ТРАНСПОРТ

ИЗВЕШТАИ
РЕЗИМЕ

ДПСИР рамка

DPSIR_ramka_rezime_Indikatori_Transport

  1. Што се случува?

Транспортот ја гарантира нашата мобилност и овозможува пристап до добра и услуги. Понатаму, транспортниот сектор го помага одржувањето и развојот на општествените и економските системи, но истовремено транспортот е еден од главните извори на притисоци врз животната средина, како што се неодржливото користење на природни ресурси, испуштањето на емисии на загадувачки супстанции во воздухот, стакленички гасови и емисии на бучава. Сообраќајот е сектор кој има голем удел во загадувањето на животната средина, а особено деградирачко дејство има во урбаните средини.

Вкупната побарувачка на патнички транспорт во разгледуваниот период пораснала за 53,73%. Учеството на патниот транспорт во вкупниот патнички транспорт изнесува 99,8% во 2020 година, што претставува пораст од 61,88% во однос на 1990 година, додека на железничкиот транспорт изнесува 0,2% во 2020 година, што претставува пад од 14,2 пати во однос на 1990 година.

Учеството на приватните возила во вкупниот патнички транспорт е најголемо. Во 2020 година има удел од 93,6% и истовремено претставува најголем удел во разгледуваниот период. Зголемената побарувачка за автомобили директно влијае на структурата на патничкиот копнен сообраќај, негативно се одразува на животната средина и здравјето, особено што со голем број возила се превезуваат мал број патници.

Вкупната побарувачка на товарниот транспорт покажува променлив тренд на опаѓање и растење, но за жал се зголемила за 3,7 пати како резултат на зголемување на патниот транспорт за 4,9 пати, додека кај железничкиот товарен транспорт има пад од 55,7%, што нема поволно влијание врз животната средина.

Користењето на бензин од патничките автомобили е најголемо, но со тренд на опаѓање од 30,06% во разгледуваниот период. За сметка на падот на употребата на бензинот, користењето на нафтата има тренд на зголемување. Кај останатите видови возила доминантен вид на гориво е нафтата со тренд на зголемување, по која следи бензинот. Останатите видови горива имаат многу мал удел со тенденција на пораст.

Емисиите на загадувачките супстанции кои потекнуваат од транспортот имаат големо влијание во вкупните емисии на загадувачки супстанции во воздухот. Поради ова, особено е важно да се обновува возниот парк. Од податоците во разгледуваниот период, за сите категории возила, се забележува дека бројот на возилата има тренд на покачување, но за жал и понатаму најголем удел во вкупниот број на возила имаат возилата со старост над 10 години, што укажува на доста стар возен парк, кој има негативно влијание на вкупните емисии на загадувачките супстанци во воздухот.

Врз основа на податоците во разгледуваниот период се забележува дека, стапката на морталитет предизвикан со сообраќајни несреќикај вкупното население и според разгледуваните старосни групи, бележи променлив тренд и сеуште е далеку од целта која требаше да се постигне во 2020. Но и оваа стапка е доволен аргумент кој укажува на потребата од воведување на интeрвентни програми како дел од интерсекторските политики.

  1. Зошто се случува?

Намалувањето на негативното влијание на транспортните системи врз животната средина и климатските промени е високо на агендата на ЕУ, а исто така и на нашата национална агенда. Негативното влијание на транспортниот сектор врз животнатата средина се должи на повеќе аспекти, како што е стариот возен парк на регистрирани возила, кој според последните статистики покажува дека околу 60% од вкупниот број регистрирани патнички возила на национално ниво се со стандард ЕУР 0-3. Исто така, трендот на зголемување на возила со дизел мотори доведува до зголемување на штетни издувни емисии во воздухот. Оттаму се наметнува потребата од зголемување на привлечноста на јавниот превоз и поврзување преку адаптирање на инфраструктурните капацитети, промена од еден на друг вид на транспорт за превоз на патници и користење на јавниот транспорт. Понатаму, потребно е воведување на бариери за бучава, подобрена инфраструктура за немоторизирани начини на транспорт во урбаните средини и езера, имплементирање на нови стандарди за заштита, изградба и одржување на патната инфраструктура.

Особено во урбаните средини главните извори на емисии на загадувачки супстанци се патничките возила односно моторите со внатрешно согорување вградени во разните сообраќајни средства. Без оглед на степенот на согорување, моторите СВС емитираат загадувачки супстанци кои преставуваат потенцијална опасност за животната средина и здравјето на луѓето, а истовремено ја загрозуваат безбедноста на сообраќајот.

Во однос на безбедноста на сообраќајот, националните анализи покажуваат дека безбедноста во сообраќајот, особено во патниот сообраќај, не е на соодветно ниво и потребно е вклучување на иновации во примената, систематското и консолидирано собирање на податоци, истражување на несреќи, информирање и подигање на свеста на учесниците во сообраќајот.

  1. Дали имаме национална цел?

