ОТПАД ОД ТУРИЗМОТ |
Индикаторот го покажува притисокот, од количеството на создаден комунален отпад од секторот туризам, врз животната средина, по години, на ниво на држава и по статистички региони.
- Милион m3/година, процент (%)
Каков е трендот на количеството на создаден отпад од секторот туризам, и колкав е удел во вкупното количество на комунален отпад?
Со растот на интензитетот на туризмот, според податоците од процената, количината на отпад од секторот за туризам пораснала во периодот од 2012 до 2021 година за 40%. Во 2021 година врз основа на процената, како и остварените ноќевања на туристите создадени се 3.695,47 тони отпад во секторот туризам, што претставува удел во вкупната количина на создаден комунален отпад со 0,41%. Количината на отпад од туризмот во 2021 година во однос на претходната година не покажува значителна разлика во пресметката (1%) која се должи на благото закрепнување на туризмот во комбинација со ново спроведениот попис на населението. Значителен пад на количеството отпад од туризмот од 37% има во 2020 година, во однос на претходната година, поради намалениот број на туристи како последица на пандемијата од Ковид-19. Најмал удел од 0,34% е проценет во 2012 и 2013 година.
Разгледувајќи на ниво на статистички региони, може да се забележи дека Југозападниот регион генерира најмногу отпад создаден од туризмот и неговиот удел во вкупната количина на создаден комунален отпад се движи помеѓу 1,6% во 2014 и 2,37% во 2019 година. Најмал удел припаѓа на Североисточниот регион, каде отпадот од туризмот во овој регион учествува со 0,02% во вкупната количина на создаден комунален отпад, односно, удел од 0,1% во вкупниот отпад создаден од туристичкиот сектор во 2021 година.
Може да се констатира дека туризмот не е рамномерно распределен на целата територија на државата, со што и притисокот од создаденото количество на отпад некаде е поголемо.
График 1. Проценето количество на отпад од туризам на ниво на целата земја
График 2. Проценето количество на отпад од туризам по статистички региони, тони
График 3. Проценето количество на отпад од туризам по статистички региони, тони
Опфат на податоци: excel
Извор на податоци: Државен завод за статистика, http://www.stat.gov.mk
Интензитетот на туризмот дава проценка на притисокот на туризмот врз локалното население, туристичката дестинација и инфраструктурниот систем (водоснабдување, комунални услуги и сл.). Во периодот што се разгледува, интензитетот на туризмот е зголемен неколку пати, што значи дека и притисокот од количината на отпад создаден од туризмот се зголемува.
Покрај употребата на вода, најголем товар врз животната средина што доаѓа од туристичкиот сектор е зголемувањето на количината на отпад во текот на летната сезона.
Податоците за количеството на создаден комунален отпад од секторот туризам сè уште не се собираат,истите се проценети и се добиени со пресметка, согласно методологијата на EUROSTAT.
Со растот на интензитетот на туризмот, според податоците од процената, количината на отпад од секторот за туризам пораснала во периодот од 2012 до 2021 година за 40%. Во 2021 година врз основа на процената, како и остварените ноќевања на туристите создадени се 3.695,47 тони отпад во секторот туризам, што претставува удел во вкупната количина на создаден комунален отпад со 0,41%. Количината на отпад од туризмот во 2021 година во однос на претходната година не покажува значителна разлика во пресметката (1%) која се должи на благото закрепнување на туризмот во комбинација со ново спроведениот попис на населението. Значителен пад на количеството отпад од туризмот од 37% има во 2020 година, во однос на претходната година, поради намалениот број на туристи како последица на пандемијата од Ковид-19. Најмал удел од 0,34% е проценет во 2012 и 2013 година.
Разгледувајќи на ниво на статистички региони, може да се забележи дека Југозападниот регион генерира најмногу отпад создаден од туризмот и неговиот удел во вкупната количина на создаден комунален отпад се движи помеѓу 1,6% во 2014 и 2,37% во 2019 година. Уделот во количина на создаден комунален отпад на овој регион, просечно е поголем од уделот на вкупното количество на отпад од туризмот во вкупната количина на создаден комунален отпад за 4,5 пати, што е последица на најголем број на туристи и ноќевања во Југозападниот регион, односно најголем интензитет на туризмот.
Следствено на претходно кажаното, на ниво на статистички региони, може да се забележи дека и во уделот на вкупниот отпад создаден од туристичкиот сектор, во просек се генерира 63% во Југозападен регион, по што следува Југоисточен регион со просечен удел во вкупниот отпад создаден од туристичкиот сектор од 13%.
Најмал удел припаѓа на Североисточниот регион, каде отпадот од туризмот во овој регион учествува во просек од 0,4% во вкупниот отпад создаден од туристичкиот сектор.
Може да се констатира дека туризмот не е рамномерно распределен на целата територија на државата, со што и притисокот од создаденото количество на отпад некаде е поголемо.
- Методологија за пресметка на индикаторот
Податоците се проценети, односно индикаторот се пресметува според методологијата на EUROSTAT опишана во “Methodological work on measuring the sustainable development of tourism, Part 2: Manual on sustainable development indicators of tourism” (http://ec.europa.eu/eurostat/documents/3888793/5834249/KS-DE-06-002-EN.PDF/178f8c9a-4a03-409c-b020-70ff7ef6803a).
Производството на отпад од секторот за туризам се пресметува според формулата:
При пресметувањето, вкупниот број на ноќевања на туристите (странски и домашни) се коригира за 20%. Имено, иако известувањето ги опфаќа сите субјекти кои обезбедуваат услуги за сместување во туристичките места, голем број ноќевања остануваат неоткриени, особено во приватното сместување. Затоа, вкупниот број ноќевања се множи со фактор 1,2.
Податоците за бројот на ноќевања на туристите се добиени врз основа на редовните месечни извештаи на угостителските и другите деловни субјекти кои на туристите им даваат услуги за сместување, односно посредуваат во обезбедувањето на тие услуги. Извор на податоците се книгите за гости кои, според законските прописи, овие деловни субјекти задолжително треба да ги водат.Податоците за вкупното население се однесуваат на проценет број на жители на 31.12 во годината.
- Зголемување на бројот на туристи и ноќевања со интеграција на принципите на одржливо управување со комуналниот отпад од туризмот.
- Нема
Тема | Туризам | Поврзаност со други теми/сектори | Воздух, Вода, Отпад |
Код на индикаторот | MK НИ095 | Временска покриеност | 2008-2021 |
Име на индикаторот | Отпад од туризмот | Извор на податоци | При пресметка на индикаторот користени се официјални податоци од Државен завод за статистика |
Класификација по ДПСИР | П | Датум на последна верзија | 22.09.2022 |
Тип | А | Подготвено/ажурирано од: | Катерина Николовска Ана Димишкова |
Фреквенција на публикување | Годишно | Контакт | e-пошта: K.Nikolovska@moepp.gov.mk a.dimishkova@moepp.gov.mk |
МК НИ 095 Отпад од туризмот | EEA – Европска агенција за животна средина | нема еквивалент |
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа | нема еквивалент | |
Каталог на индикатори за животна средина | нема еквивалент | |
SDG – Цели за одржлив развој | 6, Clean water and sanitation 11, Sustainable cities and communities 12, Responsible consumption and production |
|
GGI – Индикатори за зелен раст | да | |
Кружна економија | не |