Податоци за проект финансиран од ЕУ во рамките на ИПА II (2014-2020)![]() |
|
Име на проектот | Подготовка на долгорочна стратегија и закон за климатска акција Europe Aid/139221/IH/SER/MK |
Главни цели на проектот |
|
Проектни резултати/активности
|
Проектни резултати:
Активности:
|
Дата на започнување | 15.02.2019 |
Дата на завршување | 15.08.2020 |
Тип на проект | Договор за услуги |
Вредност на проектот | 1.149.804,00 ЕУР |
Име на изведувачот | GFA Consulting Group GmbH |
Корисник на проектот | Министерство за животна средина и просторно планирање |
Сектор одговорен за спроведување во рамките на Министерство за животна средина и просторно планирање како краен корисник | Министерство за животна средина и просторно планирање |
Краен корисник (освен Министерство за животна средина и просторно планирање, како што се општини и ЈКП) | Повеќе целни групи |
Линкови поврзани со проектот (веб-страни) | https://climateaction-ipaproject.mk/ |
1 | Општа цел на Проектот | Општата целна овој Твининг проект е понатамошно усогласување и имплементација на регулативата на ЕУ во областа на животната средина преку јакнење на административните капацитети за управување со животната средина на централно и локално ниво во областа на управување со отпад. |
2 | Конкретна цел на Проектот | Конкретната цел на Твининг проектот е јакнење на административните капацитети и преземање на мерки за спроведување на Рамковната директива за отпад (WFD) и посебните директиви за тековите на отпад (WEEED, WBAD и WPD) преку понатамошно јакнење и примена на законодавството и спроведување на обуки. |
3 | Локација на Проектот | Скопје, Македонија |
4 | Времетраење на Проектот | 21 месец Почеток: 26 септември 2016 Завршеток: 25 јуни 2018 |
5 | Вредност на Проекот | €1.010.526,30 |
6 | Потекло на финансиите | Делегација на Европската Унија во ПЈР Македонија (95%) и Секторот за централно финансирање и склучување договори при Министерството за финансии на РМ (5%) – MK 12 IPA IB EN 02 16 |
7 | Официјални проектни партнери и соработници | Раководен партнер од ОК: Northern Ireland Co-operation Overseas (NI-CO), поддржано од Министерството за земјоделство, животна средина и рурални прашања на Обединетото Кралство (DAERA) и Агенцијата за животна средина на Северна Ирска (NIEA)
Партнер-соработник од Шпанија: Fundación Internacional y para Iberoamérica de Administración y Políticas Públicas (FIIAPP), поддржан од Регионалното Министерство за Животна средина, просторно планирање и инфраструктра на Галиција (XUNTA) |
8 | Организација корисник | Партнер корисник: Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ (MoEPP)
Други организации: Mинистерство за економија, Mинистерство за здравство, локални власти и невладини опранизации, споредпотребите |
9 | Персонал на Проектот | – Лидер на проектот од ОК: г-дин Дејв Фостер, DAERA
– Лидер на Проектот од шпанскиот партнер: г-ѓа Моника Перез Медина, Xunta – Постојан твининг советник (RTA) во Скопје: г-дин Греам Брн – Локален персонал на Проектот: г-ѓа Ивана Костоски (Асистент на РТА), г-ѓа Наталија Цингарска (Јазичен асистент на РТА) |
10 | Главни активности |
|
10 | Очекувани резултати |
|
Цел на проектот
Главната цел на проектот е да се придонесе кон одржливиот развој на земјата преку јакнење на административните капацитети во областа на управувањето со водата, како и подобрување на квалитетот на водата преку поддршка на имплементацијата на законодавството кое е поврзано со управувањето со водата, вклучително и Директивната 2007/60/EC за оценка и управување со ризикот од поплави и климатските промени.
Целта на проектот е зајакнување на административните капацитети во областа на управувањето со вода преку имплементација на соодветнотозаконодавство од ЕУ. Овој проект посебно ќе им помогне на надлежните органи во земјата во подготовката на Планот за управување со речниот слив Вардар и усогласување и спроведување на подзаконски акти во областа на управувањето со водата и дозволите за вода.
