MK – НИ 037

ЗАШТИТНИ ЗОНИ ОКОЛУ ВОДНИ ТЕЛА НАМЕНЕТИ ЗА КОНСУМИРАЊЕ ОД СТРАНА НА ЧОВЕКОТ smile2 strelki r
Дефиниција

Индикаторот го прикажува бројот на утврдени заштитни зони околу водни тела кои се користат за консумирање од страна на човекот.

Единици

Број/Процент на подрачја утврдени како заштитни зони околу водни тела кои се користат за консумирање од страна на човекот.

Клучно прашање за политиката

Дали се утврдени и каков е напредокот во усвојување на заштитните зони околу водни тела наменети за консумирање од страна на човекот?

Клучна порака

Заштитните зони не се целосно определени, вкупно 56 заштитни зони се досега планирани и најголем дел од планираните зони не се усвоени од Владата. Моментално, само 8 заштитни зони се усвоени од Владата и од општините, 18 заштитни зони се во постапка на усвојување, а 30 идентификувани заштитни зони треба да се усвојат.

График 1. Планиран број на утврдени заштитни зони на изворите за водоснабдување по подсливCSI 037 Vodi2022 MK_g1

 

 

 

График. Процент на Заштитни зони на изворите за водоснабдување,според степенот на усвоеност од страна на ВладатаCSI 037 Vodi2022 MK_g2

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Министерство за животна средина и просторно планирање

Оценка

Во Република Северна Македонија во тек е имплеметацијата на законските одредби од Законот за води, кој пропишува утврдување на заштитени подрачја за води за пиење, кои ќе ги исполнуваат стандардите и целите пропишани за вода за консумирање од страна на човекот. Министерството за здравство е недележно да ги определи заштитните зони, додека, Министерството за животна средина и просторно планирање, согласно одредбите од Законот за води, води регистар за заштитни зони на водните тела назначени за црпење и зафаќање на вода наменета за консумирање од страна на човекот.

Слика 1. Постапка за определување за заштитни зони околу објекти за јавно водоснабдување согласно одредбите од Законот за водите

CSI VODA 037_2021_g3

Во Република Северна Македонија во анализираниот период е евидентиран благ пораст на процесот на утврдување на заштитните зони на водите за пиење. Моментално, во Република Северна Македонија нема единствена и интегрирана дата-база на заштитни зони но информациите може да се најдат по   различни сектори во министерствата, општините и градот Скопје. Што се однесува до моменталната ситуација во нашата држава, голем број општини, за нивното централизирано водоснабдување, користат извори на површинска вода и зафаќање, што може да се види на Слика 1. Планиран број на утврдени заштитни зони на изворите за водоснабдување по подслив.

Подрачјата се определени согласно критериумите дефинирани во Правилник за начинот за определување и одржување на заштитени зони околу изворите на вода за пиење (Сл. весник на СФРЈ бр. 17/83).

Заштитните зони не се целосно определени, вкупно 56 заштитни зони се досега планирани и најголем дел од планираните зони не се усвоени од Владата. Моментално, само 8 заштитни зони се усвоени од Владата, 18 заштитни зони се во постапка на усвовување, а 30 идентификувани заштитни зони треба да се усвојат.

Усвоените заштитни зони претставуваат 14% од идентификуваните и се за главните извори Студенчица[1], Рашче[2], „Лукар 1”, „Лукар 2”, „Косматец” и зафат на водотек „Стара река”[3], и Злетовска Река, Кучешка Река, акумулацијата Књежово[4], изворот Вруток[5] , бунарското подрачје Нерези- Лепенец[6] , акумулација Лисиче[7] и акумулација „Ратево“[8].

[1]Сл. весник на РМ бр.151/11

[2] Сл.весник на РМ 03/2021

[3]Сл.весник на РСМ 175/21

[4] Сл. весник на РМ бр.32/14, 124/14

[5]Сл.весник на РМ 89/2018

[6]бр. 09-2390/1  донесена од Град Скопје

[7] бр. 07-842/3 од 25.05.2006 година донесена од Советот на општина Чашка

[8] бр. 07-1621/1 од 15.07.2010 година донесена од Советот на општина Берово

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Утврдени заштитни подрачја и површина која ја зафаќаат.

Цели

Обезбедување на стандардите за квалитет на водата за пиење преку воведување на најекономични заштитни мерки на областите околу водни тела кои се користат за консумирање од страна на човекот.

Обврска за известување
  • Национално
  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средина
Општи мета-податоци
Тема Вода Поврзаност со други теми/сектори Климатски промени
Код на индикаторот MK НИ037 Временска покриеност 2012-2021
Име на индикаторот Дозволи за води Извор на податоци Министерство за животна средина и просторно планирање
Класификација по ДПСИР Р Датум на последна верзија 17.08.2022
Тип В Подготвено/ажурирано од: Љупка Д. Зајков
Фреквенција на публикување Годишно Контакт L.Zajkov@moepp.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 037 Заштитни зони околу водните тела наменети за консумирање од страна на човекот EEA – Европска агенција за животна средина нема еквивалент
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа нема еквивалент
Каталог на индикатори за животна средина нема еквивалент
SDG – Цели за одржлив развој 6. Ensure availability and sustainable management of water and sanitation for all
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија да
Последна измена:  петок ноември 18th, 2022