Просторот, како универзална категорија, е суштествена одредница на државата и истовремено предмет на најважниот процес во нејзиниот развој,процесот на планирањето.
Планирањето на просторот е начин за воспоставување на стратегијата за развојот на територијата на секоја цивилизирана држава.
Министерството за животна средина и просторното планирање, преку Секторот за просторно планирање, е задолжено за водењето и спроведувањето на политиките и следењето на процесите во обликувањето на просторот на Република Македонија.
Просторно планирање е мултидисциплинарна дејност чија цел е долгорочна проекција за развој на просторот од сите аспекти.
Со просторното планирање се обезбедува рамномерен просторен развој, рационално уредување и користење на просторот, услови за хумано живеење и работа на граѓаните, како и предвидување на мерки за заштита и унапредување на животната средина и природата, заштита од воени разурнувања, од природни и технолошки непогоди и др.
Просторното планирање претставува континуиран процес кој се реализира преку перманентно изработување и донесување на просторни планови, како и координирање на нивното спроведување, односно нивна имплементација.
Дејноста просторно планирање е дејност од јавен интерес, регулирана со:
– Законот за просторно и урбанистичко планирање и
– Законот за спроведување на Просторниот план на Република Македонија
Спроведувањето на овие закони е во надлежност на Министерството за животна средина и просторно планирање – Секторот за просторно планирање, кој е организиран во три одделенија:
Одделение за
планови и
просторна политикаОдделение за
спроведување на
просторни плановиОдделение за
стратешка оценка на
влијанието врз животната средина
Одделението за планови и просторна политика обезбедува спроведување на националната политика на одржлив просторен развој преку имплементација на предвидените концепции за просторен развој на државата, ги дефинира приоритетите во одделни области, согласно севкупната стратегија на Владата на Република Македонија, воспоставува меѓународна, меѓуресорска и меѓусекторска соработка во областа на просторното планирање, учествува во изработката и донесувањето на стратешките документи по оделни области, дава стручно мислење за усогласеноста на просторните планови од понизок ранг и релевантните стратешки документи со Просторниот план на Република Македонија, учествува во изготвувањето на законските акти од областа на просторното планирање.
Одделението за спроведување на просторни планови го координира процесот на изработка на просторните планови,издава Услови за планирање на просторот,врши надзор на спроведувањето на Просторниот план на Република Македонија, изработува извештаи и програми до Владата на Република Македонија за спроведување на Просторниот план на Република Македонија, воспоставува соработка со надлежните ресори и единиците на локалната самоуправа за следење на спроведувањето на Просторниот план на Република Македонија, дава стручно мислење за усогласеноста на плановите со Просторниот план на Република Македонија, подготвува информации за состојбите и промените во просторот.
Одделението за стратешка оценка на влијанието врз животната средина ги координира и спроведува политиките на спроведување на постапката за стратешка оцена на влијание врз животната средина, го следи процесот за стратешка оценка на животната средина на планови, програми и документи, врши анализа и проценка на извештаите за стратешка оцена на влијание врз животната средина и издава Мислење по Извештај, како и Решение за спроведување на стратешка оцена на влијание врз животната средина, учествува во подготовка на документи и предлог законски решенија, дава потребна стручна помош и подготвува стручни мислења.
