Известување за Јавна расправа за Предлог Закон за климатска акција

Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека организира јавна расправа во врска со нацрт текстот на Предлогот на Законот за климатска акција. Истата ќе се одржи на 23 март 2023год. (четврток), во кино салата на Клубот на органите на државна управа, во период од 10:00 – 12:30 часот. Заинтересираните можат… Прочитај повеќе »

Шукова: Пречистителната станица во Југохром мора да биде во функција.  Трошоците за нејзино функционирање ги покриваме од Буџетот

Денеска министерката за животна средина и просторно планирање  Каја Шукова  оствари средба со вработените на пречистителната станица за намалување на загадувањето со шествалентен хром во Југохром Алзар ДООЕЛ Јегуновце – во стечај. Состанокот беше инициран од страна на вработените од Југохром – во стечај, заради проблеми со исплатата на месечните приходи, побарување на дополнителни средства… Прочитај повеќе »

Ќе се зголеми улогата на центрите за развој на планските региони во реализација на проектите за управување со водите и со отпадот

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова одржа работна средба со претседателите на Центрите за развој на планските региони во државата. Целта на средбата беше да се интензивира комуникацијата и соработка со Центрите, како важна карика меѓу централната власт и локалните самоуправи. Министерката Шукова информираше за активностите што не очекуваат во реализацијата на… Прочитај повеќе »