Компоненти на проектот
Проектот има пет компоненти:
- Компонента 1: Зајакнување на системот за издавање дозволи за користење на вода
- Компонента 2: Изготвување нацрт подзаконски акти за обезбедување на имплементацијата на ЕУ законодавство поврзано со вода
- Компонента 3: Зајакнување на националниот систем за мониторинг на водите
- Компонента 4: Финализирање на Планот за управување со речниот слив Вардар (ПУРСВ) и Програмата за мерки
- Компонента 5:Зајакнување на административниот капацитет за управување со води
Задолжителни резултати
Компонента 1:
- Задолжителен резултат од оваа компонента е зголемување на ефикасноста на постоечкиот систем за издавање дозволи за користење на вода, зајакнување на административниот и технички капацитет на МЖСПП/Секторот води при процесот на обработка, мониторинг и спроведување на апликациите за изработка на дозволи во согласност со законодавството на ЕУ, како што истото во основа е транспонирано во законодавството.
Компонента 2:
- Главната цел на оваа компонента е воспоставување секундарно законодавство и соодветни насоки согласно Директивата за најдобри европски практики и усогласување на истото со постоечкото и новото примарно законодавство.
Компонента 3:
- Главни цели во оваа компонента се зајакнување на националниот систем за мониторинг на водите со цел да се усогласат системи за мониторинг на површински води (квалитет и квантитет) и системот за мониторинг на подземните води со Рамковната директива за води и соодветното законодавство на ЕУ.
Компонента 4:
- Главната цел на оваа компонента е финализирање на карактеризацијата на Речниот слив Вардар како и финализирањето на сите елементи на ПУРСВ согласно Прилог VII на РДВ и доставување на истиот до засегнатите страни за јавна консултација.
Компонента 5:
- Главна цел на оваа компонента е зајакнувањето на капацитетот на вработените во Секторот за води за изготвување и спроведување на ПРСВ, издавање на дозволи за користење вода и мониторинг на водите.
Институции корисници и други вклучени страни
Главен корисник е Министерството за Животна Средина и просторно планирање(МЖСПП), претставено од Управата за Животна Средина.
Потребна соработка, комуникација и координација со:
- Сите релевантни сектори во рамките на Министерството за животна средина и просторно планирање/ Управа за животна средина
- Управа за хидрометеоролошки работи во рамките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство
Податоци за проектот
Буџет: 1,200,000 евра
Период на спроведување: 21 месец
Почеток на спроведувањето: 1 мај 2017
Главен корисник: Министерство за животна средина и просторно планирање
Институции на Земјите Членки:
Главен партнер Австрија: Агенција за животна средина на Австрија
Партнер:Министерство за животна средина на Република Литванија
Партнер: Национален институт за јавно здравје и животна средина од Холандија
Препознавајќи ја потребата за подобрување на состојбата со квалитетот на воздухот, Европската Унија, преку Инструментот за Пред-пристапна Помош (IPA), го финансира Твининг проектот “Понатамошно зајакнување на капацитетите за ефикасно спроведување на законодавството во областа на животната средина”. Времетраењето на проектот е 21 месец (Мај 2015 – Јануари 2017) со буџет од 1.1 милиони евра. За повеќе информации за нашиот проект, посетете ја нашата веб страна aqtwinning.moepp.gov.mk
За проектот
Твининг Програма
Твинингот е инструмент на Европската Унија за институционална соработка меѓу Јавната Администрација на Земјите Членки на ЕУ (ЗЧ) и земјите корисници (ЗК). Првобитно се појави во 1998 за да им помогне на земјите кои во тоа време беа кандидати, да се здобијат со потребните вештини и искуства за да го усвојат, спроведат и применат законодавството на ЕУ.
Поконкретно, во ИПА регионот, Твинингот има за цел да обезбеди подршка за транспонирање, спроведување и примена на законодавстввото на ЕУ (acquis-от на Унијата). Твинингот гради капацитети на јавната администрација на земјите корисници за време на процесот на пристапување, што резултира во прогресивен и позитивен развој во регионот.