Извештаи за стратегиска оцена на животната средина
Извештај за стратегиска оцена на животната средина за План за управување со заштитен предел Малешево за период од 2023-2032
Нацрт извештај за стратегиска оценка на животната средина ДУПД за изградба на рударски комплекс Плавица
Извештај за стретешка оцена на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на “Меѓурегионална депонија за комунален отпад – централна постројка за управување со отпад лоцирана во Општина Свети Николе“ КО Мечкуевци, Општина Свети Николе
Нацрт извештај за стретешка оцена на животната средина за План за спречување на создавање на отпад на РСМ 2021 – 2027
Нацрт - Извештај за стретегиска оцена на животната средина за План за управување со Заштитен предел Осоговски Планини 2021 – 2031 година
ИЗВЕШТАЈ ОД ЕКОЛОШКАТА ОЦЕНА на проектите од Програмата за прекугранична соработка 2021-2027 година меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија
Нацрт извештаи за СОЖС - КО Старо Скопје, Општина Гази Баба
Нацрт- извештај за СОЖС на Долгорочната стратегија за климатска акција на Република Северна Македонија за периодот 2020 - 2050
Нацрт Извештај за стретегиска оцена на животната средина за План за управување со Национален Парк Галичица за периодот 2021 – 2030 година
План за управување со Национален Парк Галичица за периодот 2021-2030
Нацрт извештај за стратегиска оцена на животната средина за нацрт Националниот план за управување со отпад за период 2020-2030
Извештај за Стратегиска оцена на животната средина за План за управување со Национален парк „Пелистер“ 2020-2030
Финален извештај за Стратегиска оцена на животната средина за Нацрт регионален план за управување со отпад за Полошкиот плански регион
Извештај за Стратегиска оцена на животната средина за Стратегија за развој на енергетиката во Република Северна Македонија до 2040
Национална стратегија за транспортниот сектор - Република Македонија
Нацрт Извештај за Стратегиска оцена на животната средина за Национален акциски план за борба против опустинување во Република Македонија
ДУПД за определување на градежна парцела со намена Г1 – тешка индустрија за експлоатација на минерална суровина бакар на локалитет Боров Дол, во Општина Штип, Општина Радовиш и Општина Конче
Нацрт извештај за стратегиска оцена за животната средина за нацрт Регионален план за управување со отпад за Скопски регион
Одлука за спроведување на стратегиска оцена за планскиот документ Просторен план за НП Пелистер
Нацрт извештај за стратегиска оцена за животната средина за нацрт Регионален план за управување со отпад за Вардарски регион
Нацрт извештај за стратегиска оцена за животната средина за нацрт Регионален план за управување со отпад за Пелагониски регион
ИЗВЕШТАЈ ЗА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА 2017-2027
КРАЕН ИЗВЕШТАЈ ЕКС-АНТЕ ПРОЦЕНКА БАЛКАН-МЕДИТЕРАН 2014-2020
Извештај за СОЖС за Националната стратегија за биолошка разновидност со акциски план
Нацрт извештај за стратегиска оцена на животна средина - Рударски комплекс Казандол Валандово
Извештај за СОЖС за стратегијата за секторот животна средина и климатски промени
Стратегиска оцена за животната средина на Oперативна Програма за прекугранична соработка ИПА II помеѓу Грција-Република Македонија 2014-2020
Стратегиска оцена за влијанието врз животната средина - Рударски комплекс - Казандол Валандово
Одлука за спроведување на стратегиска оцена на животната средина за планскиот документ Национална стратегија за управување со отпад (2024-2036)
Одлуки за потребата за спроведување на прекугранични консултации за Планот за...
Одлуки за потребата за спроведување на оцена за планскиoт документ
Одлука спроведување на стратегиска оцена за планскиoт документ за План за спречување на создавање на отпад 2022-2027 на Република Северна Македонија
Одлука за неспроведување на стратегиска оцена за Стратегиски План за рехабилитација на природното и културното наследство на Охридскиот Регион
Решенија за Спроведување на стратегиска оцена за влијанието врз животната средина
Активости на Секторот кои произлегуваат од Закон:
– ја координира постапката за изработката на просторните планови;
– ја спроведува постапката за нивно донесување;
– ја следи нивната имплементацијата (преку изготвување на едногодишни Извештаи за спроведување на Планот);
– издава Услови за планирање на просторот (Решение за Услови за планирање на просторот);
– учествува во подготовка на законски и подзаконски акти;
– дава стручно мислење за усогласеност на плановите од понизок ред со Просторниот план на државата;
– изготвува проценка и двегодишна програма за спроведување на Просторниот план на Република Македонија;
– дава мислења од областа на просторното планирање;
– ги координира и спроведува политиките за спроведување на постапката за стратешка оцена на влијание врз животната средина;
– прави анализа и проценка на извештаите за стратешка оцена на влијание врз животната средина и издава Мислење по Извештај и Решение за спроведување на стратешка оцена на влијание врз животната средина;
– подготовува документи и предлог законски решенија, потребна стручна помош и стручни мислења од областа на стратешка оцена на влијание врз животната средина.
