МК – НИ 027

ПОТРОШУВАЧКА НА ФИНАЛНА ЕНЕРГИЈА ПО СЕКТОРИ smajli 1 strelki d
Дефиниција

Финалната енергетска потрошувачка претставува потрошувачка на енергија за енергетски цели на крајните потрошувачи и се пресметува како збир на енергетската потрошувачка на сите сектори и тоа: индустријата, сообраќајот, земјоделството, домаќинствата и другите сектори.

Индикаторот „Финална енергетска потрошувачка по сектори” се изразува во илјади тони еквивалент на нафта (ktoe) и во проценти како однос на финалната енергетска потрошувачка на секој сектор со финалната енергетска потрошувачка на сите сектори.

Единици
  • илјади тони еквивалент на нафта (ktoe)
  • проценти (%)
Клучно прашање

Дали потрошувачката на финална енергија е во пораст и во кој сектор таа е најголема?

Клучна порака

Политиките во секторот енергија треба да фаворизираат мерки за рационално и ефикасно користење на енергијата, особено во домаќинствата и индустријата.

Во периодот од 2000 до 2020 година, потрошувачката на финална енергија во Република Северна Македонија е зголемена за 14,1%. Ако се направи споредба на енергетската потрошувачка во 2020 во однос на 2000 година се забележува дека зголемувањето на финалната потрошувачка на енергија е најголемa во секторот транспорт за 78%, додека во индустријата е намалена за 13,5%, а во домаќинствата е забележан раст од 5,9%. Во 2020 година најголем удел во Финалната енергетска потрошувачка имаат секторите транспорт со 35,8%, домаќинствата со 28,0% и индустријата со 25,3%.

Во однос на овој индикатор во 2020 година целите од Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година во Република Северна Македонија, споредено со 2017 година (како референтна година) може да се каже дека се постигнати, земајќи го предвид фактот дека потрошувачката на финална енергија по сектори има пад од 2,5%.

График 1. Потрошувачка на финална енергија по сектор за период 2000-2020 годинаCSI_027_Energija2022_g1

 

График 2. Удел на поедините сектори во потрошувачката на финална енергија за периодот 2000-2020 годинаCSI_027_Energija2022_g2

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Државен завод за статистика, http://www.stat.gov.mk

Оценка

Во периодот од 2000 до 2020 година, Финалната енергетска потрошувачка во Република Северна Македонија е зголемена за 14,1%.

Најголем удел во финалната енергетска потрошувачка имаат три сектори: транспорт, домаќинства и индустрија. Секторот транспорт во финалната потрошувачка на енергија генерално има растечки тренд кој е особено изразен од 2012 до 2020 година (историскиот максимум од овој сектор е во 2019 година со удел од 40,5%). Секторот индустрија во целиот период 2000-2020 година покажува променлив тренд со историски минимум во уделот во 2017 година од 20,7% и раст во последните три години (во 2020 година има удел од 25,3%). Секторот домаќинства во периодот 2000-2020 година генерално покажува променлив тренд, , и со удел од 28,0% во 2020 година.

Најголем удел во Финалната енергетска потрошувачка во 2020 година имаат секторите транспорт со 35,8%, домаќинствата со 28,0% и индустријата со 25,3%.

Треба да се забележи дека во 2020 година споредено со 2019 година, енергетската потрошувачка од секторот транспорт е намалена за 17%, додека од секторите индустрија и домаќинства е зголемена за 2,9% и 4,3%, соодветно.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Статистичка методологија за пресметка:

  • Регулативата за енергетски статистики на Европскиот парламент и советот (Регулатива бр.1099/2008).
  • „Energy Statistics Methodology Eurostat F4, 1998″
  • Национална класификација на дејности НКД Рев.2 (”Службен весник на Република Македонија” бр. 147/2008).
Цели

Во согласност со Стратегијата за развој на енергетиката во Република Северна Македонија до 2040 година во однос на потрошувачката на финална енергија по сектори зацртани се следните цели:

Кај сите три сценарија од стратегијата (референтно сценарио, умерена транзиција и зелено сценарио) до 2040 се проценува раст на потрошувачката на финална енергија по сектори како резултат пред се на индустрискиот сектор кој би го следел планираниот економски развој на земјата при што како референтна година во однос на која се врши проценката на трендот за овој индикатор, кај сите три сценарија, е земена 2017 година.

Во референтното сценарио севкупниот раст на потрошувачката на финална енергија се проценува на 56%.

Во сценариото на Умерена Транзиција севкупниот раст на потрошувачката на финална енергија се проценува на 42%.

Во зеленото сценарио севкупниот раст на потрошувачката на финална енергија по сектори се проценува на 32%.

Забелешка: Слика 3.4 од Стратегијата за развој на енергетиката во Република Северна Македонија до 2040 година

Обврска за известување
  • Eurostat, ECE/UN и IEA/OECD.
Општи мета-податоци
Тема Енергија Поврзаност со други теми/сектори Воздух, Климатски промени, Води, Почва и користење на земјиште, Природа, Земјоделство, Шумарство, Отпад, Домаќинства, Транспорт, Здравство, Туризам, Економија на животната средина ресурси, Индустрија
Код на индикаторот MK НИ 027 Временска покриеност 2000-2020
Име на индикаторот Потрошувачка на финална енергија по сектори Извор на податоци Државен завод за статистика
Класификација по ДПСИР Д Датум на последна верзија 26.08.2022
Тип А Подготвено/ ажурирано од: Стојна Манева
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта: stojna.maneva@stat.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 027 Потрошувачка на финална енергија по сектори EEA – Европска агенција за животна средина IND-16/ENER 016
Energy intensity in Europe
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа G1/83-84 – Final energy consumption
Каталог на индикатори за животна средина нема еквивалент
SDG – Цели за одржлив развој 7 – Ensure access to affordable, reliable, sustainable and modern energy for all,
12 – Responsible consumption and production
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија да
Последна измена:  четврток ноември 10th, 2022