МК – НИ 018

ИНДЕКС НА ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА ВОДАТА smajli 1 strelki
Дефиниција

Индикаторот го следи процентот на апстракција на слатки води во Република Северна Македонија, измерен во однос на обновливте извори на слатки води.

Единици
  • Индекс на експлоатација на водата – WEI се изразува во %.
Клучно прашање за креирање на политиката

Дали апстракцијата на водите се базира на одржливоста на водите?

Клучна порака

Во периодот од 1990 до 2021 година, се бележи осцилаторен тренд на користење на водите. Посебен пораст е забележан во 2012 година, каде најголеми колични на водни ресурси се потрошени за наводнување. Тоа се должи на фактот што 2012 година беше сушна, а распоредот на врнежите беше таков што овозможи полненење на акумулациите со потребните количини на вода за наводнување.

График 1. Индекс на експлоатација на водатаCSI 018 Voda2022 MK

 

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци:Државен завод за статистика, Управа за водостопанство, ЈП Водовод и канализација, Водните заедници

Оценка

Во светски рамки кога WEI е над 20%, претставува стрес врз водните ресурси, а тоа би предизвикало економски потешкотии и проблеми во животна средина.

Во периодот од 1990 до 2021 година, се бележи променлив тренд на користење на водите во земјата. Посебен пораст на потрошувачката на вода е забележан во 2004, 2010 и 2012 година додека во преостанатиот период е во согласност со пропишаните светски вредности. Најголем корисник на површински и подземни води во разгледуваниот период се преработувачката индустрија и наводнувањето. Во годините од 2000 до 2003 како и 2008, 2011 и 2012 количините зафатена вода за наводнување ги надминуваат тие за преработувачката индустрија. Во целокупниот разгледуван период најмала е потрошувачка на вода за производството на електрична енергија односно за ладење на електарните.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Податоците се обезбедуваат и обработуваат по сектори и видови индустрија.

Експлоатациониот индекс на вода (wei) се пресметува преку средно годишната вредност на вкупната апстракција на вода поделена со вкупната средно годишната вредност на обновливи слатководни ресурси на ниво на држава.

WEI =(totABS/LTAA) *100

Каде што: totABS = средно годишната вредност на вкупната апстракција на вода за сите намени; LTAA = долгорочна годишна просечна вредност на слатководните ресурси, каде податоците се изразени во просек за период од најмалку 20 последователни години. Единица = %

Цели
  • Обезбедување вредноста на WEI да е под 20%.
  • Согласно SDG 6.4. – Значително зголемување на ефикасноста за користење на водата во сите сектори и да се обезбеди одржливо повлекување и снабдување со слатка вода за решавање на недостатокот на вода и значително намалување на бројот на луѓе кои страдаат од недостиг на вода.
Обврска за известување
  • Годишно до Европската агенција за животна средина (EEA) за потребите нa WISE – SoE Water Quantity
  • До УНЕЦЕ
  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средина
  • Извештај за состојба со животната средина
  • Статистики на животна средина
Општи мета-податоци
Тема Вода Поврзаност со други теми/сектори Климатски промени, Земјоделство, Енергија
Код на индикаторот MK НИ 018 Временска покриеност 1990-2021
Име на индикаторот Индекс на експлоатација на водата Извор на податоци Државен завод за статистики, Водни заедници, Управа за водостопаство, ЈП водовод и канализација
Класификација по ДПСИР П Датум на последна верзија 09.09.2022
Тип А Подготвено/ажурирано од Аземине Шакири
Сузана Стојановска
Фреквенција на публикување на две години Контакт a.shakiri@moepp.gov.mk
suzana.stojanovska@stat.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 018Индекс на експлоатација на водата EEA – Европска агенција за животна средина IND-11/CSI 018, WAT 001-Use of freshwater resources in Europe
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа 33 – Water exploitation index
Каталог на индикатори за животна средина нема еквивалент
SDG – Цели за одржлив развој 6. Ensure availability and sustainable management of water and sanitation for all
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија да
Последна измена:  петок ноември 18th, 2022