ПОБАРУВАЧКА НА ТОВАРЕН ТРАНСПОРТ |
Индикаторот „побарувачка на товарен транспорт” ќе се презентира на два различни начина:
1) За да се измери разграничувањето на побарувачката на товарниот транспорт од економскиот раст се користи волуменот на товарниот транспорт во однос на БДП. Индикаторот за разграничување се дефинира како однос помеѓу tkm (копнен транспорт) и БДП (бруто-национален производ со константа 2000 година во евра). Во прикажувањето на овој индикатор во Република Северна Македонија се зема како основна година 2000=100.
2) Удел на товарниот транспорт од одделните видови транспорт: Овој индикатор се дефинира како процентуално учество на секој вид транспорт во вкупниот копнен транспорт. Единицата е тон-километар (tkm), која претставува превезен тон стока на растојание од еден километар. Тука е вклучен патен и железнички копнен транспорт. Железничкиот транспорт се базира на движење на национална територија, без разлика на националноста на возилото. Патниот товарен транспорт се базира на сите движења на возилата регистрирани во земјата која известува.
Единицата која се користи е тон-километар (tkm), која превезен тон стока на растојание од еден километар. Тука е вклучен патен и железнички копнен транспорт.
Побарувачката на товарниот транспорт и БДП се прикажани како индекс (2000=100).
Дали процентот на превоз на стока во патниот сообраќај е намален во однос на другите видови транспорт?
Дали побарувачката на товарен транспорт е разграничена од економскиот раст?
Вкупната побарувачка на товарниот транспорт покажува променлив тренд на опаѓање и растење во разгледуваниот период.Во 2020 година во однос на 1990 година, вкупната побарувачка на товарен транспорт се зголемила за 3,7 пати како резултат на зголемување на патниот товарен транспорт за 4,9 пати, додека кај железничкиот товарен транспорт има пад од 55,7%, што нема поволно влијание врз животната средина.
Односот на товарни километри и БДП во периодот од 2000 до 2020 година го следи променливиот тренд на вкупната потрошувачка на товарен транспорт.
График 1: Товарен транспорт по видови во тонски километри (во милиони km)
График 2: Учество во проценти на тонски километри на поедини видови товарен транспорт во вкупниот товарен транспорт
График 3: Однос помеѓу вкупна побарувачка на товарен транспорт и БДП
Опфат на податоци: excel
Извор на податоци: Државен завод за статистика, http://www.stat.gov.mk
Побарувачката на товарниот транспорт покажува променлив тренд на опаѓање и растење во разгледуваниот период. Од слика 2 се гледа дека во вкупниот товарен транспорт најголем удел има патниот транспорт и тоа се движи помеѓу 59,6% (2000 година) и 97,2% (2018година), додека железничкиот товарен транспорт има мал удел помеѓу 2,8% (2018година) и 40,4 % (2000 година), во вкупната побарувачка на товарен транспорт. Учеството на железничкиот во вкупниот товарен транспорт после позитивното поместување во 2013 година, со учество од 7,6%, во последните години бележи пад и се движи од 2,8% – 3,3%, што претставува намалување од 55,7% во 2020 година, што го зголемува негативното влијание на транспортот врз животната средина.
Ова е доволен показател дека индикаторот треба да се стреми кон намалување на патниот транспорт за сметка на останатите видови товарен транспорт, затоа што во патниот товарен транспорт се користат скапи течни горива кои при своето согорување значително ја загадуваат животната средина, воздухот, почвата биодиверзитетот и др.
На Слика 3 се гледа дека трендот на индексот на вкупната побарувачка на товарен транспорт во однос на БДП покажува променлив тренд на опаѓање и растење, со тоа што во периодот од 2000 до 2006 година доминантен е растечкиот тренд, потоа од 2006 до 2013 година доминантен е опаѓачкиот тренд, по што има променлив тренд на пораст и опаѓање до 2016 година и повторно растечки тренд кој кулминира во 2018 година и се одржува до 2020 година . Тој се индексира со годината 2000=100 со цел да се следат промените во интензитетот на побарувачката на товарниот транспорт во однос на економскиот раст прикажан преку БДП.
