СОСТОЈБА НА ВЕШТАЧКИ АКУМУЛАЦИИ |
Индикаторот го следи количеството на вода во вештачките езера како и соодност на вкупниот волумен на вештачките езера и водата во истите.
- Количина на вода изразена во милиони m3 годишно (hm3).
Какoв е трендот на количеството на вода во вештачките езера?
Акулациите кои се земени во овој индикатор се со вкупен проектиран капацитет од 2356hm3. Во рамките на сливот на река Вардар капацитетот на акумулациите е 1343hm3, на река Црн Дрим 935hm3, а на река Струмица 78hm3.
График 1. Капацитет по сливови
График 2. Вода во акумулациите по сливови
Табела 1. Процент на исполнетост на акумулациите
Опфат на податоци: excel
Извор на податоци: Јавни претпријатија кои стопанисуваат со акумулациите
Акумулациите разгледувани во овој индикатор се поделени во три сливни подрачја, дадени подолу:
- Сливно подрачје на река Вардар ги содржи следните акумулации: Козјак, Света Петка, Тиквеш, Глажња, Липково, Калиманци, Градче, Стрежево, Прилеп, Паљурци, Мавровица, Младост, Лисиче.
- Сливно подрачје на река Црн Дрим ги содржи следните акумулации: Шпиље, Глобочица и Маврово.
- Сливно подрачје на река Струмица ги содржи следните акумулации: Турија, Водоча, Новоселска и Иловица.
Вкупниот проектиран капацитет на акумулациите во трите сливни подрачја изнесува 2356hm3. Во текот на разгледуваниот период во трите сливни подрачја се бележи намалување нарасположивата вода во акумулациите.Најголемо намалување е во сливот на река Струмица. Исполнетоста на акумулациите во ова сливно подрачје во 2021 година е намалена за 28,7% во однос на 2018 година. Вкупниот капацитет на акумулациите во сливот на Струмица е 77,9hm3.Иако намалувањето на количеството на водата во акумулаците на сливот на Струмица е процентуално најголемо, сепак се работи за најмала количинана на вода која е намалена во однос акумулациите на другите две сливни подрачја и изнесува 22,35hm3. Најмало намалување на исполнетоста на акумулациите е во сливот на Црн Дрим и изнесува 18,57%. Намалувањето на расположивата вода на акумулациите во сливот на Вардар е 20,3% и изнесува 272,77hm3.
Неповолната хидролошка состојба во разгледуваниот период оневозможува доволни количества на вода да се слеваат во акумулациите, а со тоа и неможност да се наполни максималниот капацитет на акумулациите.
- Методологија за пресметка на индикаторот
Се врши споредба на максималниот капацитет на акумулациите по сливно подрачје со средногодишниот просек на вода кој се наоѓа во истите.
Одрживо користење на водните ресурси.
- Европска агенција за животна средина
Тема | Вода | Поврзаност со други теми/сектори | Природа, Енергија, Индустрија |
Код на индикаторот | MK НИ 032 | Временска покриеност | 2017-2022 |
Име на индикаторот | Сосотојба на вештачки акумулации | Извор на податоци | Јавни претпријатија кои стопанисуваат со акумулациите |
Класификација по ДПСИР | С | Датум на последна верзија | 07.10.2022 |
Тип | А | Подготвено од: | Ивица Тасиќ |
Фреквенција на публикување | Годишно | Контакт | i.tasik@moepp.gov.mk |
МК НИ 032 Состојба со вештачки акумулации | EEA – Европска агенција за животна средина | нема еквивалент |
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа | нема еквивалент | |
Каталог на индикатори за животна средина | нема еквивалент | |
SDG – Цели за одржлив развој | 6. Ensure availability and sustainable management of water and sanitation for all | |
GGI – Индикатори за зелен раст | да | |
Кружна економија | не |