ЕМИСИЈА НА ТЕШКО РАЗГРАДЛИВИ ОРГАНСКИ ЗАГАДУВАЧКИ СУПСТАНЦИ – Полициклични ароматични јаглеводороди (PAHs) |
Овој индикатор ги следи трендовите на полициклични ароматични јаглеводороди (Polycyclic aromatic hydrocarbons – PAHs).
- t/година (тони на година)
Каков прогрес е направен во редукција на полицикличните ароматични јаглеводороди (PAHs) во Република Северна Македонија?
Во 1990 година вкупните национални емисии на PAHs изнесуваа 7.15 t. Во 2020 година емисиите изнесуваат 3.81t и се намалени за 47% споредено со 1990 година што претставува добар напредок во намалувањето на вкупните емисии на PAHs.
Редукцијата на овие загадувачки супстанци, во најголем дел, произлегува од намалената потрошувачка на фосилни горива во домаќинствата и административните објекти, а во помал дел од намалените емисии од индустриските процеси, особено од производството на железо и челик заради намаленото производство, но и заради воспоставување на најдобри достапни техники (НДТ) во овие индустриски капацитети.
Со вклучување на домаќинствата и административни објекти (оние кои досега не се приклучени на природен гас) во процесот на гасификација се очекува натамошно значително намалување на емисиите на PAHs.
Кои различни сектори и процеси имаат учество во емисиите на PAHs ?
Главен извор на емисии на PAHs во 2020 година е категоријата 1.А.4 – Домаќинства и административни капацитети со удел од 73%. Потоа следи 1.A.2 – Согорување во производни индустрии со удел од 18%, по што следат помали извори на емисија и тоа Отпад со 4% и 2- Индустриски процеси со 2.5%. Останатите сектори имаат незначителен удел во вкупните емисии на PAHs.
Вкупните национални емисии на PAHs 1990 година изнесуваа 7.15 t. Во 2020 година вкупните емисии изнесуваат 3.81 t и во однос на 1990 година се намалени за 47%.
Трендот на вкупните емисии на PAHs во периодот 1990-1999 е генерално постојан со некои помали флуктуации. Во 2000 година се забележува првото поголемо зголемување на вкупните емисии на PAHs со вредност од 8.2 t, главно заради зголемување на емисиите од согорување фосилни горива, пред се дрва, од домаќинствата и административните објекти, додека во наредната година следува пад на вредноста на емисиите до 6.6 t, заради намалување на емисиите од истата категорија. Променлив тренд има се до 2005 година од кога трендот е постабилен. Треба да се напомене дека од 2005 година се користат ревидирани податоци за користени горива во домаќинствата и административните капацитети од МАКСТАТ базата. Во перид од 2017-2020 година се забележуваат и најниски емисии заради се поголема примена на чисти горива како електрична енергија и пелети. Во 2020 година во однос на 2019 година има намалување на вкупните емисии од 7%. Трендот на емисии е даден на следниот графикон.
Графикон 1. Тренд на вкупни емисии на PAHs во периодот 1990-2020 година
Уделот на одделните NFR категории во вкупните емисии на PAHs за 2020 година е прикажан на Графикон 2. Доминантниот удел на клучната категорија 1.А.4 – Согорување на фосилните горива во домаќинствата и административните капацитети во вкупните емисии на PAHs за 2020 година може да се увиди и од приказот на Графикон 2.
Графикон 2: Удел во вкупните национални емисии на PAHs по NFR категории во 2020 година
Може да се забележи дека значаен удел во вкупните емисии на PAHs имаат и согорувачките процеси во индустрија. На следниот графикон е прикажан тренд на емисии на PAHs во периодот 1990-2020 година по NFR категории.
Графикон 3. Eмисии на PAHs по NFR категории на годишно ниво во периодот 1990-2020 година
Во целиот период 1990-2020година најголем удел во вкупните годишни емисии на PAHs имаNFR категоријата 1.A.4 – Други сектори (пред се согорување на фосилни горива, главно дрва, од домаќинствата и административните објекти), а помал удел има NFR категоријата 1.А.2 – Согорување во производни индустрии и градежништво. Останатите NFR категории се мали извори на емисии на PAHs.
Во 2020 година уделот од согорување на горива во домаќинствата и административните капацитети изнесува 73% а емисиите од оваа NFR категорија во однос на 1990 година се намалени скоро половина, односно за 51%. Во однос на 2019 година, уделот на емисии од оваа категорија е зголеменза 1.5%.
Може да се каже дека трендот на вкупните годишни емисии на PAHs од NFR категоријата 1.А.4 Други сектори генерално зависи од количината на потрошувачка на дрва од страна на домаќинствата и административните објекти и со одредени мали отстапувања го следи вкупниот тренд на годишните емисии на PAHs од сите категории, со посебно потенцирање на падот на емисиите од оваа категорија во 2012 година заради намалената потрошувачка на фосилни горива од страна на домаќинствата и административните објекти како и поквалитетното согорување и квалитет на истите.
