МК – НИ 062

ЕМИСИЈА НА ТЕШКО РАЗГРАДЛИВИ ОРГАНСКИ ЗАГАДУВАЧКИ СУПСТАНЦИ – Полихлорирани бифенили (PCBs) smile1 strelki
Дефиниција

Овој индикатор ги следи трендовите на полихлорирани бифенили (PCBs).

Единици
  • kg/година (килограми на година)
Клучно прашање за политиката

Каков прогрес е направен во редукција на вкупните емисии на полихлорирани бифенили во Република Северна Македонија?

Клучна порака

Во 1990 година вкупните национални емисии на PCBs изнесуваат 382.12 kg. Во 2020 година емисиите изнесуваат 237.2 kg и се намалени за 38% споредено со 1990 година што претставува голем напредок во намалувањето на вкупните емисии на PCBs.

Специфично прашање за политиката

Кои различни сектори и процеси имаат учество во емисиите на PCBs ?

Главен извор на емисии на PCBs во 2020 година е секторот Индустрија (Производство) со удел од 99.5%. Останатите сектори имаат минимални удели удели во вкупните емисии на PCBs.

Оценка

Вкупните национални емисии на PCBs во 1990 година изнесуваа 382 kg. Во 2020 година вкупните емисии изнесуваат 237 kg и во однос на 1990 година се намалени за 38%, додека во однос на 2019 година се намалени за незначителни 0.5%.

Трендот на вкупните годишни емисии на PCBs во периодот 1990-2020 година може да се подели на три дела и тоа: период 1990-2004 година кога трендот практично го следи оној од NFR категоријата 2 – Индустриски процеси (Производство на олово и Производство на цинк од Топилницата за олово и цинк во Велес која престанува со работа во 2004 година) и кога се забележуваат најголеми годишни емисии на PCBs, секако со одредени помали или поголеми флуктуации, и кои зависат од количината на произведено олово и цинк, потоа периодот 2005-2014 година кога вкупните годишни емисии секоја година се на историски минимум и период 2015-2020 година кога се забележува континуиран пораст на вкупните емисии на PCBs како резултат на NFR категоријата 2 – Индустриски процеси (Производство на секундарно олово во фабрика за акумулатори). Категоријата 2.К, која се однесува на емисии на тешко разградливи органски соединенија и тешки метали од електрична и електронска опрема има најголем удел во целокупниот период a за пресметките согласно најниското ниво на методологија како податок се зема популацијата што доведува до поголема несигурност на овие податоци. Поради тоа е потребно во иднина да се премине на пресмeтка со повисоко ниво на методологија. Трендот на националните емисии на оваа загадувачка супстанца може да се забележи на следниот графикон.

Графикон 1. Тренд на вкупни емисии на PCBs во периодот 1990-2020 годинаCSI 062_PCBs2022_MK_g1

 

 

Оценката на уделите на различните сектори во 2020 година е направена со пресметка на емисиите на PCBs по NFR категории. Уделот на клучниот сектор, Индустриски процеси (производство) во вкупните емисии на PCBs за 2020 година може да се увиди и од приказот на Графикон 2.

Графикон 2: Удел во вкупните национални емисии на PCBs по NFRкатегории во 2020 годинаCSI 062_PCBs2022_MK_g2

 

Најголем удел во вкупните годишни емисии на PCBs, историски гледано во целиот период 1990-2020 година, има NFR категоријата 2 – Индустриски процеси, и тоа убедливо со најголемо учествона подкатегориите:Eмисии на тешко разградливи органски соединенија и тешки метали од електрична и електронска опрема, Производство на олово и Производство на цинк (Топилницата за олово и цинк во Велес, период 1990-2004 година), а со далеку помал удел и подкатегоријата Производство на железо и челик, со исклучок на периодот 2005-2014 година кога запира производството на олово и цинк. Во периодот 2015-2020 година повторно се јавува растечки тренд на вкупните годишни емисии на овие загадувачки супстанции од NFR категоријата 2 – Индустриски процеси, преку подкатегоријата, Производство на олово (секундарно олово во фабрика за акумулатори) која подкатегорија станува главниот извор на емисии на PCBs во овој период.

На следниот графикон е прикажан тренд на емисии на PCBs во периодот 1990-2020 година по NFR категории.