Основни податоци за проектот:
Најголемите индустриски иинсталации имаат значителен удел во тоталните емисии од клучни атмосферски загадувачи, и имаат други важни влијаниа, вклучувајќи ги емисиите во вода и почва, генерирање на отпад и користење на енергијата. Директивата за Индустриски Емисии 2010/75/EU (IED) ги поставува основните принципи за издавање на дозволи и контрола на инсталациите базирајќи се на интегриран пристап и на најдобри достапни техники (BAT). Директивата заменува седум постоечки Директиви поврзани со индустриски инсталации и пропишува обврзувачки барања за работа на индустриски инсталации и овие барања се построги од барањата кои важеле порано во законодавството на ЕУ.
Со новиот проект, Македонија јасно ја покажува подготвеноста да ги спроведе правилно Европските еколошки станарди за индустриски инсталации.
Цел на проектот
Општата цел е да се зголеми ефективноста на подготовките на земјата за пристапот во ЕУ и да се обезбеди ефикасност на ЕУ програмите во земјата.
Целта на проектот е зајакнувањето на административниот капацитет на национално и локално ниво за транспонирање и спроведување на ДИЕ во Македонија. Проектот предвидува подготовка на примарно и секундарно законодавство во согласност со ДИЕ, процена на економското влијание, градење на капацитети на централно и локално ниво и процена на потребната опрема за спроведување на ДИЕ. Проектот ќе се спроведе во текот на годините 2015-2016.
Компоненти на Проектот
Проектот има четири компоненти:
Компонента 1: Процена на економското влијание на спроведувањето на Директивата за Индустриски Емисии 2010/75/EU врз индустрискиот сектор
- Ќе се врши Анализа на Регулаторното Влијание на спроведување на ДИЕ за релевантниот индустриски сектор, како и за релеватната администрација
- Ќе се подготви Процена на извештајот за економското влијание на спроведувањето на ДИЕ врз релевантни индустриски сектори и за релевантната администрација со предлози, и следните чекори ќе се дискутираат и договорат со Министерството
Компонента 2: Подготовка на примарно и секундарно еколошко законодавство во согласност со новата Директива за Индустриски Емисии 2010/75/EU
- Процена на празнини и анализи на согласност меѓу постоечкото законодавство со ДИЕ
- Ќе се изготви нов Закон за Контрола на Емисиите од Индустријата преку транспонирање на Директивата за Индустриски Емисии
- Ќе се изготви секундарно законодавство во согласност со Директивата за Индустриски Емисии
Компонента 3: Зајакнување на централните и локалните административни капацитети за имплементација на новата Директива за Индустриски Емисии 2010/75/EU
- Ќе се анализира централниот и локалниот административен капацитет за транспонирање и практично спроведување на новата ДИЕ 2010/75/EU и ќе се предложат планови за зајакнување на овој капацитет
- Спроведување на новата Директива за Индустриски Емисии ќе се подржи преку различни видови на обуки, работилници и семинари.
- Ќе се анализираат и проценат избрани дозволи (A и Б) и ќе се изработат пилот дозволи во согласност со ДИЕ (БАТ) во одредени сектори
- Ќе се изработат Прирачници и упатства за практично спроведување на ДИЕ
- Ќе се организираат Студиски Посети во Австрија и Шпанија за да се разменат искуствата, да се посетат инсталации во овие Земји Членки и да се дискутира спроведувањето на ДИЕ.
Компонента 4: Подготовка на приоритетен список со опрема потребна за спроведување на новата Директива за Индустриски Емисии 2010/75/EU
- Постоечката опрема ќе се анализира детално
- Ќе се изготви список со додатна опрема потребна за спроведување на ДИЕ и ќе се дискутира околу испораката на ова опрема.