Во склоп на „Националната транспортна стратегија 2018-2030“, предвидено е воведување на зелена мобилност и логистика фокусирана на еколошка ефикасност на транспортниот сектор како Општа цел 3 од Стратегијата. Посебните цели вклучуваат:

–          Развој и унапредување на еколошки прифатливи транспортни системи со ниско ниво на јаглерод диоксид

–          Стимулирање на промена од еден на друг вид на транспорт

–          Зголемување на важноста на интермодалниот и мултимодалниот транспорт во националната транспортна политика

Како Општа цел 4 планирано е воспоставување на сигурен и безбеден транспортен систем преку остварување на посебните цели:

–          Подобрување на безбедноста во транспортот, преку разработена мултидисциплинарна стратегија за да се подобрат сите начини на транспорт (вклучувајќи железнички, воздушен, урбан и езерски превоз, ранливи учесници во патниот сообраќај, инфраструктурата, подобрено управување со безбедноста и култура за поддршка на безбедноста преку зголемување на јавната свест)

–          Подобрување на безбедноста во патниот сообраќај и безбедноста на патната инфраструктура (вклучувајќи безбедност во урбаниот транспорт)

–          Воведување на ИТ технологии и имплементирање на Интелигентни транспортни системи (ИТС) во транспортниот сектор

  1. Дали националната цел е постигната?

Дел од националните цели се постигнати, дел се во процес на спроведување, а дел се во склоп на Национални стратегии кои треба да се спроведат во иднина. Во однос на разгледуваните индикатори може да се забележи дека сеуште сме далеку од остварување на зацртаните цели.

  1. Клучни пораки за темата
  • Учеството на патничките возила во вкупниот патнички транспорт е најголемо. Во 2020 година има удел од 93,6% и истовремено претставува најголем удел во разгледуваниот период. Зголемената побарувачка за автомобили директно влијае на структурата на патничкиот копнен сообраќај, негативно се одразува на животната средина и здравјето, особено што со голем број возила се превезуваат мал број патници.
  • За да се намали притисокот врз животната средина политиките во секторот транспорт треба да фаворизираат мерки за намалување на патниот товарен транспорт, а зголемување на железничкиот товарен транспорт.
  • Емисиите на загадувачките супстанции потекнуваат од скоро сите економски и општествени активности, а особено емисиите од транспортот имаат големо влијание во вкупните емисии во воздухот. Користењето на алтернативни извори на енергија, обновливи извори, биогоривото и природниот гас се примарни процеси за подобрување на квалитетот на воздухот и треба да бидат приоритетни мерки во политиките во секторот транспорт.
  • Најголем удел во вкупниот број на возила имаат возилата со старост над 10 години. За намалување на просечната старост на возилата потребно е спроведување на мерки за обнова на возниот парк.
  • Стапката на морталитет предизвикан со сообраќајни несреќикај вкупното население и според разгледуваните старосни групи, бележи променлив тренд и сеуште е далеку од целта која треба да се постигне во 2030.
  1. Кои активности се/треба да се преземат?

Генерално за подобрување на состојбата во секторот од сите аспекти, се наметнува потребата од зголемување на привлечноста на јавниот превоз и поврзување преку адаптирање на инфраструктурните капацитети, промена од еден на друг вид на транспорт за превоз на патници и користење на јавниот транспорт.

Стимулирање на употреба на еколошки прифатливи возила. Емисиите на загадувачките супстанции потекнуваат од скоро сите економски и општествени активности, а особено емисиите од транспортот имаат големо влијание во вкупните емисии во воздухот. Користењето на алтернативни извори на енергија, обновливи извори, биогоривото и природниот гас се примарни процеси за подобрување на квалитетот на воздухот и треба да бидат приоритетни мерки во политиките во секторот транспорт.

Воведување на бариери за бучава, подобрена инфраструктура за немоторизирани начини на транспорт во урбаните средини и езера, имплементирање на нови стандарди за заштита, изградба и одржување на патната инфраструктура.

За да се намали притисокот врз животната средина политиките во секторот транспорт треба да фаворизираат мерки за намалување на патниот товарен транспорт, а зголемување на железничкиот товарен транспорт.

Во однос на безбедноста на сообраќајот потребно е вклучување на иновации во примената, систематско и консолидирано собирање на податоци, истражување на несреќи, информирање и подигање на свеста на учесниците во сообраќајот. За да се намали бројот на сообраќајните несреќи особено е важно да се обезбеди пристап до безбеден, финансиски достапен, пристапен и одржлив транспортен систем за сите.