Графикон 3. Eмисии на PCBs по NFR категории на годишно ниво во периодот 1990-2020 годинаCSI 062_PCBs2022_MK_g3

 

Oд дадениот графички приказ и направените анализи можат да се изведат следните заклучоци. Во 1990 година клучната NFR категорија, 2 – Индустриски процеси учествува во вкупните емисии на PCBs е со удел од 100%, додека во 2020 година, нејзиниот удел изнесува 99.5%. Во 2020 година емисиите од оваа NFR категорија во однос на 1990 година се намалени за 38%, а во однос на изминатата година се намалени за 0.5 %.

Останатите NFR категории се незначителни извори на емисии на PCBs.

Опфат на податоци: excel_1, excel_2

Извор на податоци: Министерство за животна средина и просторно планирање

Користените податоци се вкупните национални емисии и емисиите категоризирани по NFR категории кои ЕЕА земјите членки и земјите соработнички ги доставуваат до ЕЕА и Секретаријатот на Обединетите нации. Податоците се достапни на следната веб страна: https://cdr.eionet.europa.eu/mk/un/clrtap/inventories/envyixaja/. Податоците користени во овој извештај се во согласност со испратените податоци до меѓународните организации.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Методологијата на пресметка на овој индикатор се базира на пресметани национални емисии и емисии по NFR категории на овие загадувачки супстанци кои се репортирани до ЕЕА (Европска агенција за животна средина) и UNECE/EMEP (Економската програма на Обединетите нации за Европа/ Кооперативната програма за мониторинг и евалуација за прекуграничен пренос на аерозагадување кон Конвенција за прекуграничен пренос на аерозагадувањето) во февруари 2022година.

Пресметките се во согласност со Упатствата на ЕМЕП/ЕЕА за инвентаризација на емисии во воздухот од 2009, 2013, 2016 и 2019 година. Во упатствата се дадени емисиони фактори кои се користени во пресметките со исклучок на енергетскиот сектор каде пресметките се направени со користење на национални специфични фактори или примена на податоците од извршените мерења за период 2008-2020 година за основните загадувачки супстанци за NFR категоријата 1.А.1.а, кој се однесува за постројки за производство на електрична и топлинска енергија.

  • Извор за користената методологија

Методологијата која се користеше при пресметка и приказ на овој индикатор е дадена во EMEP/EEA Упатствата за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух од 2009, 2013, 2016 и 2019 година кои можат да се најдат на следните линкови (http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2009, http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2013, http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2016 и https://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2019).

Цели

Во согласност со барањата од националните и меѓународните документи во однос на емисијата на полихлорирани бифенили (PCBs) зацртани се следните цели:

  1. Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на загадување на воздухот
  • воведена е инвентаризација по EMEP/EEA Упатството за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух, која како цел има редовна инвентаризација на PCBs, во килограми на година, за период 1990 – (n-2), каде n е тековната година.
Обврска за известување
  • Обврските за известување кон меѓународни договори-Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на аерозагадувањето (CLRTAP), како и Европската агенција за животна средина (ЕЕА)
  • Годишен извештај од обработени податоци за емисии во воздухот
  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средина
Општи мета-податоци
Тема Воздух Поврзаност со други теми/сектори Климатски промени, Домаќинства, Отпад, Енергија,Транспорт, Здравство,Индустрија
Код на индикаторот MK НИ 062 – 2 Временска покриеност 1990-2020
Име на индикаторот Емисии на тешко разградливи органски загадувачки супстанци – полихлорирани бифенили (PCBs) Извор на податоци Министерство за животна средина и просторно планирање, Инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздухот за пеиод 1990-2018
Класификација по ДПСИР П Датум на последна верзија 20.06.2022
Тип Б Подготвено/ажурирано од: Павле Малков
Александра Н.Крстеска
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта: p.malkov@moepp.gov.mk
A.Krsteska@moepp.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 062-2Емисии на тешко разградливи органски загадувачки супстанци – полихлорирани бифенили (PCBs) EEA – Европска агенција за животна средина ND-170/AIR 002
Persistent organic pollutant emissions
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа A1/10 – Emissions of pollutants into the atmospheric air
Каталог на индикатори за животна средина 41 Persistent organic pollutant emissions (EEA_APE006)
SDG – Цели за одржлив развој 3 – 3.9.1: Mortality rate attributed to household and ambient air pollution
9 – 9.4.1: CO2 emission per unit of value added
11 – 11.6.2: Annual mean levels of fine particulate matter (e.g. PM2.5 and PM10) in cities (population weighted)
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија не
Последна измена:  вторник ноември 15th, 2022