Податоци за проектот
Наслов: Твининг проект “ Зајакнување на административните капацитети на централно и локално ниво за транспонирање и имплементација на новата Директива за Индустриски Емисии 2010/75/EU”
Буџет: 900.000 Евра
Период на спроведување: 15 месеци
Почеток на спроведувањето: 1ви Октомври 2015
Главен Корисник: Министерство за Животна Средина и Просторно Планирање, Управа за Животна Средина
Институции на Земјите Членки:
Водечки Партнер Австрија: Агенција за Животна Средина Австрија
Помал Партнер Шпанија:Регионално Министерство на Галиција за Животна Средина, Просторно Плаирање и Инфраструктури и ФИАПП
Име на проектот | КАРДС регионална акциона програма за 2002 – Зајакнување на Европската информативна мрежа за животна средина во земјите од Западен Балкан |
Опис на проектот | Во Програмата се опфатени петте земји од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и Црна Гора и Македонија) во период од 2004 до 2006 г. Наменета е за развој и подготовка на петте земји да го достигнат нивото на земјите членки на ЕЕА, со што ќе бидат подготвени да станат членки на ЕЕА. |
Цели на Проектот | Посебните цели на Проектот се:
– да се зајакнат националните мрежи на EIONET кои се на различно ниво на развој и нивната работа да се хармонизира со ЕЕА се до целосната интеграција во EIONET, со цел да се постигне слично функционирање како во мрежите на земјите членки на ЕЕА; – да се воспостави процес на развивање на индикатори и да се изгради постапка за редовно известување заснована на приоритетните текови на податоци на EIONET и систем за известување преку индикатори со цел петте земји да се вклучат во основните извештаи за животна средина на ЕЕА; – да се развие соработка во петте тематски области (Воздух и климатски промени, Вода, Заштита на природата и биолошка разновидност, Копнена средина и Текови на отпадоци и материјали, и нивните наследници, доколку е соодветно), преку проширување на работата на петте Европски тематски центри на ЕЕА во овие тематски области со вклучување на земјите од Западен Балкан, со цел да се воспостават Европски мрежи за мониторинг на животната средина и информативни системи (EUROWATERNET, EUROAIRNET, CDDA/Emerald, CORINE Land Cover/TERRIS, WasteBase) и да се помогне во развивањето на националните аспекти на тематските мрежи; – Да се поддржи функционирањето и развивањето на апликациите на Телематската мрежа на EIONET, со цел да се обезбеди алатка за комуникација за размена на податоци и информации за животната средина низ целата мрежа на ЕЕА, со цел петте земји од Западен Балкан да се вклучат во инфраструктурните алатки на ReportNet; – Да се обезбеди учеството на националната мрежа на EIONET во главните случувања во ЕЕА, со цел да се развие институционалната мрежа на национално ниво, следејќи го моделот на EIONET; Хармонизиран пристап во развивањето на соработката на ЕЕА со земјите од Западен Балкан,преку управување и координација на проектот што ќе се обезбеди со средства од ЕЕА |
Одговорен за проектот | Светлана Ѓорѓева НФП во ЕЕА – Македонски информативен центар за животна средина |
Времетраење | од 2004 до 2006 г / обезбедени се средства за продолжување на проектот од 2007-2008 |
Донација | ЕУ – CARDSрегионална програма спроведувана преку Европска агенција за животна средина (ЕЕА)
|
Вредност на донацијата | 2.000.000 Евра (за сите вклучени земји) до 2006 и 700.000 евра до 2008 |
Вклучени други институции | Министерствата за животна средина од петте земји од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и Црна Гора и Македонија
Во процесoт на подготовка на индикаторите е вклучен и UNEP/GRID Arendal
|
Компонента 1
|
|
Опис на компонентата | Воведување на медотологијата CORINAIR ( MK EN CoR Inventory Air Pollution ) за инвентаризација на емисиите во воздухот во Република Македонија како национална медодологија. Таа произлегува од барањата на Конвенцијата за прекуграничен пренос на аерозагадувањето ( CLRTAP ) |
Одговорен за компонентата | Виларова Маријонка – Македонски информативен центар за животна средина |
Цел на компонентата | Целта на воведување на методологијата CORINAIR во нашата држава е да се добијат релевантни споредливи податоци за количините на емисиите на загадувачките супстанции со ЕУ земјите, како и исполнување на барањето на конвенцијата за следење и намалување на количините на емисии на загадувачките супстанции за кое редовно известуваме секоја година до 15 февруари. |
Компонента 2
|
|
Опис на компонентата | Воспоставување процес на развивање на индикатори за животна средина во земјите од Западен Балкан. Градење на постапка за редовно известување заснована на приоритетните текови на податоци на EIONET и систем за известување преку индикатори се со цел петте земји полесно да се вклучат во основните извештаи за животна средина на ЕЕА.
|
Одговорен за компонентата | Катерина Николовска – Македонски информативен центар за животна средина |
Цел на компонентата | Изготвување на индикатори за животна средина, согласно Основниот сет на индикатори на Европската агенција за животна средина, за потребите на извештајот Белград 2007, кој ке биде претставен на Министерската конференција во Белград 2007 година.
