МК – НИ 005

ТОПЛОТНИ БРАНОВИ (периоди од најмалку шест последователни денови во кои Тмакс > 90ти перцентил) strelki i
Дефиниција

Топлотен бран се дефинира како период од најмалку шест последователни денови со максимална температура поголема од деведесетиот пецентил за секој соодветен ден (Тмакс > 90ти перцентил). Под вредност дефинирана како „90ти перцентил“ од множество податоци, во овој случај максимални темпаратури, се подразбира вредност на максимална дневна температура поголема од 90 % членови од множеството податоци.

Единици
  • Број на денови / периоди
Клучно прашање за политиката

Каков е трендот на бројот на топлите бранови и бројот на денови со Тмакс > 90ти перцентил?

Клучна порака

Генерално, иако постојат години во кои нема топлотни бранови, во разгледуваниот период (1990-2021) кај сите мерни локации се забележува тренд на пораст на бројот на топлотни бранови, пораст на вкупниот број на денови со Tmax>90ти перцентил и пораст на средниот број денови по еден период во годините во кои има топлотни бранови.

Генерално бројот на топли бранови е во интервалот 36-41 случаи, вкупниот број на денови е во интервалот 286 – 333 а максималниот број на топлотни бранови на ниво на година се движи меѓу 4 и 5 случаи.

Споредбено, за Лазарополе, кој е на најголема надморска височина, бројот на топлотни бранови не одстапува од другите локации но вкупниот број на денови е помал односно топлотните бранови се пократки.

График 1. Топлотни бранови за Скопје (референтен период 1981-2010)CSI 005 ToplotniBranovi 2022 МК_g1

График 2. Топлотни бранови за Битола (референтен период 1981-2010)CSI 005 ToplotniBranovi 2022 МК_g2

 

График 3. Топлотни бранови за Гевгелија (референтен период 1981-2010)CSI 005 ToplotniBranovi 2022 МК_g3

 

График 4. Топлотни бранови за Лазарополе (референтен период 1981-2010)CSI 005 ToplotniBranovi 2022 МК_g4

 

График 5. Број на денови со Тмакс >90тиот перцентил (референтен период 1981-2010)CSI 005 ToplotniBranovi 2022 МК_g5

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Управа за хидрометеоролошки работи
Оценка

Индикаторот „топлотен бран“ е дефиниран на основа на споредба на дневните максимални температури за периодот: 1990, 1995, 2000-2021 година, со 90тиот перцентил за секој соодветен ден, пресметан за петдневен прозор (+/- 2 дена во однос на конкретен ден во годината), за референтен период 1981-2010 година.

Средниот број на топлотни бранови и нивната вкупна должина (вкупниот број на денови) е пресметан од референтниот период но само од годините во кои има топлотни бранови.

Прикажаните резултати се добиени со обработка на податоци за периодот (1990, 1995, 2000-2021) година, а како референтен се користи периодот 1981-2010. Причина за ова е тоа што низата на податоци во Скопје (1978-2021) е пократка од низите во останатите мерни станици (1951-2021) со што се постигна униформност на податоците и разгледуваните периоди.

Генерално, иако постојат години во кои нема топлотни бранови, во разгледуваниот период (1990-2021) кај сите мерни локации се забележува тренд на пораст на бројот на топлотни бранови, пораст на вкупниот број на денови со Tmax>90ти перцентил и пораст на средниот број денови по еден период во годините во кои има топлотни бранови.

За Скопје максималниот број на топлотни бранови на ниво на година е 5 (2012 и 2019) со 40 односно 49 денови Tmax>90ти перцентил, респективно. Вкупниот број на топлотни бранови во прикажаниот временски интервал е 39 со вкупно 333 денови.

За Битола максималниот број на топлотни бранови на ниво на година е 4 (2007, 2016, 2017 и 2021) со 30, 31, 32 односно 32 денови Tmax>90ти перцентил, респективно. Но во 2019 година има три топлотни бранови со вкупно 34 денови. Вкупниот број на топлотни бранови во прикажаниот временски интервал е 41 со вкупно 329 денови.

За Гевгелија максималниот број на топлотни бранови на ниво на година е 4 (2012, 2019 и 2021) со 32, 44 односно 28 денови Tmax>90ти перцентил, респективно. Вкупниот број на топли бранови во прикажаниот временски интервал е 39 со вкупно 317 денови.

За Лазарополе максималниот број на топлотни бранови на ниво на година е 5 (2012) со 33 денови Tmax>90ти перцентил. Вкупниот број на топлотни бранови во прикажаниот временски интервал е 36 со вкупно 286 денови.

Генерално бројот на топли бранови е во интервалот 36-41 случаи, вкупниот број на денови е во интервалот 286-333, а максималниот број на топлотни бранови на ниво на година се движи меѓу 4 и 5 случаи.

Споредбено, за Лазарополе, кој е на најголема надморска височина, бројот на топлотни бранови не одстапува од другите локации но вкупниот број на денови е помал односно топлотните бранови се пократки.

Во 2021 година на сите локации (освен во Лазарополе) се забележува зголемивање на бројот на топлотни бранови и на нивната должина, во однос на претходната година. Во Лазарополе како и предходната година има 1 (еден) топлотен бран, со тоа што во 2021 год. тој топлотен бран е пократок за 1 (еден) ден во однос на предходната година.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Под максимална температуранавоздухотсеподразбира најголемата температуратанаамбиенталниотвоздух, мерена вометеоролошки заклон (метеоролошка куќичка) нависинаод 2 метри, во периодот од 21:00 часот претходниот ден до 21:00 часот за дадениот календарски ден. Таасемери на конвенционален начин состандарден максимален стаклентермометар или со електронскисензор во состав на автоматските метеоролошки станици.

Од измерените дневни максимални температури на воздухот, за секој календарски ден од дефинираниот референтен период се пресметува 90тиот перцентил. За секој календарски ден од разгледуваниот период (1990-2021) се врши споредба на вака пресметаните вредности со максималната температура. Интервалот од шест и повеќе последователни денови за кои Tmax>90ти перцентил се нарекува „топлотен бран“.

Цели

Во својата политика за климата, Европската унија предложи порастот на глобалната средна температура да се ограничи на под 2°C во однос на прединдустриските нивоа.

Обврска за известување

Светска метеоролошка организација.

Општи мета-податоци
Тема Климатски промени Поврзаност со други теми/сектори Воздух, Вода, Почва и користење на земјиште, Природа
Код на индикаторот MK НИ 005 Временска покриеност 1990-2021
Име на индикаторот Топлотни бранови (периоди од најмалку шест последователни денови во кои Тмакс > 90ти перцентил) Извор на податоци Управа за хидрометеоролошки работи
Класификација по ДПСИР И Датум на последна верзија 21.09.2022
Тип А Подготвено/ ажурирано од: Александар Проданов
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта:
aprodanov@meteo.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 005 Топлотни бранови (периоди од најмалку шест последователни денови во кои Тмакс > 90ти перцентил) EEA – Европска агенција за животна средина IND-348, CLIM 047
Heating and cooling degree days
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа Нема еквивалент
Каталог на индикатори за животна средина 48 – Heating and cooling degree days (EEA_CLIM047)
SDG – Цели за одржлив развој 13, Climate action
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија не
Последна измена:  вторник ноември 22nd, 2022