Врз основа на член 48 став 4 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18), како и Правилникот за систематизација на работните места во Министерството за животна средина и просторно планирање со бр. 01-2372/1 од 03.05.2017 год., бр. 01-1832/4 од 21.03.2018 год.,бр.01-1832/6 од 02.04.2018 година, Министерството за животна средина и просторно планирање објавува:
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 4/2018 за унапредување на административни службеници во Министерството за животна средина и просторно планирање
Министерството за животна средина и просторно планирање објавува Интерен оглас за унапредување на 1 (еден) административен службеник на следново работно место:
1. УПР 01 01 В01 000, Советник за одржување и водење на регистри на загадувачи и пренос на загадувачки материи, Одделение за катастри и моделирање, Македонски информативен центар за животна средина -1 (еден) извршител
Општи услови:
– да е државјанин на Република Македонија;
– активно да го користи македонскиот јазик;
– да е полнолетен;
– да има општа здрaвствена способност за работното место и
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност
Посебни услови:
– ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Хемиска технологија, Хемиско инженерство, Животна средина
– најмалку три години работно искуство во струката
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
За работното место платата е во нето износ од 24.998,00 денари.
На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во Министерството за животна средина и просторно планирање, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работно место пропишани за соодветното ниво со Законот за административни службеници и Правилникот за систематизација на работните места и Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за ситематизација во Министерството за животна средина и просторно планирање, при ова административните службеници треба да ги исполнува и следните услови:
– да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување,
– да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
– да поминал најмалку две години на тековното работно место и
– да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
Заинтересираните административни службеници, поднесуваат пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Министерството за животна средина и просторно планирање до Одделението за управување со човечки ресурси и до службената електронска адреса на Одделението за управување со човечки ресурси Coveckiresursi@moеpp.gov.mk.
Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази
– потврди за успешно реализирани обуки и/или
– потврди за успешно реализирано менторство
Рокот за поднесување на пријавата со доказите трае 5 (пет) дена од денот на објавување на web страната на Министерството за животна средина и просторно планирање.
Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни а доставените докази верни на оригиналот.
НАПОМЕНА: Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата или се утврди дека внел лажни податоци, ќе биде дисквалификуван од натамошна постапка по овој оглас.