За таа цел беа организирани два работни состанока на кои, претставниците од земјите дадоа извештај по однос на секој од 37те индикатори усвоени во основниот сет на индикатори. На првиот состанок, беше разгледуван секој индикатор поединечно по однос на институции, расположиви податоци и можност за пресметување на индикаторот и да се согледаат недостатоците во поедините земји, односно, за кои индикатори недостасуваат податоци. На вториот состанок беше направена споредбена табела, во која беше дадено дали, и во која од земјите, индикаторот е достапен, делумно се достапни податоци за негово пресметување или воопшто нема податоци. На крај од состанокот беа идентификувани индикаторите кои се заеднички за стие земји, а по кои земјите треба да известуваат до ЕЕА и ќе бидат опубликувани како анекс на Белградскиот ивештај.
|
Компонента 3
|
|
Опис на компонентата | Во рамките на CARDS 2002 Регионалната програма “Зајакнување на EIONET во земјите од Западен Балкан”, Европската агенција за животна средина од Копенхаген издвојува средства за поддршка на развојот на Емералд мрежата во 5-те земји во Југоисточна Европа: Албаниа, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија и Србија и Црна Гора. Активностите во врска со развојот на Емералд мрежата ги координира Советот на Европа преку досега спроведените пилот-проекти, а ќе продолжи и во овој проект. Периодот на реализација на овој проект е веднаш по потпишување на Административниот аранжман (септември 2005) до декември 2006 година. |
Одговорен за компонентата | Робертина Брајаноска – Управа за животна средина |
Цел на компонентата | Со проектот се очекува да се даде поддршка во идентификацијата на 80 % подрачја од посебен интерес за зачувување (ASCI) во секоја земја со следните аутпути:
– дистрибуција по биогеографски региони на сите видови и хабитати од Резолуциите 4 и 6 од Бернската Конвенција и Анекс I и II од Директивата за хабитати; – карти на дистрибуција на селектирани видови и хабитати во ГИС – база на податоци за 80% АСЦИ, пополнета до 60% од податоците – дигитални граници за сите АСЦИ во ГИС.
Финансиската контрибуција (30.000 ЕУР по држава) ни беше префрлена преку Советот на Европа, на сметката за проектот за развој на Емералд мрежата во Р.Македонија, на две рати со два административни аранжмани, следејќи го прогресот на работа, и тоа: – првиот – кој покрива обработка и испраќање до 40 % ASCI до крајот на Февруари 2006 (10.000 ЕУР); – вториот – кој покрива обработка и испраќање на останатите 40 % ASCI до Декември 2006 и изготвување на финалниот извештај (20.000 ЕУР).
