.

Графикон 3. Eмисии на Hg по NFR категории на годишно ниво во периодот 1990-2020 годинаCSI 063 Hg_MK_g3

 

Од графичкиот приказ и направените анализи, може да се изведат следните заклучоци:

NFR категоријата 2 – Индустриски процеси во вкупните емисии на Hg во 1990 година учествуваше со 65%, додека во 2020 година, нејзиниот удел изнесува 21%. Во 2020 година емисиите од оваа NFR категорија во однос на 1990 година се намалени за 92% (пред се заради неработењето на Топилницата во Велес) , додека во однос на 2019 година се намалени за 12%.

NFR категоријата 1.А.1 – Производство на енергија во вкупните емисии на Hg во 1990 година учествуваше со 27%, додека во 2020 година, нејзиниот удел изнесува 51%. Зголемувањето на учеството на оваа NFR категорија во вкупните годишни емисии на жива не е заради зголемената емисија од оваа NFR категорија туку заради големото намалување на емисиите од NFR категоријата 2 – Индустриски процеси. Така, во 2020 година емисиите од NFR категоријата 1.А.1 – Производство на енергија во однос на 1990 година се намалени за 51% (помалото количество на јаглен кое се согорува во термоелектраните пред се заради значајното редуцирано работење на РЕК Осломеј особено во последните години), додека во однос на 2019 година се намалени за 24% заради намаленото количество согорен јаглен за производство на електрична енергија од РЕК Битола. Целиот период 1990-2020 година во однос на емисиите на Hg од оваа NFR категорија може да се подели на два дела: периодот 1990-2012 година кога трендот генерално со мали исклучоци може да се каже дека е постојан и кога двете термоелектрани, РЕК Битола и РЕК Осломеј, работат контининуирано, и периодот 2013-2020 година кога се забележува значаен пад во емисиите на жива заради работењето на РЕК Осломеј само неколку месеци во годината со што е намалена вкупната потрошувачка на јаглен.

NFR категоријата 1.А.2 – Согорување во индустриски процеси и градежништво во вкупните емисии на Hg во 1990 година учествуваше со 5%, додека во 2020 година, нејзиниот удел изнесува 20%. Во 2020 година емисиите од оваа NFR категорија во однос на 1990 година се намалени за 5%, додека во однос на 2019 година се намалени за 35%.

Останатите NFR категории се помали или незначителни извори на емисии на Hg.

Во однос на исполнување на барањата од зацртаните цели согласно националните и меѓународните документи може да се заклучи следното:

Во однос на Протоколот кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 година за тешки метали, според кој емисиите во годината n-2 (каде n e тековната година) треба да не ги надминуваат емисиите во базната година (која за нашата земја е 1990 година), нашата земја е во согласност со овој протокол во однос на пресметаните емисии на жива (Hg) за 2020 година.

Опфат на податоци: excel_1, excel_2

Извор на податоци: Министерство за животна средина и просторно планирање

Користените податоци се вкупните национални емисии и емисиите категоризирани по NFR категории кои ЕЕА земјите членки и земјите соработнички ги доставуваат до ЕЕА и Секретаријатот на Обединетите нации. Податоците се достапни на следната веб страна:https://cdr.eionet.europa.eu/mk/un/clrtap/inventories/envyixaja. Податоците користени во овој извештај се во согласност со испратените податоци.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Методологијата на пресметка на овој индикатор се базира на пресметани национални емисии и емисии по NFR категории на оваа загадувачка супстанца кои се репортирани до ЕЕА (Европска агенција за животна средина) и UNECE/EMEP (Економската програма на Обединетите нации за Европа/ Кооперативната програма за мониторинг и евалуација за прекуграничен пренос на аерозагадување кон Конвенција за прекуграничен пренос на аерозагадувањето.

Пресметките се во согласност со Упатствата на ЕМЕП/ЕЕА за инвентаризација на емисии во воздухот од 2009, 2013, 2016 и 2019 година. Во упатствата се дадени емисиони фактори кои се користени во пресметките со исклучок на енергетскиот сектор каде пресметките се направени со користење на национални специфични фактори или примена на податоците од извршените мерења за период 2008-2020 година за оваа загадувачка супстанца за NFR категоријата 1.А.1.а, кој се однесува за постројки за производство на електрична и топлинска енергија.

  • Извор за користената методологија

Методологијата која се користеше при пресметка и приказ на овој индикатор е дадена во EMEP/EEA Упатствата за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух од 2009, 2013, 2016 и 2019 година кои можат да се најдат на следните линкови (http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2009, http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2013, http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2016 и https://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2019).

Цели

Во согласност со барањата од националните и меѓународните документи во однос на емисијата на жива (Hg) зацртани се следните цели:

  1. Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на загадување на воздухот
  • воведена е инвентаризација по EMEP/EEA Упатството за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух, која како цел има редовна инвентаризација на Hg, во тони на година, за период 1990 – (n-2), каде n е тековната година.
  1. Протокол кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот за тешки метали
  • националните вкупни емисии на Hg во (n-2) година (n е тековната година) не треба да ги надминуваат вкупните емисии пресметани за 1990 година (која е земена како базна година)
Обврска за известување
  • Обврските за известување кон меѓународни договори-Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на аерозагадувањето (CLRTAP), како и Европската агенција за животна средина (ЕЕА)
  • Годишен извештај од обработени податоци за емисии во воздухот
  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средина
Општи мета-податоци
Тема Воздух Поврзаност со други теми/сектори Домаќинства, Отпад, Енергија,Транспорт, Здравство,Индустрија
Код на индикаторот MK НИ 063 – 3 Временска покриеност 1990-2020
Име на индикаторот Емисии на тешки метали – жива (Hg) Извор на податоци Министерство за животна средина и просторно планирање, Инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздухот за период 1990-2018 година.
Класификација по ДПСИР П Датум на последна верзија 27.07.2022
Тип А Подготвено/ ажурирано од: Павле Малков
Александра Н.Крстеска
Фреквенција на публикување Годишно Контакт p.malkov@moepp.gov.mk
A.Krsteska@moepp.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 063-3Емисија на тешки метали – жива (Hg) EEA – Европска агенција за животна средина IND-171/AIR 001
Heavy metal emissions
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа A1/8Emissions of pollutants into the atmospheric air
Каталог на индикатори за животна средина 38 Heavy metal emissions (EEA_ APE005)
SDG – Цели за одржлив развој 3 – 3.9.1: Mortality rate attributed to household and ambient air pollution
9 – 9.4.1: CO2 emission per unit of value added
11 – 11.6.2: Annual mean levels of fine particulate matter (e.g. PM2.5 and PM10) in cities (population weighted)
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија не
Последна измена:  вторник ноември 15th, 2022