- Методологија за пресметка на индикаторот
За да се измери разграничувањето на побарувачката на товарен транспорт oд економскиот раст, се пресметува волуменот (т.е. интензитетот) на товарниот транспорт во однос на БДП. Релативно разграничување се појавува кога побарувачката на товарниот транспорт расте со стапка помала од онаа на БДП. Апсолутно разграничување се појавува кога побарувачката на товарниот транспорт паѓа додека БДП расте или останува константен.
Единица мерка е тонски-км (tkm) што претставува превезен тон стока на растојание од еден километар.
Земјите-членки на ЕУ во согласност со Регулативата за податоци за патниот транспорт и Регулативата на (EC) No 91/2003 за статистики во железничкиот транспорт се базираат на сите движења на патничкиот транспорт на националната територија.
Во согласност со Регулативата (EC) No 1172/98, податоците за патен товарен транспорт се базираат на сите движења на возилата регистрирани во земјата за која се известува. Сите други податоци за транспортот се однесуваат, главно, на движења на домашна територија, без разлика на земјата од каде доаѓа возилото.
- Извор на користена методологија
– Структурни индикатори на EUROSTAT за транспорт.
– Државен завод за статистика
- Методолошка несигурност
Сите податоци се засноваат на движењата на државната територија, без оглед на тоа од која држава е возилото. Mетодологијата на собирање на податоци е усогласена на ниво на ЕУ. Извори се EUROSTAT, националните служби за статистика, ECMT, UNECE, UIC, DG TREN.
За да се одговори на прашањето дали побарувачката на товарниот транспорт се разграничува oд економскиот раст, се разгледува интензитетот на товарниот транспорт во однос на промените во реалниот БДП.
- Несигурност на групите податоци
За целосна слика на побарувачката за транспорт и на соодветните проблеми во животната средина, би било многу корисно податоците да се дополнат со податоци за бројот на возило-километри.
Сеопфатна цел на Националната транспортна стратегија е да се развие хармонизиран транспортен сектор што е меѓународно компатибилен и интегриран во системот на ТЕН-Т мрежите, што го стимулира економскиот и социјалниот развој на земјата, ја зачувува животната средина и ги обезбедува потребите на идните генерации.
Меѓународни:
– Eurostat
Национални:
– Индикатори за животна средина на РСМ – секоја втора година
– Статистики во животната средина – секоја втора година
– Статистички годишник – годишно
– Одржлив развој – годишно
– Статистики на транспорт– годишно
– Индикатори за патнички транспорт на РСМ – секоја втора година
Тема | Транспорт | Поврзаност со други теми/сектори | Воздух, Климатски промени, Енергија, Здравство, Бучава |
Код на индикаторот | MK НИ 036 | Временска покриеност | 1990-2020 |
Име на индикаторот | Побарувачка на товарен транспорт | Извор на податоци | Државен завод за статистика |
Класификација по ДПСИР | Д | Датум на последна верзија | 04.10.2022 |
Тип | А | Подготвено/ажурирано од: | Мартина Спасовска |
Фреквенција на публикување | Годишно | Контакт | e-пошта: m.toceva@moepp.gov.mk |
МК НИ 036 Побарувачка во товарен транспорт | EEA – Европска агенција за животна средина | IND-465/CSI 056 , TERM 039 – Passenger and freight transport demand |
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа | H2 Freight transport demand | |
Каталог на индикатори за животна средина | 158 – Passenger and freight transport demand | |
SDG – Цели за одржлив развој | 9, Indicator 9.1.2: Passenger and freight volumes, by mode of transport Eurostat sdg_09_50 Share of busses and trains in total passenger transport 11, Sustainable cities and communities |
|
GGI – Индикатори за зелен раст | да | |
Кружна економија | не |