|
Име на проектот | КАРДС програма за 2003 Подобрување на управувањето со меѓуграничните водени ресурси на басенот на реката Вардар |
Опис на проектот | Проектот ќе и помогне на Република Македонија во воспоставувањето на рамка за Планирање на управувањето со речниот слив (УРС) – систем за ефикасно управување со водните ресурси и квалитетот на водата во реката Вардар и нејзините притоки. Важен аспект на УРС е ефикасното управување со побарувањето на индустрски води и индустриските отпадни води. |
Одговорен за проектот | Менка Спировска – Државен советник |
Времетраење | 20 месеци |
Донација | ЕУ – CARDSпрограма спроведувана преку Европска агенција зa а реконструкција (ЕАР) |
Вредност на донацијата | Проектот е финансиран од Европската Унија |
Вклучени други институции | Во овoj Проект вклучени ќе бидат сите релевантни институции кои имаат надлежност во делот на водите |
|
|
Опис на компонентата | Подготовка на Работниот документ кој ќе е само прв чекор од процесот на асистирање при прегледот на правните и регулаторните аспекти и концептуализирање на текстовите за апликација за да се олесни имплементацијата на ЕУ РДВ и подготовката на планот за УРБ |
Одговорен за компонентата | Љупка Димоска Зајков учесник во Работна група – МЕИЦ |
Цел на компонентата |
|
|
|
Опис на компонентата | Проценка на постоечката мониторинг мрежа во Р. Македонија, утврдување на недостатоците во однос на барањата на РДВ, како и предлагање на соодветен мониторинг согласно РДВ |
Одговорен за компонентата | Љупка Димоска Зајков – учесник во Работна група – МЕИЦ |
Цел на компонентата | Обезбедување на соодветни и неопходни податоци за изработка на Планот за управување на сливното подрачје |
|
|
Опис на компонентата | Прелиминарна проценка на ризиците од точкасти извори на загадување – 30 компании |
Одговорен за компонентата | Љупка Димоска Зајков учесник во Работна група |
Цел на компонентата | Теренска посета на компаниите како и на Јавните комунални претпријатиа со цел обезбедување на соодветни податоци кои ќе бидат основа во изработката на Палонт за управување со сливот на р. Вардар |
|
|
Опис на компонентата | Изработка на Предлог документ што ќе преставува Подготовка за изработка на План за управување со водите во басенот на реката Вардар |
Одговорен за компонентата | Љупка Димоска Зајков учесник во Работна група |
Цел на компонентата |
|
Опис на компонентата | Проектните задачи вклучуваат: Студија за водниот баланс и сродни геолошки структури, собирање на релевантни информации и договор за методи на валидација; Проценка од национални и меѓународни специјалисти за врнежи; тек на водите; апстракција на вода (од површински и подземни); нивоа и протоци на подземни води, нивоа на езера и квалитет на вода за проценка на примарни и секундарни ефекти, вклучувајќи ги промените на областите на вододелницата и земјоделието. |
Одговорен за компонентата | Љупка Димоска Зајков учесник во Работна група |
Цел на компонентата | Утврдување на состојбата со подземните води во долниот сливот на р. Вардар и Дојранското Езеро, како и утврдување на состојбата со езерото |
Име на проектот | КАРДС програма за 2004 “Зајакнување со управувањето со животната средина
|
Опис на проектот | Проектните задачи се однесуваат на зајакнување со управувањето со животната средина преку имплементација на активности од повеќе компоненти како М3 компонента – подготовка на законски и подзаконски акти, институционални аспекти – воведување на IPPC систем, комплетирање на гајдланси и процедури за ЕИА, Прелиминарна проценка и воспоставување на зони и агломерации, Информациски систем за животна средина како М6 компонента
|
Одговорен за проектот | Менка Спировска-државен советник |
Времетраење | Проектот ќе трае 24 месеци (мај 2005 – јуни 2007) |
Донација | ЕУ – CARDSпрограма спроведувана преку Европска агенција реконструкција (ЕАР) |
Вредност на донацијата | |
Вклучени други институции
|
Во овoj Проект се вклучени сите релевантни институции кои имаат надлежност во областа на животната средина |
Компонента М3
|
|
Опис на компонентата | Изработка на прелиминарна оценка на квалитетот на воздухот на територијата на целата држава и воспоставување на зони и агломерации за квалитет на воздух согласно рамковната директива за воздух 96/62/ЕЦ |
Одговорен за компонентата | Виларова Маријонка – Координатор на Работната група на М3 компонентата од проектот |
Цел на компонентата | Целта на компонентата е да се изработи прелиминарна оценка на квалитетот на воздухот од серија постоечки мерења за повеќе години за основните загадувачки супстанции на целата територија на државата. Оценката и обработката на податоците се врши согласно релевантните директиви за воздух 99/30/ЕЦ, 2002/3/ЕЦ и 2000/69/ЕЦ. Како резултат од прелиминарна оценка ќе се воспостават зони и агломерации за квалитет на воздух од кои ќе се добие сознание како да се пристапи при подготовка на планови и програми за подобрување на квалитетот на воздухот.
|
Компонента М6
|
|
Опис на компонентата | Информациски систем за животна средина (ИСЖС) |
Одговорен за компонентата | Маја Граматикова – Координатор на активностите во компонента М6 |
Цел на компонентата | Компонентата M6 е фокусирана на развојот на Националниот информациски систем за животна средина согласно Стратегијата за управување со податоците за животната средина изготвена во рамките на Проектот “Зајакнување на капацитетот на Министерството за животна средина и просторно планирање” од PHARE99 Програмата.
