Министерот Изаири на промоција на проектот за изградба на плоштадот „Знаме“ во Сарај

(05.06.2015) Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири. денес, присуствуваше на промоцијата на проектот за изградба на плоштадот „Знаме“ во општина Сарај. На визуелизацијата на проектот, покрај министерот Изаири, присуствуваа и вицепремиерот Муса Џафери и поранешниот министер за правда Блерим Беџети. На плоштадот ќе биде поставена статуа на албанскиот национален херој Иса Болетини.      

Потпишани договори за поттикнување на образовни, истражувачки и развојни студии, програми и проекти за заштита и унапредување на животната средина и природата

(01.06.2015г.) Денес во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање министерот Нурхан Изаири потпиша договори за реализација на Програмата за инвестирање во животната средина за 2015 година во делот за поттикнување на образовни, истражувачки и развојни студии, програми, проекти и други слични активности за заштита и унапредување на животната средина и природата. Со… Прочитај повеќе »

Остварена средба со градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачевски

(28.05.2015г.) Министерот за животна средина и просторно плнирање, Нурхан Изаири и државниот секретар д-р Соња Лепиткова остварија работна средба со градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачевски.   На средбата се разговараше за унапредување на соработката во сите области на заштита на животната средина во о. Охрид.