MK – НИ 004

НАДМИНУВАЊЕ НА ГРАНИЧНИТЕ ВРЕДНОСТИ ЗА КВАЛИТЕТ НА ВОЗДУХ ВО УРБАНИ ПОДРАЧЈА – SO2 smajli 1 logo-re
Дефиниција

Овој индикатор го прикажува делот од урбаната популација која што е потенцијално изложена на концентрации на загадувачки супстанциво амбиентиот воздух над граничните вредности дефинирани за заштита на човеково здравје.

Урбаната популација која што е земена во предвид е всушност вкупниот број на жители кои што живеат во градовите каде што има најмалку една мониторинг станица. Во овие градови влегува главниот град на Република Северна Македонија и останатитепоголеми градови. Бројот на жители е во согласност со пописите спроведени од страна на Државниот завод за статистика од 2002 и 2021 година со тоа што податоците од 2004 до 2020 година се обработувани со бројот на жители од пописот од 2002 година, додека податоците од 2021 година се обработувани со бројот на жители од пописот од 2021 година.

Надминувањето на граничните вредности за квалитет на воздухот се појавува кога концентрацијата на загадувачките супстанци ги надминува граничните вредности за SO2утврдени со Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели („Сл. весник на РМ“ бр.50/2005, 4/2013, 183/17), во која е транспонирана директивата за квалитет на амбиентен воздух и почист воздух во Европа 2008/50/ЕC и директивата за тешки метали 2004/107/ЕC.Онаму каде што постојат повеќе гранични вредности (види дел за Цели на политиката), индикаторот го користи најстрогиот случај:

  • Сулфурдиоксид (SO2): среднодневна гранична вредност
Единици

Процент на урбаната популација потенцијално изложена на надминувања на концентрациите во амбиентниот воздух на сулфурдиоксид (SO2), над граничните вредности дефинирани за заштита на човеково здравје.Koнцентрациите во амбиентниот воздух на сулфурдиоксид (SO2) се изразуваат во микрограм/m3 (µg/m3).

Клучно прашање за политиката

Каков прогрес е направен за намалување на концентрациите на загадувачките супстанции во урбаните средини за достигнување на граничните вредности за SO2 дефинирани во Уредбата?

Клучна порака

Во периодот од 2004 до 2021 година, нема надминување на среднодневната концентрација на сулфур диоксид, односно населението не е изложено на концентрации на сулфур диоксид над граничната вредност, со исклучок на 2006 година кога од дозволените 3 дена во Скопје има појава на надминување на граничната вредност во текот на 8 дена, што и не претставува некој знечителен проблем. Постојат планови за инсталирање на постројка за десулфуризација во термоелектраната РЕК Битола, со што значително ќе се намалат националните емисии на SO2 а со тоа се очекува и понатамошно намалување на концентрациите на SO2, кои и онака се под граничните вредности.

Концентрациите на SOво воздухот се видливо намалени во изминатитегодини, бидејќи е намалена потрошувачката на лигнит и мазут. Сепак,вкупните национални емисии на SO2 сѐ уште се високи. Поради тоапотребнo е воведување на технологии за намалување на емисиите на SO2 особено кај главните термоелектрани.

Покрај големите производствени капацитети на енергија, постојат и помалитоплани за потребите на централнотопарно греење, кои користат гас и нафтаза ложење главно во Скопскиот регион.

Овие помали енергетски постројки јазаменија употребата на мазут со нафтаза ложење. Со ова значително се намалија концентрациите на SOво Скопје.

Дел од емисиите на SO(помалку од10 %) потекнуваат од индустријата односно од фабриките за производствона челик, рафинеријата и цементнатаиндустрија. Патниот сообраќај не емитува значителни количества на SO2, поради десулфуризација на горивата односно сега се употребуваат горива со нискасодржина на сулфур. Токму оваа мерка доведе до бројот на денови на изложеност на населението да се сведе на нула за разлика од 2006 година кога има денови со надминување на граничната вредност.

Оценка

Сулфур диоксидот во воздухот најчесто потекнува од големите термоцентрали и термоелектрани како и од малите и средноголеми котли за согорување на јаглен во урбаните средини. Главниот антропоген извор е согорувањето на јагленот и нафтата. Оваа загадувачка супстанција се емитира во воздухот и како резултат на индустриските процеси (производство на целулоза и хартија, сулфурна киселина, топење на олово-цинкови руди). На следните два графикони се прикажани изложеностите на популацијата на оваа загадувачка супстанца.

Графикон 1: Процент на урбаната популација изложена на загадување на воздухот во области каде концентрациите на загадувачките супстанци се повисоки од граничните/целните вредностиCSI 004 2022 SO2_g1

 

 

Графикон 2: Процент од урбаната популација изложена на концентрации на SO2 над среднодневната гранична вредност, изразена како број на денови во текот на една календарска годинаCSI 004 2022 SO2_g2

 

Во периодот од 2004 до 2021 година, нема надминување на среднодневната гранична вредност на сулфур диоксид, односно населението не е изложено на концентрации на сулфур диоксид над граничната вредност, со исклучок на 2006 година кога од дозволените 3 дена во Скопје има појава на надминување на граничната вредност во текот на 8 дена, што и не претставува некој значителен проблем

Во 2006 година 53 % од населението е изложено на концентрации на сулфур диоксид над 125 mg/m3 повеќе од 6 дена во текот на годината. Во 2005 и 2007 година има повисок процент (околу 50 %) на населението изложено на концентрации на сулфур диоксид над 125 mg/m3 од 1 до 3 дена во годината, додека во 2008 и 2009 година тој процент на изложеност на населението е многу мал (3 %).

