МК – НИ 022

КВАЛИТЕТ НА ВОДАТА ЗА КАПЕЊЕ smile1 logo-re
Дефиниција

Индикаторот ги опишува промените во текот на времето на квалитетот на назначените водни тела за капење, во смисла на придржување кон стандардите за микробиолошките параметри (цревни ентерококи и ешерихиа коли) и физичко-хемиските параметри (минерални масла, површински-активни супстанции и феноли), воведени со Директивата на ЕУ за водата за капење (76/160/EEЗ)и Правилникот за начинот и мерките на управување со водите за капење, техничките китериуми и целите на квалитетот на водата за капење, како и начинот и постапката за информирање на јавноста за резултатите од мониторингот на водата за капење („Сл. весник на РМ“ бр.129/16), како и Уредбата за класификација на водите („Сл. весник на РМ“ бр.18/99).

Единици

Се изразуваат во форма на процент на копнени води за капење со задолжителни стандарди и нивоа од насоките за микробиолошките и физичко-хемиските параметри.

Клучно прашање за креирање на политиката

Дали квалитетот на водата за капење се подобрува?

Клучна порака

Kвалитетот на езерската вода воглавно е на задоволително ниво на квалитет, меѓутоа постојат реки коипри своето влевање во езерата придонесуваат за влошување на квалитетот наезерската вода. Процентот на проби со несоодветен квалитет сéуште е висок (особено за физичко-хемиските параметри). Населбите околу трите природни езера се едни од ретките што поседуваат постројки за пречистување на отпадните води во земјата.

Треба да се продолжи усогласувањето на националното законодавство и стандардите во оваа област со Директивата на ЕУ за водата за капење.

График 1. Квалитет на водата за капење – езераCSI 022 Voda2022 MK_g1

 

График 2. Квалитет на водата за капење – вештачки езераCSI 022 Voda2022 MK_g2

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија

Оценка

Најголем процент од водните површини во земјата отпаѓа на природните езера, чиешто крајбрежје се користи за рекреативни цели. Квалитетот на водите во овие езера е загрозен со испуштање на отпадни води, со неконтролираното користење на езерските води за земјоделски и за туристички цели, како и од временските услови. Во РепубликаСеверна Македонија покрај природните езера има и вештачки езера – водни акумулации, кои покрај тоа што се користат за рекреативни цели се користат и за економски цели.

Проблемите поврзани со заштитата на квалитетот на водата за капење во езерата се тесно поврзани со реализацијата на еден од највисоките приоритети во заштитата на животната средина во земјата – изградба на соодветни системи за пречистување на отпадни води.

Како меѓународни води, водите на најголемите природни езера – Охридското и Преспанското, исто така, се предмет на билатерални и трилатерални договори меѓу Република Северна Македонија, Република Албанија и Република Грција.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Стандардна методологија на земање мостри – годишни податоци.

Цели

Потребно е сите идентификувани водни тела за капење да бидат во согласност со мандаторните вредности за квалитет утврдени со Директивата за водата за капењеодносно со одредбите од Законот за води.

Обврска за известување
  • WHO
Општи мета-податоци
Тема Вода Поврзаност со други теми/сектори Климатски промени, Отпадни води
Код на индикаторот MK НИ 022 Временска покриеност 1990-2021
Име на индикаторот Квалитет на вода за капење Извор на податоци Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија
Класификација по ДПСИР С Датум на последна верзија 01.09.2022
Тип Б Подготвено/ ажурирано од: Михаил Кочубовски
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта: kocubov58@gmail.com
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 022 Квалитет на вода за капење EEA – Европска агенција за животна средина IND-26/CSI 022 , WAT 004 Bathing water quality
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа нема еквивалент
Каталог на индикатори за животна средина 187 – Bathing water quality
SDG – Цели за одржлив развој 6. Ensure availability and sustainable management of water and sanitation for all
14
, Eurostat 14.40 Bathing sites with excellent water quality by locality
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија не
Последна измена:  петок ноември 18th, 2022