Согласно новиот Закон за управување со отпад („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.216/21) изработени се нацрт текстови за следните подзаконски акти и тоа:
- Правилник за исполнување на барањата за добивање на дозвола за управување со отпад, формата и содржината на образецот на барањето за добивање на дозвола и начинот на доставување, како и формата и содржината на образецот на дозволата за вршење на дејност управување со отпад (*)
- Листа на видови на отпад
- Правилник за составот, висината на надоместокот и начинот на работа на работното тело за отпад
- Правилник за количеството на биоразградливи состојки во отпадот што смее да се депонира (*)
- Правилник за општите правила за управување со комуналниот отпад и со другите видови неопасен отпад (*)
- Правилник за начинот на управување со медицински отпад, како и начинот на пакување и обележување на медицинскиот отпад(*)
- Правилник за формата и содржината на прекршочниот платен налог
- Правилник за формата и содржината, како и начинот на водење, чување и одржување на Регистарот за отпад
- Правилник за критериумите за прифаќање на отпадот во депониите од секоја класа, подготвителните постапки за прифаќање на отпадот, општи постапки за тестирање, земање мостри и прифаќање на отпадот(*)
- Правилник за извоз, увоз и транзит на отпад (*)
Со цел вклучување на јавноста во подготовката на подзаконските акти, Министерството за животна средина и просторно планирање на својата веб страна ги објавува текстовите на нацрт правилниците заради добивање на забелешки и мислења по истите од јавноста и од засегнатите институции.
Вашите забелешки, коментари и мислења по наведените подзаконски акти може да ги доставите најдоцна до 03.02.2022 година писмено до архивата на Министерството за животна средина и просторно планирање, адреса Плоштад Пресвета Богородица бр.3, 1000 Скопје или на следната електронска адреса: infoeko@moepp.gov.mk.