На следниот графикон е прикажана 4та највисока просечна концентрација на SO2.

Графикон 3: 4та највисока просечна среднодневна концентрација на SO2 годинаCSI 004 2022 SO2_g3

 

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Македонски информативен центар за животна средина

Moже да се заклучи дека намалувањето на емисиите на SO2 јаснодоведува до намалување на концентрациите на SO2 во воздухот. Од 2007 година намалувањето на концентрациите на SO2 ерелативно систематски тренд во сите мониторинг станици и нема регистрирани надминувања награничните вредности на SO2. Ова се должи на промената на горивото кое било користено во некои топлани и имлементација на регулативата за течни горива со ниска содржина на сулфур.

Концентрациите на SOво воздухот се видливо намалени во изминатитегодини, бидејќи е намалена потрошувачката на лигнит и мазут. Сепак,вкупните национални емисии на SO2 сѐ уште се високи. Поради тоапотребнo е воведување на технологии за намалување на емисиите на SO2 особено кај главните термоелектрани.

Покрај големите производствени капацитети на енергија, постојат и помалитоплани за потребите на централнотопарно греење, кои користат гас и нафтаза ложење главно во Скопскиот регион.

Овие помали енергетски постројки јазаменија употребата на мазут со нафтаза ложење. Со ова значително се намалија концентрациите на SOво Скопје.

Дел од емисиите на SO(помалку од10 %) потекнуваат од индустријата односно од фабриките за производствона челик, рафинеријата и цементнатаиндустрија. Патниот сообраќај не емитува значителни количества на SO2, поради десулфуризација на горивата односно сега се употребуваат горива со нискасодржина на сулфур. Токму оваа мерка доведе до бројот на денови на изложеност на населението да се сведе на нула за разлика од 2006 година кога има денови со надминување на граничната вредност.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

За секоја урбана станица, бројот на денови со среднодневна просечна концентрација поголема од граничната вредност (среднодневна гранична вредност од 125 микрограми SO2/m3) се пресметува од достапните часовни податоци.Селектираните урбани станици вклучуваат станици од типот: станици кои го покажуваат загадувањето од сообраќајот, станици кои го покажуваат загадувањето од индустријата и урбани позадински станици. Бројот на денови кога има надминување во еден град се добиваат со земање на средна вредност на резултатите од сите станици поставени во тој град.

  • Методолошка несигурност и несигурност на податоците

Податоците, генерално, не се репрезентативни за целата урбана средина во Република Македонија. За разлика од дефинираната методологија на Европската агенција за животна средина, каде за пресметување на индикаторот се користат само податоци од урбани позадински станици, ние за пресметка ги искористивме податоците од сите станици поставени во урбани средини. Исто така, поради минималниот број на мониторинг станици, во пресметките на индикаторот се земени станици каде што покриеноста со податоци е поголема од 75% по календарска година. Како несигурност може да се смета и тоа што во пресметката на индикаторотдо 2020 година, земен е бројот на жители по градовите согласно пописот на население спроведен од Државниот завод за статистика во 2002 година, наместо проценет број на население за секоја година поединечно.

Цели

Во Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанци во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните ведности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели, се дефинирани граничните вредности за SO2.

Гранични вредности за концентрации на сулфур диоксид во амбиентниот воздух

Во согласност со горенаведената Уредба за сулфурдиоксид, дефинирани се две гранични вредности за заштита на човековото здравје

  • Среднодневна гранична вредност од 125 µg/m3 и истата не смее да биде надмината повеќе од 3 пати во текот на една календарска година
  • Едночасовна гранична вредност од 350 µg/m3, која не смее да биде надмината повеќе од 24 пати во текот на една календарска година
Обврска за известување
  • Европска агенција за животна средина

–   Размена на податоците за квалитет на воздухот, во согласност со имплементационата одлука во која се дадени правилата на директивите 2004/107/EC и 2008/50/EC на Европскиот парламент и на Советот во однос на реципрочна размена на информации и известување за квалитет на амбиентен воздух (Одлука 2011/850/EC).

  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средина
Општи мета-податоци
Тема Воздух Поврзаност со други теми/сектори Климатски промени, Енергија, Здравство,Индустрија
Код на индикаторот MK НИ 004 – 1 Временска покриеност 2004-2021
Име на индикаторот Надминување на граничните вредности за квалитет на воздухот во урбани подрачја – SO2 Извор на податоци Министерство за животна средина и просторно планирање – Македонски информативен центар за животна средина
Класификација по ДПСИР С Датум на последна верзија 29.07.2022
Тип А Подготвено/ажурирано од: Никола Голубов
Анета Стефановска
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта: N.Golubov@moepp.gov.mk
А.
Stefanovska@moepp.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 004 – 1 Надминување на граничните вредности за квалитет на воздухот во урбани подрачја – SO2 EEA – Европска агенција за животна средина IND-34-en CSI 004 , AIR 003 Exceedance of air quality standards in urban areas
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа A2/15 – Annual average concentration of sulphur dioxide
Каталог на индикатори за животна средина 19 – Exceedance of air quality standards in urban areas (EEA_CSI004)
SDG – Цели за одржлив развој 3 – 3.9.1: Mortality rate attributed to household and ambient air pollution
9 – 9.4.1: CO2 emission per unit of value added
11 – 11.6.2: Annual mean levels of fine particulate matter (e.g. PM2.5 and PM10) in cities (population weighted)
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија не
Последна измена:  петок ноември 11th, 2022