Во рамките на оваа компонента ќе биде изготвен Каталог на податоци за животната средина кој ќе претставува основа за следниот чекор од развојот на ИСЖС – дизајнирање на интегрирана база на податоци која ќе ги опфаќа податоците од сите медиуми и области од животната средина.
|
Правна компонента
|
|
Опис на компонентата | Изработка на подзаконски акти |
Одговорен за компонентата | Маријонка Виларова – воздух
Љупка Димовска- Зајков – вода |
Цел на компонентата | Компонентата е фокусирана на изработка на следните подзаконски акти:
– Идентификација на листа на опасни супстанции и нивни емисиони стандарди – Утврдување на состојбата, управувањето и гранични емисиони вредности на испуштање на отпадни води од домаќинствата по третман, земајќи ги во обзир карактеристиките на заштитните зони – Утврдување на состојбата, управувањето и барањата за дизајнирање, конструкција и работа на колекторските системи и објектите за третман на отпадна вода од домаќинствата, како и техничките стандарди и квалитативни норми за пред третман, одведување и третман на отпадни води, земајќи ги во обзир оптоварувањата и методите за третман на отпади води од домаќинствата што се исфрлаат во водните тела во осетливите области
– Правилник за гранични вредности за емисии од стационарни извори – Одлука за воспоставување на зони и агломерации.за квалитет на амбиентниот воздухот во Р.М – Правилник за воведување на CORINAIRметодологија |
Име на проектот | КАРДС програма за 2005 “Националната стратегија за апроксимација во животната средина” |
Опис на проектот | Проектните задачи се однесуваат на изработка на Националната стратегија за апроксимација во животна средина
|
Одговорен за проектот | Даниела Стефкова – Сектор за евроинтеграција |
Времетраење | Проектот ќе трае 14 месеци (февруари 2006 – април 2007) |
Донација | ЕУ – CARDSпрограма спроведувана преку Европска агенција реконструкција (ЕАР) |
Вредност на донацијата | 1.250.000,00 ЕУРО |
Вклучени други институции
|
Во овoj Проект вклучени ќе бидат сите релевантни институции кои имаат надлежност во областа на животната средина |
Компонента Вода
|
|
Опис на компонентата | Изработка на национална стратегија за води, насоки и план за имплементација
|
Одговорен за компонентата | Љупка Димоска Зајков – Национален координатор на Работната група за вода |
Цел на компонентата | Работата ќе се одвива низ следните 4 (четири) фази:
|
Компонента воздух
|
|
Опис на компонентата | Проектните задачи се однесуваат на изработка на Националната стратегија за апроксимација во животна средина, во случај на компонентата за воздух треба да се подготвата коресподентни табели за 4 директиви, имплемнтациони планови, од кои за две директиви и анализа на трошоци за нивна имплементација.