ЛЕГИСЛАТИВА
р.б. Код Име на индикатор
89 МК НИ 035 Побарувачка на патнички транспорт
90 МК НИ 036 Побарувачка на товарен транспорт
91 МК НИ 054 Патни моторни возила според видот на горивото
92 МК НИ 055 Просечна старост на патните моторни возила
93 МК НИ 046 Морталитет од сообраќајни несреќи

Транспорт – Листа на индикатори и нивниот прогрес

ПОВРЗАНИ ИНДИКАТОРИ СО ТЕМАТА
р.б. Код Име на индикатор
I СОЦИО-ЕКОНОМСКИ ПРОМЕНИ
1 МК НИ 090 Број на население
2 МК НИ 091 Густина на население
3 МК НИ 092 Реален Бруто-домашен производ (БДП) по жител
II ВОЗДУХ
5 МК НИ 001 Емисии на супстанци што предизвикуваат киселост
6 МК НИ 002 Емисии на озонски прекурсори
8 МК НИ 004-2 Надминување на граничните вредности за квалитет на воздух во урбани подрачја – PM10
9 МК НИ 004-3 Надминување на граничните вредности за квалитет на воздух во урбани подрачја – NO2
11 МК НИ 004-5 Надминување на граничните вредности за квалитет на воздух во урбани подрачја – По мониторинг станица
12 МК НИ 050-1 Емисија на основни загадувачки супстанци- SОx – сулфурни оксиди
13 МК НИ 050-2 Емисија на основни загадувачки супстанци – NОx – азотни оксиди
14 МК НИ 050-3 Емисија на основни загадувачки супстанци – NMVOC – неметански испарливи органски соединенија
16 МК НИ 050-5 Емисија на основни загадувачки супстанци – CO – јаглерод моноксид
17 МК НИ 061 Емисија на цврсти честички – TSP, PM10, PM2,5
18 МК НИ 062-1 Емисија на POPs – PAHs Полициклични ароматични јаглеводороди
19 МК НИ 062-2 Емисија на POPs – PCBs Полихлорирани бифенили
20 МК НИ 062-3 Емисија на POPs – PCDD/F Диоксини и фурани
21 МК НИ 062-4 Емисии на тешко разградливи органски загадувачки супстанци – Хексахлоробензен (HCB)
22 МК НИ 063 – 1 Емисија на тешки метали – Pb олово
23 МК НИ 063-2 Емисија на тешки метали – Cd кадмиум
24 МК НИ 063-3 Емисија на тешки метали – Hg жива
25 МК НИ 063-4 Емисија на тешки метали – As арсен
26 МК НИ 063-5 Емисија на тешки метали – Ni никел
III КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
27 МК НИ 010 Емисии на стакленички гасови
28 МК НИ 011 Проекции за емисии на стакленички гасови
V ПОЧВА И КОРИСТЕЊЕ НА ЗЕМЈИШТЕ
48 МК НИ 014 Зафаќање на земјиште
49 МК НИ 013 Земјина покривка
VI ПРИРОДА
53 МК НИ 008 Заштитени подрачја
X ДОМАЌИНСТВА
76 МК НИ 082 Изградба на нови живеалишта по региони
XI ЕНЕРГИЈА
79 МК НИ 027 Потрошувачка на финална енергија по сектори
80 МК НИ 028 Вкупна енергетска интензивност
81 МК НИ 029 Вкупнo потребна енергија
82 МК НИ 030 Потрошувачка на обновлива енергија
83 МК НИ 031 Обновлива електрична енергија
84 МК НИ 077 Учество на eлектричната енергија од обновливи извори во бруто-производството на електрична енергија
85 МК НИ 078 Учество на eлектричната енергија од обновливи извори во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија
86 МК НИ 079 Финална потрошена електрична енергија во домаќинствата по жител
87 МК НИ 058 Енергетска зависност за сите енергенти
88 МК НИ 060 Учество на обновливaта енергија во бруто финална потрошувачка
XIII ЗДРАВСТВО
94 МК НИ 072 Процена на здравствени ризици од аерозагадување со суспендирани честички
XIV БУЧАВА
95 МК НИ 073 Вкупна изложеност на бучава (целодневна бучава) во животнaта средина (Lдвн)
96 МК НИ 074 Интензитет на бучава преку ноќ (Lн)
97 МК НИ 075 Максимално ниво на бучава (LAmax)
98 МК НИ 076 Население во домаќинства кои сметаат дека страдаат од бучава, според статусот на сиромаштија
XV ТУРИЗАМ
99 МК НИ 047-1 Туристички промет – Меѓународна туристчка посетеност
100 МК НИ 047-2 Туристички промет – Престој на странски туристи
101 МК НИ 047-3 Туристички промет – Домашна туристчка посетеност
103 МК НИ 049 Местото на туризмот во економијата
104 МК НИ 094 Интензитет на туризмот
XVI ЕКОНОМИЈА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА И УПРАВУВАЊЕ СО РЕСУРСИ
107 МК НИ 067 Трошоци за заштита на животната средина
108 МК НИ 068 Учество на даноците за животна средина во вкупните даночни приходи
109 МК НИ 069 Енергетски даноци
110 МК НИ 070 Енергетски даноци според секторот обврзник
111 МК НИ 071 Продуктивност на ресурси и домашна потрошувачка на материјали