ВОДА

ИЗВЕШТАИ
РЕЗИМЕ

ДПСИР рамка

DPSIR_ramka_rezime_Indikatori_Voda

1. Што се случува?

Одржливото користење на вода е меѓу клучните цели на Петтата програма за акција за животна средина. Водниот стрес, т.е. притисок врз квантитетот и квалитетот на водните ресурси е предизвикан од активности во два сектори, земјоделие и индустрија, а исто така и од домаќинствата и туризмот.

Водениот стрес се јавува кога побарувачката за вода ја надминува достапната количина за време на одреден период или кога слабиот квалитет ја ограничува неговата употреба. Постојат две главни закани за подземните и површинските водни ресурси: загадување и прекумерно искористување.

1.1.  Квантитет

Во Република Северна Македонија се забележува променлив тренд во потрошувачката на водните ресурси. Тој променлив тренд се огледа во повеќето сектори, наводнување, водоснабдување, индустрија, производство на електрична струја (ладење). И покрај променливите трендови во количините на користена вода, константно низ годините сектор со најголема потрошувачка на вода е наводнувањето, а со најмала е производство на електрична струја (ладење).

Користењето на водните ресурси за потребите на туризмот е единствен сектор во кој има нагорен тренд во разгледуваниот период. Користење на водни ресурси во туризмот како удел во вкупно користење на водни ресурси во 2002 година изнесува 0,30 проценти додека во 2018 година изнесува 0,50 проценти. Ова зголемување на потрошувачката на вода во секторот туризам е резултат за континуираниот пораст на бројот на туристи кој ја посетуваат нашата држава.

Што се однесува до природните езера, Охридското и Дојранско Езеро се со водостој кој е над нултата кота, а Преспанското Езеро е со водостој кој е континуирано низок. Вештачките езера, се езера со водна маса многу помала од таа на природните и согласно тоа имаат поголеми флуктации на количината на вода која ја содржат.

Сепак, индексот на експлоатација на вода е релативно низок, освен годините 2004та, 2010та и 2012та, и е под критичното ниво од 20 проценти. Се смета дека индекс на експлоатација на вода од над 20 проценти предизвикува стрес на водните ресурси, што пак повлекува проблеми поврзани со животната средина како и економски потешкотии.

1.2.  Квалитет

Загадувањето на водите потекнува од точкасти и дифузни извори на испуштање како и од аксидентални испуштања. Преголемата експлоатација на резервите на подземните и површинските води може да доведе до сушење на водните живеалишта, влошување на состојбата на екосистемите, низок проток на реките исл. Загадувањето и прекумерната апсорпција делува негативно по здравјето на луѓето и социо – економскиот развој.

Во нашата држава се забележува променлив тренд на концетрациите на супстанциите кои конзумираат кислород и на концентраците на нутриентите укажувајќи на тоа дека има појава на умерена еутрофикација на нашите води како и недоволен процент на прочистување на урбани отпадни води кој не ги задоволува европските барања.

Пристапот до безбедна вода за пиење во Република Северна Македонија изнесува 95% (период од 2001 до 2021 година) со назнака дека од тоа во градовите населението има пристап до безбедна вода за пиење во 100%, а во руралните населби 74,83% од населението пие здравствено-исправна вода за пиење, додека остатокот е изложен на повремен ризик од бактериолошко загадување на водата за пиење.

Квалитетот на водите за капење е на задоволително ниво, но сеуште не е направена идентификација (определување) на водните тела за капење и мониторинг согласно барањата на новата Европска директива за капење.

2. Зошто се случува?

Подобро управување со водните ресурси би се постигнало со усогласеност на националанта легислатива со европската и со донесување и спроведување на планови за управување со речни сливови. Големо влијание врз квантитетот на водните ресурси имаат и метеоролошките услови во текот на годинта. До влошување на квалитетот на водите доведува неконтролираната употреба на вештачки ѓубрива, недоволното прочистување на урбаните отпадни води како и недоволното следење на испустите од индустријата во водните ресурси.

3. Дали имаме национална цел?

