ШУМСКИ ПОЖАРИ |
Индикаторот дава информации за бројот на шумските пожари на територијата на Република Македонија. Потоа дава информации за големината на шумските пожари прикажувајќи ја опожарената површина и видот на опожарената дрвна маса како и предизвиканата вкупна штета од пожарот.
Опожарената површина е изразена во ha (хектари), додека опожарената дрвна маса е изразена во m3. Вкупната штета од шумските пожари е изразена во денари, како и број на шумски пожари.
ВоРепубликаМакедонија, во разгледуваниот период,се забележува нагло зголемување на бројот на пожарите, опожарената површина и опожарената дрвна маса, кои во 2007 го достигнуват максимумот од 652 пожари.Потоа има тренд на постепено намалување до 2009 со 61 пожар, за повторно во наредните години бројот на пожари да се зголеми.
Бројот на пожари во 2016 година во однос на бројот на пожари во 2009 година забележува пораст приближно 2,4пати.
Слика 1. Број на шумски пожари
Слика 2. Опожарена површина
Слика 3. Опожарена дрвна маса
Слика 4. Вкупна штета од пожарите изразена во денари
Опфат на податоци: excel
Извор на податоци: Јавно претпријатие за управување со шумите – македонски шуми
Шумските пожари се еден од најголемите проблеми во шумарството, како и за животната средина во целост во Република Македонија. Поради пожарите големо количество на дрвна маса се уништува и тоа претставува економски проблем. Пожарите на шумите предизвикуваат загадување на воздухот, почвата и водата. Изгорените дрва се извор за развој на патогени и штеточини. Потоа, постои зголемување на ерозивните процеси во изгорените површини, дебалансирање на водниот режим, губење на вегетацијата и опустување. Речиси 95% од шумските пожари се предизвикани од човекот. Шумските пожари во разгледуваниот период просечно годишно уништуваат околу 8.821.79 ha шума. Просечно годишно во периодот од 1999 до 2016година има по 204пожари. Во 2007година поради екстремни суши и човечки фактор имаше, 652 пожара на околу 35.000 ha површина.
Пропорционално со разгледуваните параметри претходно, вкупната штета од пожарите по години изразена во денари е најголема во 2007 година со вредност од 1.311.167.721,95 денари. Во 2016 година со вредност од 211.363.850 денари. Просечно годишно во периодот од 1999 до 2015 година вкупната штета од пожарите изнесува 322.364.897,40 денари.
- Методологија за пресметка на индикаторот
Податоците и пресметката на индикаторот е направено од страна на Јавното претпријатие за управување со шумите во Република Македонија – Македонски шуми.
Листа на релевантни политички документи:
Во НЕАП 2, дадени се мерки за подобрување на заштитата од шумски пожари, насоки за потреба од зајакнување на капацитетите за одржливо управување со шумите како и изготвување на стратегија за заштита од шумски пожари.
Стратегија за одржлив развој на шумарството во Република Македонија.
Законска основа
- Закон за шуми кој ги регулира стопанисувањето, заштитата на шумите и шумските ресурси. Заштитата на шумите е интегрален и неразделен дел од севкупното управување со шумите. Во насока на заштита на шумите од пожари и регулирање на мерките од оваа област, треба да се спомене Правилникот за посебни мерки за заштита на шумите од пожари од 2001 година.
- Закон за заштита на природните реткости
- Закон за заштита на националните паркови
- Закон за заштита од пожари
Почитување на законската регулатива која се однесува на заштита на шумите и шумските ресурси. Намалување на бројот на шумските пожари, намалување на опожарената дрвна маса и шумска површина. Намалување на трошоците и штетите предизвикани од шумските пожари. Подигање на јавната свест за борба против пожарите и преземање на сите неопходни мерки за намалување на човечкиот фактор како причинител на шумските пожари.
Ознака | Име на индикаторот | Усогласеност со CSI/ЕЕА или други индикатори | Класификација по ДПСИР | Тип | Поврзаност со област | Фреквенција на публикување | |
МКНИ | Шумски пожари
|
П |
|
годишно |