МК – НИ 038

ШУМСКИ ПОЖАРИ strelki i
Дефиниција

Индикаторот дава информации за бројот на шумските пожари на територијата на Република Северна Македонија. Потоа дава информации за големината на шумските пожари прикажувајќи ја опожарената површина и видот на опожарената дрвна маса како и предизвиканата вкупна штета од пожарот.

Единици

Опожарената површина е изразена во ha (хектари), додека опожарената дрвна маса е изразена во m3. Вкупната штета од шумските пожари е изразена во денари, како и број на шумски пожари.

Клучно прашање за креирање на политиката

Каква е состојбата со шумските пожари во Република Северна Македонија?

Колкав е бројот на шумските пожари, колкава е опожарената површина и опожарената дрвна маса?

Клучна порака

Во Република Северна Македонија, во разгледуваниот период, се забележува нагло зголемување на бројот на пожарите, опожарената површина и опожарената дрвна маса, кои во 2007 го достигнуваaт максимумот од 652 пожари. Потоа има тренд на постепено намалување до 2009 со 61 пожар, за повторно во наредните години бројот на пожари да се зголеми.

Бројот на пожари во 2021 година бележи намалување во однос на бројот на пожари во 2019 година, за2 пати.

График 1. Број на шумски пожариCSI 038 2022 MK_g1

 

График 2. Опожарена површинаCSI 038 2022 MK_g2

 

График 3. Опожарена дрвна масаCSI 038 2022 MK_g3

 

График 4. Вкупна штета од пожарите изразена во денариCSI 038 2022 MK_g4

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Јавно претпријатие за управување со шумите – македонски шуми

Оценка

Шумските пожари се еден од најголемите проблеми во шумарството, како и за животната средина во целост во Република Северна Македонија. Поради пожарите големо количество на дрвна маса се уништува и тоа претставува економски проблем. Пожарите на шумите предизвикуваат загадување на воздухот, почвата и водата. Изгорените дрва се извор за развој на патогени и штеточини. Потоа, постои зголемување на ерозивните процеси во изгорените површини, дебалансирање на водниот режим, губење на вегетацијата и опустување. Речиси 95% од шумските пожари се предизвикани од човекот. Шумските пожари во разгледуваниот период просечно годишно уништуваат околу 8.876,34ha шума. Годишно во просек во периодот од 1999 до 2021година има по 211 пожари. Во 2007 година поради екстремни суши и човечки фактор имало 652 пожара на околу 35.000 ha површина.

Пропорционално со разгледуваните параметри претходно, вкупната штета од пожарите по години изразена во денари е најголема во 2021 година со вредност од 2.373.137.539 денари. Годишно во просек во периодот од 1999 до 2021година вкупната штета од пожарите изнесува 480.266.213,88 денари.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Податоците и пресметката на индикаторот е направено од страна на Јавното претпријатие за управување со шумите во Република Северна Македонија – Македонски Шуми.

Цели

Почитување на законската регулатива која се однесува на заштита на шумите и шумските ресурси. Намалување на бројот на шумските пожари, намалување на опожарената дрвна маса и шумска површина. Намалување на трошоците и штетите предизвикани од шумските пожари. Подигање на јавната свест за борба против пожарите и преземање на сите неопходни мерки за намалување на човечкиот фактор како причинител на шумските пожари.

Општи мета-податоци
Тема Шумарство Поврзаност со други теми/сектори Почва и користење на земјиште, Земјоделство, Природа, Домаќинства, Урбанизација
Код на индикаторот MK НИ 038 Временска покриеност 1990-2021
Име на индикаторот Шумски пожари Извор на податоци Јавно претпријатие за управување со шумите – македонски шуми
Класификација по ДПСИР И Датум на последна верзија 18.07.2022
Тип А Подготвено/ ажурирано од: Арминда Рушити
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта: a.rushiti@moepp.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 038 Шумски пожари EEA – Европска агенција за животна средина IND-185/CLIM 035, Forest fires
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа нема еквивалент
Каталог на индикатори за животна средина 99, Forest fires
SDG – Цели за одржлив развој нема еквивалент
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија да
Последна измена:  среда ноември 23rd, 2022