Намалување и спречување на загадувањето на водите, а со тоа и постигнување на добра состојба или потенцијал на површинските води и квантитативна и хемиска состојба на подземните води. За таа цел Министерството презема низа активности поврзани со усогласување на националното законодавство со европското законодавство. Генерално може да се кажи дека има вкупно 48 % транспозиција во делот за води. Транспозицијата на поедините директиви е како што следи:

      • 88 % на Европската рамковната директива за води,
      • 100 % транспозиција на Директивата за третман на отпадни води,
      • 97 % на директивата на води за пиење,
      • 44 % Нитратна директива, Директива за подземни води,
      • 11% Директива за води за капење,
      • 20% Директива за стандарди за квалитет на води,
      • 4% QA/QC Директива.
      • 16% Директива за поплави

Во рамките на претходните и тековните проекти кои се одвиваат во Сектор води се изработија план за управување на речен слив на река Струмица, како и Планови за управување со речен слив на река Брегалница (подслив на Вардар) и Планови за управување со подрачјето на речен слив на Преспанско Езеро (под слив на Црн Дрим). За сливот на река Вардар изработена е првична карактеризација на сливот на река Вардар, и тековно се спроведуваат активности за изработка на Планот за управување на речениот слив. Планот за управуање на речниот слив Црн Дрим се спроведува во рамките на ГЕФ проект и се развива интегриран пристап за управување на прекуграничните води. Треба да се спомне дека плановите се изработени водејќи се од принципите и одредбите пропишани во европската рамковна директива за води.

4. Дали националната цел е постигната?

Не е постигната, но со спроведување на планираните активности би требало да се постигне.

5. Клучни пораки за темата

Правилно и контролирано управување на водните ресурси е клучно во насоките на обезбедување на добра состојба (еколошка и хемиска) и/или потенцијал на површинските води и квантитативна и хемиска состојба на подземните води, пристап до безбедна вода за пиење, безбедни води за капење и користење на води која би ги задоволила потребите на домаќинствата, индустријата земјоделието енергијата и др.

6. Климатски промени и предвидувања

Република Северна Македонија не е богата со водни ресурси. Проценето е дека располага со 6.342.000.000м3 вода или со по околу 3.000 м3 по човек.72%од водните ресурси се наоѓаат сливот на Вардар, 26% се во сливот на Црн Дрим и 2% во сливот на река Струмица.

Влијанието на климатските промени врз квантитетот водите е големо како во светот така и во нашата земја. Очекувањата се дека просечната количина на врнежи ќе се намали за 8% до 2075 година и 13% до 2100 година.Намалувањето на достапните површински води на реката Вардар се проценува за 7,6% до 2025 година и за 18,2% до 2100 година. Постојано ќе се намалува и полнењето на подземните води во сливот на река Вардар и до 2100 година ќе биде 57,6% од сегашното ниво. Генералната достапност на водата во Република Северна Македонија се очекува да се намали за 18% во 2100 година.

Најголеми импликации од намалувањата на достапноста на водните ресури се очекуваат во земјоделскиот и енергетскиот сектор.

Земјоделското земјиште покрива околу 51% од теритотијата на Република Северна Македонија при што 22% се обработиво земјиште и 29% пасишта.

Имајќи ја впредвид големината на популацијата која својте приходи ги обезбедува од земјоделие може слободно да се каже дека достапноста на водните ресурси е од големо значение за економијата на земјата и економската добробит на населението. Намалената достапност на водните ресурси ќе ги загрози квантитетот и квалитетот на произведените земјоделски продукти. Земјоделците ќе се соочуваат со поголеми предизвици за да ги обезбедат својте приходи што неминовно би довело и до раст на цената на прехрамбените продукти.

Намалувањето на достапните водни ресури ќе има значителен негативн ефекти не само на земјоделието туку и на останатите економски сектори. Република Северна Македонија има 7 големи хидроцентрали со инсталиран капацитет од 528MW кој заедно со малите хидроцентрали генерираат од 18% до 35% од производството на електричната енергија. Полнењето на акумулациите е од големо значение за производството на електрична енергија за нашата земја. Намалувањата на достапноста на водните ресурси ќе има значителено негативно влијание врз производството на електрична енергија и ќе ја зголеми зависноста на земјата од увоз на струја што секако ќе доведе до зголемувања на цената на истата.

Последиците на климатските промени, сушните периоди и повисоките просечни температури треба да бидат земени впредвид зголемува ризикот при процесите на планирањето на хидриропотенцилајот.

7. Кои активности се/треба да се превземат?

