МЖСПП изготви Нацрт измени и дополнувања на Законот за животната средина и Нацрт – Закон за управување со отпадот

logo

Главен проблем поради кој се пристапи кон измени и дополнување на Законот за животната средина е непостоење одредби во законот со кој се дефинира, идентификува и управување со контаминирано подрачје на кое што е утврдено загадување на медиумите на животната средина при што сериозноста од можните влијанија на животната средина и здравјето на луѓето е со такво значење што е неопходна ремедијација на истото. Исто така, врз основа на досегашното спроведување на одредбите од законот со кои се пропишува спроведувањето на стручните испити за оцена на влијанието на проектот врз животната средина, стратегиска оцена на животната средина и постапување со средства за ладење и/или производи кои содржат средства за ладење се увиде потребата од допрецизирање на одредбите во законот со кои се уредува ова прашање. Дополнително, утврдена е потребата и за допрецизирање и доуредување на делот за надоместоци за животната средина за поефикасна наплата, како и стимулирање на поеколошко однесување.

Од друга страна пак, со донесувањето на нов Закон за управување со отпад ќе се овозможи воспоставување на функционален систем за регионално управување со отпад и изградба на регионални депонии, а истовремено ќе се затворат сите нестандардни депонии и ѓубришта. Воедно, ќе се овозможи регионално собирање, транспорт, селектирање, рециклирање на отпад, како и третман и искористување, со што ќе се зголеми степенот на заштита на здравјето на луѓето и заштита на животната средина, а сето тоа ќе биде чекор напред кон овозможување на циркуларна економија за овој сектор.

Во продолжение достапни за преземање се нацртите на законските текстови, како и Нацрт-Извештаите за проценка на влијание на регулативата за секој законски текст соодветно.

Закон за отпад
ПВР – Закон за отпад
Закон за ЖС
ПВР – Закон за ЖС