Mинистерска конференција Кон климатскиот самит во Париз 2015, предизвици за државите членки на ЦЕИ

CEI 4fin

ИНФО

Министерството за животна средина и просторно планирање организира министерска конференција: „Кон климатскиот самит во Париз 2015, предизвици за државите членки на ЦЕИ “, која ќе се одржи во Скопје, на 6 ноември 2015 година, како дел од македонското претседателство со Централно-европската иницијатива (ЦЕИ).

На Конференцијата ќе се соберат министри или други високи претставници, како и претставници на меѓународни и регионални организации, невладини организации и истражувачи.

Целта на Конференцијата е да се зајакне соработката меѓу земјите-членки на ЦЕИ преку интеграција на климатските промени во постојните процеси на планирање, како и институционалната соработка на истата тема.

Министерската конференција ќе отвори можност на високо ниво да се разменат гледишта во врска со предизвиците кон постигнувањето на ниско јаглероден раст во земјите-членки на ЦЕИ, преку презентирање на ставовите на секоја земја за нејзините процеси на Планираните национално утврдени придонеси (INDCs) и начинот на коишто истите ќе ги унапредат синергиите меѓу климатските, енергетските и другите политики. Понатаму, Конференцијата може да послужи како платформа за размена на гледишта во врска со понатамошно усвојување и спроведување на планови за периодот по Договорот од Париз 2015.

Со Министерска декларација што ќе се усвои ќе се изрази заедничката подготвеност за соработка во насока на остварување на позелен раст за регионот на ЦЕИ.

Паралелно, ќе се организира тркалезна маса за различни заинтересирани страни, како можност за размена на нивните ставови и пристапи кон придонесот за раст со пониски нивоа на јаглерод.

ПРОГРАМА
КОРИСНИ ЛИНКОВИ

 

Central European Initiative   

cei

 

 

 

 

UNFCCC/INDC Submissions

unfcc

INDC

 

Climatechange.mk

climate change
UNFCCC/Newsroom

unfcc-newsroom

 

UN Climate Change Conference COP21, Paris 2015

paris2015

Milieukontakt Macedonia

mkm-logo

Regional Environmental Center

Logo za baner MoEPP

 

 

 

UNDP

image001

 

 

 

 

MACEDONIA’S JOURNEY TO PARIS 2015