MK – НИ 064

KОЛИЧИНА НА СОЗДАДЕНИ ОТПАДНИ БАТЕРИИ И АКУМУЛАТОРИ smile strelki-p
Дефиниција

Со овој индикатор се следи количината на создадениот отпад на батерии и акумулатори по видови, истотака се следи и остварување на целитe преку избегнување и намалување на создадениот отпад, постигнување на висок степен на собирање на отпадните батерии и акумулатори, рециклирање и друг вид на преработка на отпадните батерии и акумулатори.

Единици
  • Килограм/годишно, процент (%)
Клучно прашање

Каква е состојбата со количината на батерии и акумулатори пуштени на пазар во Република Северна Македонија? Колкава е количината на собрани ОБА, количината на третирани, рециклирани и извезени ОБА?

Клучна порака

Во Република Северна Македонија, во разгледуваниот период, од 2011 до 2017 година се забележува зголемување на количината на батерии и акумулатори пуштени на пазар и тоа за 2 пати, но од 2017 до 2021 година количината на батерии и акумулатори бележи намалување за 37%. Количината на собраните ОБА од 2011 до 2012 бележи намалување од 79,22%, но во наредниот период, од 2013 до 2020 година, бележи позитивен тренд и се зголемува приближно 3 пати. Трендот од 2020 до 2021 опаѓа на 66%.

Количината на третирани и рециклирани ОБА од 2011 година до 2012 бележи намалување од 77%, додека од 2013 година до 2019 година се зголемила за приближно 6 пати, но во 2021 година се забележува повторно намалување од 82% во однос на 2019 година, како резултат на тоа што две колективни постапувачикои извeстиле претходната година ова година не известиле а истотака може и да се должи и на состојбата со пандемијата од ковид 19. Количината на извезени ОБА за третман и рециклирање за 2021 изнесува 23.482kg.

Согласно разположивите податоци стапката на собирање за преносните батерии и акумулатори целта за 2016 согласно стариот закон изнесува 27% што значи дека целта е постигната.

Според направената пресметка стапката на собирање за преносните батерии и акумулатори за 2021 година изнесува 47,60%, согласно податоците земени од двaколективни постапувачи, кои доставиле извештај до МЖСПП.

Од обработените податоци може да се каже дека постапувањето со отпадни батерии и акумулатори има позитивен тренд на зголемување на количините на собраните отпадни батерии и акумулатори со кои постепено би се постигнувале и предвидените национални цели.

График 1. Вкупна количина на батерии и акумулаториCSI 064 2022_baterii_MK

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Министерство за животна средина и просторно планирање.

Оценка

Согласно Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, се уредуваат барањата за заштита на животната средина, кои мора да ги исполнуваат батериите и акумулаторите при нивното производство и пуштање на пазар во Република Северна Македонија. Исто така, постапување со отпадните батерии и акумулатори, што ги опфаќа, обврските и одговорностите на економските оператори и другите субјекти кои учествуваат во процесот на производство и пуштање на пазар на батериите и акумулаторите, ограничувањето на употребата на батерии и акумулатори кои содржат опасни супстанции, правилата за собирање, преработка, рециклирање и отстранување на отпадните батерии и акумулатори, како и други услови за постапување со отпадните батерии и акумулатори, известувањето и економските инструменти за постигнување на националните цели за собирање и преработка на отпадните батерии и акумулатори.

Од разгледуваните податоци за периодот од 2011 до 2017 година се забележува зголемување на количината на батерии и акумулатори пуштени на пазар и тоа за 2 пати, но од 2017 до 2021 година количината на батерии и акумулатори пуштени на пазар бележи намалување за 37%.

Вкупната количина на БА пуштена на пазар за 2021 година изнесува 2.242.567,32kg.

Количината на собраните ОБА од 2011 до 2012 бележи намалување од 79,22%, но во наредниот период, од 2013 до 2020 година, бележи позитивен тренд и се зголемува приближно 3 пати. Трендот од 2020 до 2021 опаѓа на 66%.

Вкупната количина на собрана ОБА за 2021 година изнесува 2.002.230,50kg.

Количината на третирани и рециклирани ОБА од 2011 година до 2012 бележи намалување од 77%, додека од 2013 година до 2019 година се зголемила за 6 пати, но во 2021 година се забележува повторно намалување од 82% во однос на 2019 година и вкупната количина на третирани и рециклирани ОБА за 2021 година изнесува 1.996.671,44kg, како резултат на тоа што две колективни постапувачикои извстиле претходната година ова година не известиле а истотака може и да се должи и на состојбата со пандемијата од ковид 19.

Количината на извезени ОБА за третман и рециклирање за 2021 изнесува 23.482kg.

Согласно разположивите податоци стапката на собирање за преносните батерии и акумулатори целта за 2016 согласно стариот закон изнесува 27% што значи дека целта е постигната.

Според направената пресметка стапката на собирање за преносните батерии и акумулатори за 2021 година изнесува 47,60%, согласно податоците земени од две колективни кои доставиле извештај до МЖСПП.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Правилник за начинот на следење и пресметка на реализација на стапките за собирање на отпадни батерии и акумулатори, како и формта на содржината на образецот за следење и пресметка.

  • Недоследност на методологија

Напоменуваме дека количините на отпадни батерии и акумулатори прикажани со индикаторот не соодветсвуваат на вкупните количини на батерии и акумулатори пуштени на пазар во Република Северна Македонија, (чија што количина може да биде и поголема), поради тоа што не сите прозводители на батерии и акумулатори ја почитуваат законската обврска за доставување на годишни извештаи до Министерството за животна средина и просторно планирање или само дел од производителите се вклучени во системот за колективни постапувачи.

Согласно донесениот нов законза управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори 2021 година истотака предвидени се и нови подзаконски акти кои треба да се донесат.

Цели

Согласно новиот донесен закон од 2021 година од Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори поставени се национални цели за собирање и тоа, до 31 декември 2025 година треба:

a)       Годишно да се соберат минимум 45% од тежината на преносните батерии и акумулатори што се пуштени на пазарот на територијата на Република Северна Македонија и

b)      Годишно да се соберат минимум 85%, од тежината на автомобилски и индустриски батерии и акумулатори што се пуштени на пазарот на територијата на Република Северна Македонија.

Обврска за известување
  • EUROSTAT
  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средина
Општи мета-податоци
Тема Отпад Поврзаност со други теми/сектори Климатски промени, Економија на животна средина, Кружна економија, Индустрија
Код на индикаторот MK НИ 064 Временска покриеност 2011-2021
Име на индикаторот Kоличина на создадени отпадни батерии и акумулатори Извор на податоци Министерство за животна средина и просторно планирање
Класификација по ДПСИР П Датум на последна верзија 17.08.2022
Тип Б Подготвено/ ажурирано од: Арминда Рушити
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта:a.rushiti@moepp.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 064 Kоличина на создадени отпадни батерии и акумулатори EEA – Европска агенција за животна средина нема еквивалент
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа нема еквивалент
Каталог на индикатори за животна средина нема еквивалент
SDG – Цели за одржлив развој 12, Sustainable consumption and production
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија да
Последна измена:  понеделник ноември 21st, 2022