Други активности – меѓународна и меѓуресорска соработка:
– ги имплементира меѓународни конвенции од областа на просторното планирање;
– остварува меѓусекторска и меѓуресорска соработка;
– учествува во изработка на програмите за соработка со соседните земји во прекуграничен контекст;
– соработува со ЕУ (Територијална Агенда на ЕУ и други документи од областа на просторното планирање);
– соработува со ЕЕА (Европска Агенција за животна средина);
– соработува со Советот на Европа (CEMAT) и др.
Просторниот план на Република Македонијапретставува стратегија за просторен развој на Републиката и дава насоки за намена, користење,заштита, организација, уредување и управување со просторот на Република Македонија.
Просторниот план претставува управувачки документ со трајна вредност и едновремено претставува интегрален развоен проект.
Трајна вредност – преку планот е дефинирана просторната организација на одредена територија, целите и концептите на просторниот развој, начинот на користењето на земјиштето (елементи кои имаат стратешка димензија во развојот и долгорочен карактер), условите за реализација на дефинираните концепти, со него се усогласени плановите од понизок ред;
Интегративен карактер – ги координира сложените структури на примарните, секундарните, терцијалните и јавните дејности, нивна локација и алокација во просторот;
Управувачки – ги артикулира и решава конфликтите кои се случуваат помеѓу субјектите при користењето на природните ресурси, согласно принципите на одржливиот развој, го дефинира користењето на просторот и го насочува планирањето на новите инвестиции.
Просторниот план на Републиката содржи: основна намена на земјиштето, насоки за уредување и користење на просторот, просторна разместеност на градбите од стопанството и нестопанството, мрежа на населени места, просторна разместеност на сообраќајна и друга инфраструктура, стратешка оцена на влијанијата врз животната средина,насоки и мерки за заштита и унапредување на животната средина и природата, мерки за заштита на недвижното културно наследство, мерки за заштита од воени разурнувања, мерки за заштита од природни и технолошки катастрофи и хаварии,параметри за спроведување на планот и соодветни графички прикази.
Просторниот план се изработува по посебна методологија.
Просторниот план се разработува преку:просторен план на регион, просторен план на општина, на општините во градот Скопје и на градот Скопје и просторен план за подрачје од посебен интерес за Републиката(како што е:акумулација, изворник на вода, подрачје за експлоатација на минерални суровини, инфраструктурни и сообраќајни коридори и сл.)
Просторните планови ги изработува Агенција за планирање на просторот, формирана од Владата на Република Македонија, по нарачка од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Просторните планови ги донесува:
Просторниот план на Република Македонија, просторните планови на региони, просторните планови на општините и просторните планови за подрачја од посебен интерес ги донесува Собранието на Република Македонија.
Во текот на изминатиот период донесени се следниве просторни планови:
ИНФОРМАТИВЕН ЛИСТ И УПАТСТВО
ИЗВЕШТАЈ ЗА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА ПРОСТОРЕН ПЛАН НА НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК ПЕЛИСТЕР (2016 - 2030)
ИЗВЕШТАЈ ЗА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА ПРОСТОРЕН ПЛАН НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН ЗА ПЛАНСКИ ПЕРИОД 2013-2030
ИЗВЕШТАЈ ЗА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА ПЛАН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО СПОМЕНИКОТ НА ПРИРОДАТА МАРКОВИ КУЛИ (2020-2030)
Национален план за управување со отпад на Република Северна Македонија 2020-2030 год. Нацрт - документ за консултација