Јасна дефинираност и поставеност на надлежностите за управување со водните ресурси, усогласување на националаното законодавство со законодовството на Европската Унија, спроведување на плановите за управување со речни сливови, јакнење на системот за издавање на дозволи за користење на води и дозволи за испуштање во водите, јакнење на интерсекторката соработка и јакнење на јавната свест.

ЛЕГИСЛАТИВА
р.б. Код Име на индикатор
34 МК НИ 018 Индекс на експлоатација на водата
35 МК НИ 017 Користење на водни ресурси по сектори
36 МК НИ 021 Зафатена вода
37 МК НИ 023 Водостој на природни езера
38 МК НИ 032 Сосотојба на вештачки акумулации
39 МК НИ 033 Приоритетни супстанци во реки
40 МК НИ 019 Супстанци кои конзумираат кислород во реките
41 МК НИ 020 Нутриенти во водите
42 МК НИ 022 Квалитет на водата за капење
43 МК НИ 024 Пречистување на урбани отпадни води
44 МК НИ 039 Квалитет на вода за пиење
45 МК НИ 040 Наводнувано земјоделско земјиште
46 МК НИ 034 Дозволи за води
47 МК НИ 037 Заштитни зони околу водни тела наменети за консумирање од страна на човекот

Вода – Листа на индикатори и нивниот прогрес

ПОВРЗАНИ ИНДИКАТОРИ СО ТЕМАТА
I СОЦИО-ЕКОНОМСКИ ПРОМЕНИ
1 МК НИ 090 Број на население
2 МК НИ 091 Густина на население
3 МК НИ 092 Реален Бруто-домашен производ (БДП) по жител
III КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
27 МК НИ 010 Емисии на стакленички гасови
31 МК НИ 012 Температура на воздухот
32 МК НИ 051 Врнежи
33 МК НИ 005 Топлотни бранови (периоди од најмалку шест последователни денови во кои Тмакс > 90ти перцентил)
V ПОЧВА И КОРИСТЕЊЕ НА ЗЕМЈИШТЕ
50 МК НИ 015 Напредок во управувањето со контаминирани локалитети
51 МК НИ 053 Ерозија на почвата
VIII ШУМАРСТВО
62 МК НИ 038 Шумски пожари
X ДОМАЌИНСТВА
76 МК НИ 082 Изградба на нови живеалишта по региони
77 МК НИ 083 Стапка на пренаселеност во домаќинствата, % од население
XI ЕНЕРГИЈА
79 МК НИ 027 Потрошувачка на финална енергија по сектори
80 МК НИ 028 Вкупна енергетска интензивност
81 МК НИ 029 Вкупнo потребна енергија
82 МК НИ 030 Потрошувачка на обновлива енергија
83 МК НИ 031 Обновлива електрична енергија
84 МК НИ 077 Учество на eлектричната енергија од обновливи извори во бруто-производството на електрична енергија
85 МК НИ 078 Учество на eлектричната енергија од обновливи извори во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија
86 МК НИ 079 Финална потрошена електрична енергија во домаќинствата по жител
87 МК НИ 058 Енергетска зависност за сите енергенти
88 МК НИ 060 Учество на обновливaта енергија во бруто финална потрошувачка
XV ТУРИЗАМ
99 МК НИ 047 – 1 Туристички промет – Меѓународна туристчка посетеност
100 МК НИ 047 – 2 Туристички промет – Престој на странски туристи
101 МК НИ 047 – 3 Туристички промет – Домашна туристчка посетеност
102 МК НИ 048 Туристички обем и динамика на капацитетите
103 МК НИ 049 Местото на туризмот во економијата
104 МК НИ 094 Интензитет на туризмот
105 МК НИ 095 Отпад од туризмот
106 МК НИ 096 Користење на водни ресурси од туризмот
XVI ЕКОНОМИЈА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА И УПРАВУВАЊЕ СО РЕСУРСИ
107 МК НИ 067 Трошоци за заштита на животната средина
111 МК НИ 071 Продуктивност на ресурси и домашна потрошувачка на материјали
XVII ИНСТРУМЕНТИ ЗА ПОЛИТИКИТЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
112 МК НИ 085 Известување за податоци за животната средина
113 МК НИ 086 Дозволи за управување со отпад
114 МК НИ 087 Обуки за областите од животната средина за вработените во Општините
115 МК НИ 088 Број и опременост на пречистителни станици за урбани отпадни води