МК – НИ 041

КАРАКТЕРИСТИКИ НА РИБНИОТ ФОНД smajli 1 logo-re
Дефиниција

Индикаторот покажува колку видови слатководни риби живеат во реките и езерата во Република Северна Македонија и кои видови се застапени во рибниците и се предмет на аквакултурно производство.

Индикаторот во моментот ја прикажува состојбата со:

  • уловот на два економски важни видови риба во риболовните води;
  • вкупниот улов на останатите видови риби во риболовните води;
  • вкупното аквакултурно производство на риба во рибниците.
Единици

Број на видови риби, килограми (тони) уловена риба.

Клучно прашање за креирање на политиката

Колку е одржлив уловот на риба во Република Северна Македонија?

Клучна порака

Во Република Северна Македонија просечно се уловува 1.447 тони различни видови риба. Вкупниот улов на риба има периодичен тренд на намалување и зголемување, од 2003 до 2006 година, уловот се намалува затоа што одделни риболовни претпријатија, деловни субјекти и концесионери ја имаат изгубено дозволата за риболовни дејства во одделните водни басени, а и голем број на риболовни спортски друштва се деактивирани.

Најголем улов на риба имало во 2019 година од 2291 тони, а најмал во 2006 година од 813 тони. Крапот е водечки вид во низинските води со улов во 2020 година од 260 тони, а пастрмката во висинските води, со улов во 2020 година од 1399тони. Во вкупниот улов на риба во 2020 година најголем удел има пастрмката со 67,7%, потоа сомот со 16,31%,крапот со 12,47% и најмал удел има други риби со 4,12%.

Вкупниот улов на риба во 2020 година е блиску до зацртаната цел за 2020 година од 2300 тони, зацртаната цел за 2020 година од 1.435 тони за улов на пастрмка од рибници е не е остварена и има пад на уловот во однос на 2019 година за 12,5%.

График 1. Вкупен улов на рибаCSI_041_Priroda2022_g1

 

 

График 2. Улов на главните видови рибаCSI_041_Priroda2022_g2

 

 

График 3. Вкупен улов на риба, по видови рибаCSI_041_Priroda2022_g3

 

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Државен завод за статистика

Оценка

Во разгледуваниот период, за вкупен улов на риба (производство на конзумна риба и улов од спортските рибари), во Република Северна Македонија просечно се уловува 1.447 тони различни видови риба. Во периодот од 1995 до 2003 година, вкупниот улов на риба има периодичен тренд на намалување и зголемување, од 2003 до 2006 година, уловот се намалува затоа што одделни риболовни претпријатија, деловни субјекти и концесионери ја имаат изгубено дозволата за риболовни дејства во одделните водни басени, а и голем број на риболовни спортски друштва се деактивирани.

Во периодот од 2006 до 2010 има тренд на покачување во вкупниот улов на риба од 104,6% во однос на 2006 година, односно, од 813 се покачил на 1664 тони риба. Потоа во периодот од 2011 до 2016 година има повторно пад на уловот на риба во однос на 2010 година за 22,39%. Во 2017 година има пораст на вкупниот улов на риба во однос на 2016 година за 23,45%, за повторен пад од 5,77% во 2018 во однос на 2017 година. Значителен пораст од 52,4% на вкупниот улов на риба има во 2019 година во однос на 2018 година. Уловот на сите видови риба во 2020 година има пад во однос на 2019 година.

Од Слика 3 се гледа дека во вкупниот улов, крапот е водечки вид во низинските води со улов во 2020година од 260тони, а пастрмката во висинските води, со улов во 2020година од 1399 тони. Во вкупниот улов на риба во 2020 година најголем удел има пастрмката со 67,7%, потоа сомот со 16,31%, крапот со 12,47% и најмал удел има други риби со 4,12%.

Вкупниот улов на риба во 2020 година е блиску до зацртаната цел за 2020 година од 2300 тони, зацртаната цел за 2020 година од 1.435 тони за улов на пастрмка од рибници е не е остварена и има пад на уловот во однос на 2019 година за 12,5%.

Рибарењето и искористувањето на рибниот фонд во рибниците и вештачките акумулации во Република Северна Македонија е под постојан надзор, со постојана грижа за рибниот фонд и со константно порибување со економски важни видови риба. На тој начин се овозможува одржлив развој и искористување на рибите како важен економски ресурс, а, исто така, и за спортски риболов. Искористувањето на рибниот фонд од природните езера веќе подолг временски период наидува на константни проблеми и тоа од аспект на прекумерен и неконтролиран улов на риба од тие водни екосистеми. Со овие активности посебно се загрозени ендемични видови риби, како, на пример, охридската пастрмка (Salmo letnica Kar.), но и други ендемити кои се застапени со мали популации во поедини водни екосистеми.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Како извор на податоци за карактеристиките на рибниот фонд во Република Македонија ќе бидат користени податоците од Државниот завод за статистика и нивните методи за обработка на податоци.

  • Методолошка Несигурност

Несигурноста произлегува од претпоставените нецелосни податоци за улов на риба во реките и езерата. Исто така, несигурноста се зголемува поради многу малиот број литературни податоци за генетската структура на рибните популации во природните водени екосистеми.

Цели

Вкупното рибно производство во Република Северна Македонија до 2020 година се предвидува да порасне на 2.300 тони. Притоа, главната маса на порастот ќе ја чинат пастрмските риби (1.435 тони или 62% од вкупниот улов) и тоа претежно од рибниците.[1] [1]Просторен план на Република Македонија

Обврска за известување
  • FAO – Fisheries and Aquaculture Department
  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средина
Општи мета-податоци
Тема Природа Поврзаност со други теми/сектори Вода, Рибарство,Климатски промени
Код на индикаторот MK НИ 041 Временска покриеност 1990-2020
Име на индикаторот Карактеристики на рибниот фонд Извор на податоци Државен завод за статистика
Класификација по ДПСИР С Датум на последна верзија 02.09.2022
Тип А Подготвено/ажурирано од: Катерина Николовска
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта: K.Nikolovska@moepp.gov.mk
[1]Просторен план на Република Македонија

Поврзаност со други индикатори
МК НИ 041 Карактеристики на рибниот фонд EEA – Европска агенција за животна средина IND-25, MAR 008 Aquaculture production
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа нема еквивалент
Каталог на индикатори за животна средина 93 – Aquaculture production
SDG – Цели за одржлив развој нема еквивалент
GGI – Индикатори за зелен раст не
Кружна економија не
Последна измена:  четврток ноември 10th, 2022