Денес Садула Дураку стапува на функција министер за животна средина и просторно планирање
(01.06.2017г) Денес во 14:00 часот, во просториите на министерството за животна средина и просторно планирање (10 кат во зграда на МРТВ), ќе се изврши примопредавање на функцијата министер за животна средина и просторно планирање помеѓу досегашниот, Башким Амети и новоименуваниот министер Садула Дураку. Ве покануваме со Ваши екипи да присуствувате на настанот.