|
Одговорен за компонентата | Виларова Mаријонка – Координатор на Работната група за воздух од МЖСПП |
Цел на компонентата | Целта на компонентата е да се направат имплементациони планови и анализа на трошоци на директивите 96/62/ЕЦ и 2003/87/ЕЦ, имплементациони планови за директивите 2002/3/ЕЦ и 2001/81/ЕЦ, а ако има можност и средства за останатитедирективи 99/30/ЕЦ, 2000/69/ЕЦ, 99/94/ЕЦ, 99/32/ЕЦ, 98/70/ЕЦ ќе се изработат коресподентни табели и имплементациони планови. |
Компонента Бучава
|
|
Опис на компонентата | Изработка на национална стратегија за бучава, насоки и план за имплементација |
Одговорен за компонентата | Тања Пауновска – Национален координатор на Работната група за вода
Катерина Николовска – Заменик координатор, Македонски информативен центар за животна средина |
Цел на компонентата | Целта на компонентата е да се:
|
Име на проектот | Студија за Развивање на капацитетите за управување со загадувањето на почвата поврзано со рударството во Република Македонија |
Опис на проектот |
|
Одговорен за проектот | Сашо Апостолов
|
Вклучени во проектот од МЖСПП | – Маргарета Цветковска
– Ана Мазнева |
Времетраење | од 2006 до почеток на 2008 г
|
Донација | Japan International Cooperation Agency (JICA) – Јапонска Интернационална Агенција за Соработка |
Вредност на донацијата | |
Вклучени други институции | Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Министерство за економија Министерство за здравство Рударско-геолошки факултет, Факултет за земјоделски науки и храна
|
О Л И М П И Ј А Д А 2004
Во врска со одржувањето на престојните Олимписки игри во Атина, август 2004, и очекувањата на Р.Македонија за транзитирање на околу 1,5 милион туристи, а со цел што подобро презентирање на земјата од аспект на националното природно и културно богатство, Министерството за животна средина и просторно планирање во рамките на заеднички проект со Министерството за култура и Министерството за економија, пристапи кон изработка на репрезентативен материјал за оваа намена.
Имено во таа насока Информативниот центар за животна средина во соработка со службата за просторен информативен систем и службата за животна средина изработи:
- репрезентативна веб страна за природното наследство на Р.Македонија
- ЦД со фото албум за природните убавини на републиката
- туристичка карта со означени природни и културни реткости
- билборди
Веб страницата е конципирана во две насоки, едната преку карта на која со непосредно кликање на соодветна локација, се отвара страницата со слики и содржина за конкретната локација,
другата организациски осмислена така што целото природно богатство е поделено во 3 групи презентирани на веб страниците преку 3 менија:
- Национални паркови
- Строги природни резервати
- Споменици на природата
Така се овозможува корисникот да пребарува и по картата на републиката т.е. да се ориентира каде кој објект на природата се наоѓа, зависно од планираната насоката на движење на пат до Атина, како и по конкретна интересна група на природни убавини.
Корисниците на Интернет медиумот можат страницата да ја погледаат на адреса: www.moe.gov.mk/prirodnonasledstvo или преку официјалната страница на Р. Македонија поставена на страницата на со адреса: www.athens2004-mk.gov.mk во делот Macedonia/Natural resources. Оваа страница содржи информации и податоци за сите свери на опшественото живеење кои би можеле да бидат интересни за странските посетители.
ЦД со фото албумот содржи Power Point презентација преку која визуелно се доближуваме до атрактивните природни убавини на земјата.
Количината на отпечатени ЦД-а брои 5000 копии респективно поделени по горенаведените министерства, и по нашите конзуларни претставништа и амбасади со цел истите да се дистрибуираат на потенцијално заинтересираните патувачи.
Туристичка карта
Картата е осмислена како двостран информатор во насока “кој локалитет го буди вашето интересирање” и “каде истиот можеме да го најдеме”.
Значи на првата страница е отпечатена картата на Р.Македонија со легенда која ги содржи сите позначајни објекти на природата и културата , додека на задната страница покрај фактографските податоци за големината на републиката, населеност, официјален јазик, конвертабилна валута се претставени најатрактивните места со репрезентативна слика и кратка содржина за конкретното место “зошто?” истото треба да се посети.
Туристичката карта ќе се отпечати во количина од 150 000 примероци и ќе биде бесплатно разделувања на сите гранични премини и аеродроми на пасошката контрола какои по попатните стојалишта низ републикава (бензински пумпи, мотели, наплатни рампи..).
Билборди
На сите гранични премини во Државава како и во двете аеродромски згради на Скопскиот и Охридскиот аеродром ќе бидат поставени билборди со содржини од нашето културно и природно наследство кои треба да го привлечат вниманието на посетителите.
На билбордите ќе бидат поставени слики од локалитетите: Стоби, Осоговски Манастир, Охрид и Дојран и картата на Република Македонија со назначената патна мрежа и места интересни за туристите.
Секој од овие продукти треба во целост да ја зголемат заинтересираноста на светот за запознавање со нашата татковина и пријатен престој во туристичките капацитети подготвени за овој мега настан.