ПОСТАПУВАЊЕ СО СОЗДАДЕН МЕДИЦИНСКИ ОТПАД |
Индикаторот го прикажува постаувањето со количината на создаден медицински отпад, по видови. Со овој индикатор се следи остварувањето на стратешките целите и тоа, избегнување и во најголема можна мера, намалување на количеството на создаден медицински отпад, спречување на негативните влијанија и висок степен на заштита на отпадот врз животната средина, животот и здравјето на луѓето.
- Тони/годишно
Каква е состојбата со постапувањето според видот и количината на медицински отпад во Република Северна Македонија?
Во периодот од 2010 година до 2021 година се забележува зголемување на количината на создаден медицински отпад за 6 пати. Од ова може да се заклучи дека се зголемил и бројот на создавачите на опасен медицински отпад, кои согласно регулативата во областа на управување со медицински отпад се обврзани да доставуваат еднаш годишно извештај за постапување со отпадот.
Според доставените извештаи за 2021 година за понатамошно постапување со медицински отпад, количината на медицински отпад предаден на други лица изнесува 1.208,86 тони. Количина од 24,06 тони течен отпад автоматски е третиран од самите создавачи. Најголем дел од пријавената количина припаѓа на инфективниот отпад (18 01 03*) со 1.113,92 тони, потоа следат острите предмети (освен 18 01 03) со 79,72 тони кои се сметаат како подгрупа на инфективен отпад, отпад чие собирање и отстранување не е предмет на специјални барања за заштита од инфекции ( на пр.облека, завои од гипс, облека за еднократка употреба, платно, пелени и тн.) со 12,88 тони, делови од човечко тело и органи вклучувајќи вреќички и шишиња со крв (освен 18 01 03) со 2,32 тони илекови неспомнати во 18 01 09 со 0,02 тони.
График 1: Вкупна количина на создаден медицински отпад во период од 2010 до 2021 година
Опфат на податоци: excel
Извор на податоци: Министерство за животна средина и просторно планирање.
Количината на создадениот медицински отпад во периодот од 2010 до 2021 година постепено се зголемува. Согласно доставените податоци количината на пријавениот создаден медицински отпад за 2021 година изнесува 1.232,92 тони, споредбено со 2010 година, каде количината на создадениот медицински отпад изнесувала 195,6 тони, количината на создаден отпад се зголемила за 6 пати.
Од ова може да се заклучи дека се зголемил и бројот на создавачите на опасен медицински отпад, кои согласно регулативата во областа на управување со медицински отпад се обврзани да доставуваат еднаш годишно извештај за постапување со отпадот.
Според доставените извештаи за 2021 година за понатамошно постапување со медицински отпад, количината на медицински отпад предаден на други лица изнесува 1.208,86 тони. Најголем дел од пријавената количина припаѓа на инфективниот отпад (18 01 03*) со 1.113,92 тони, потоа следат острите предмети (освен 18 01 03) со 79,72 тони кои се сметаат како подгрупа на инфективен отпад, отпад чие собирање и отстранување не е предмет на специјални барања за заштита од инфекции ( на пр.облека, завои од гипс, облека за еднократка употреба, платно, пелени и тн.) со 12,88 тони, делови од човечко тело и органи вклучувајќи вреќички и шишиња со крв (освен 18 01 03) со 2,32 тони илекови неспомнати во 18 01 09 со 0,02 тони. Количина од 24,06 тони течен отпад автоматски е третиран од самите создавачи.
Медицинскиот отпад кој е предаден на други лица според доставените извештаи е соодветно третиран и неутрализиран.
Исто така, треба да се нагласи дека прикажаните количини на отпад не претставуваат и вкупни количини на создаден медицински отпад на ниво на Република Северна Македонија.
- Методологија за пресметка на индикаторот
Видовите на отпад се одредуваат според Листата на видови на отпад 2005. Собирањето на податоци е преку Годишните извештаи на деловните субјекти кои создаваат медицински отпад и ги доставуваат до Министерството за животна средина и просторно планирање.
- Недоследност на методологија
Податоците за постапување со медицински отпад се добиваат само од правни и физички лица кои создаваат опасен медицински отпад, поради тоа не сите создавачи на медицински отпад доставуваат годишни извештаии до Министерството за животна средина и просторно планирање.
- Избегнување и, во најголема можна мера, намалување на количеството на создадениот отпад;
- Отстранување на отпадот, на начин што е прифатлив за животната средина и
- Висок степен на заштита на животната средина, животот и здравјето на луѓето.
- Годишен извештај од обработени податоци за животна средина
Тема | Отпад | Поврзаност со други теми/сектори | Воздух, Климатски промени, Здравство |
Код на индикаторот | MK НИ 066 | Временска покриеност | 2010-2021 |
Име на индикаторот | Постапување со создаден медицински отпад | Извор на податоци | Министерство за животна средина и просторно планирање |
Класификација по ДПСИР | П | Датум на последна верзија | 16.08.2022 |
Тип | Б | Подготвено/ ажурирано од: | Арминда Рушити |
Фреквенција на публикување | Годишно | Контакт | e-пошта: a.rushiti@moepp.gov.mk |
МК НИ 066 Постапување со создаден медицински отпад | EEA – Европска агенција за животна средина | нема еквивалент |
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа | нема еквивалент | |
Каталог на индикатори за животна средина | нема еквивалент | |
SDG – Цели за одржлив развој | 12, Sustainable consumption and production | |
GGI – Индикатори за зелен раст | да | |
Кружна економија | да |