NFR категоријата 1.А.2 – Согорување во производни индустрии и градежништво во 1990 година учествува во вкупните емисии на PAHs со удел од само 11%. Во 2019 година, споредено со 1990 година, емисиите од оваа категорија се зголемени речиси двојно, односно имаа удел од околу 25% (што се должи на двојно зголемената влезна топлотна моќ на цврстите горива, пред се лигнит и кокс, кои се користат за согорување во индустријата). Уделот во вкупните емисии од оваа категорија во 2020 година изнесува 19%, а намалувањето во однос на 2019 година изнесува 32%.
Во однос на исполнување на барањата од зацртаните цели согласно националните и меѓународните документи може да се заклучи следното.
Во однос на Протоколот кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 година за контрола на испуштањето перзистентни органски загадувачи, според кој емисиите во годината n-2 (каде n e тековната година) треба да не ги надминуваат емисиите во базната година (која за нашата земја е 1990 година), нашата земја е во согласност со овој протокол во однос на пресметаните емисии на полициклични ароматични јаглеводороди (PAHs) за 2020 година.
Опфат на податоци: excel_1, excel_2
Извор на податоци: Министерство за животна средина и просторно планирање
Користените податоци се вкупните национални емисии и емисиите категоризирани по NFR категории кои ЕЕА земјите членки и земјите соработнички ги доставуваат до ЕЕА и Секретаријатот на Обеденитетите нации. Податоците се достапни на следната веб страна:https://cdr.eionet.europa.eu/mk/un/clrtap/inventories/envyixaja/. Податоците користени во овој извештај се во согласност со испратените податоци.
- Методологија за пресметка на индикаторот
Методологијата на пресметка на овој индикатор се базира на пресметани национални емисии и емисии по NFR категории на овие загадувачки супстанци кои се репортирани до ЕЕА (Европска агенција за животна средина) и UNECE/EMEP (Економската програма на Обединетите нации за Европа/ Кооперативната програма за мониторинг и евалуација за прекуграничен пренос на аерозагадување кон Конвенција за прекуграничен пренос на аерозагадувањето) во февруари 2022 година.
Пресметките се во согласност со Упатствата на ЕМЕП/ЕЕА за инвентаризација на емисии во воздухот од 2009, 2013, 2016 и 2019 година. Во упатствата се дадени емисиони фактори кои се користени во пресметките со исклучок на енергетскиот сектор каде пресметките се направени со користење на национални специфични фактори или примена на податоците од извршените мерења за период 2008-2020 година за овие загадувачки супстанци за NFR категоријата 1.А.1.а, кој се однесува за постројки за производство на електрична и топлинска енергија.
- Извор за користената методологија
Методологијата која се користеше при пресметка и приказ на овој индикатор е дадена во EMEP/EEA Упатствата за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух од 2009, 2013, 2016 и 2019 година кои можат да се најдат на следните линкови (http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2009, http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2013, http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2016 и https://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2019).
Во согласност со барањата од националните и меѓународните документи во однос на емисијата на полициклични ароматични јаглеводороди (PAHs) зацртани се следните цели:
- Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на загадување на воздухот
- воведена е инвентаризација по EMEP/EEA Упатството за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух, која како цел има редовна инвентаризација на PAHs, во тони на година, по принципот n-2, каде n е тековната година.
- Протокол кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот за перзистентни органски загадувачи
- националните вкупни емисии на PAHs во период 1990-(n-2) година (каде n е тековната година) не треба да ги надминуваат вкупните емисии пресметани за 1990 година (која е земена како базна година)
- Обврските за известување кон меѓународни договори-Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на аерозагадувањето (CLRTAP), како и Европската агенција за животна средина (ЕЕА)
- Годишен извештај од обработени податоци за емисии во воздухот
- Годишен извештај од обработени податоци за животна средина
Тема | Воздух | Поврзаност со други теми/сектори | Климатски промени, Домаќинства, Отпад, Енергија,Транспорт, Здравство,Индустрија |
Код на индикаторот | MK НИ 062 – 1 | Временска покриеност | 1990-2020 |
Име на индикаторот | Емисии на тешко разградливи органски загадувачки супстанци – полициклични ароматични јаглеводороди (PAHs) | Извор на податоци | Министерство за животна средина и просторно планирање, Инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздухот за период 1990-2018 година |
Класификација по ДПСИР | П | Датум на последна верзија | 17.06.2022 |
Тип | Б | Подготвено/ажурирано од: | Павле Малков Александра Н. Крстеска |
Фреквенција на публикување | Годишно | Контакт | e-пошта: p.malkov@moepp.gov.mk A.Krsteska@moepp.gov.mk |
МК НИ 062-1Емисии на тешко разградливи органски загадувачки супстанци – полициклични ароматични јаглеводороди (PAHs) | EEA – Европска агенција за животна средина | ND-170/AIR 002 Persistent organic pollutant emissions |
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа | A1/9 – Emissions of pollutants into the atmospheric air | |
Каталог на индикатори за животна средина | 41 Persistent organic pollutant emissions (EEA_APE006) | |
SDG – Цели за одржлив развој | 3 – 3.9.1: Mortality rate attributed to household and ambient air pollution 9 – 9.4.1: CO2 emission per unit of value added 11 – 11.6.2: Annual mean levels of fine particulate matter (e.g. PM2.5 and PM10) in cities (population weighted) |
|
GGI – Индикатори за зелен раст | да | |
Кружна економија | не |