Состанок на Министерката Шукова со Самех Н.Вахба, регионален директор за одржлив развој за Европа и Централна Азија

Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова денес оствари работна средба со Самех Н.Вахба, регионален директор за одржлив развој за Европа и Централна Азија и неговиот тим. Состанокот беше инициран на барање на Канцеларијата на Светската Банка во РСМ, со цел утврдување на придонесот кон дефинирањето на идниот програмски циклус на Банката. На… Прочитај повеќе »

СООПШТЕНИЕ 15.06.2023 год.

Министерството за животна средина и просторно планирање ја информира јавноста дека процесот на сервисирање на дополнителната опрема во мониторинг станиците за квалитет на амбиентен воздух во Кавадарци, Битола 2 и Гостивар e завршен и податоците од мерењата се достапни на порталот за квалитет на воздухот http://air.moepp.gov.mk/ .

Средба со градоначалникот на општина Ресен

Денеска, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова оствари работна средба со градоначаникот на oпштина Ресен, Јован Тозиевски. На средбата се разговараше за продлабочување на соработката во областа животна средина, како и поддршка во реализација на активности што ќе помогнат за здрава животна средина на сите граѓани во општината. Во рамките на средбата се потпиша и Договор… Прочитај повеќе »