ЕМИСИЈА НА ЗАГАДУВАЧКИ СУПСТАНЦИ ОД ГОЛЕМИ СОГОРУВАЧКИ ПОСТРОЈКИ |
Овој индикатор ги следи трендовите на сулфурните оксиди, азотните оксиди и вкупна прашина емитирани од големи согорувачки постројки опфатени во Националниот план за намалување на емисиите (НПНЕ), како и постигнувањето на поставените цели во планот.
- t/година (тони на година)
- ТЈ/година (тераџули на година)
- МW (мегавати)
Каков прогрес е направен во редукција на вкупните емисии на загадувачките супстанци кои произлегуваат од големите согорувачки постројки во Република Северна Македонија?
Емисиите на сулфурните оксиди, азотните оксиди и прашина од големите согорувачки постројки (LCP) опфатени во НПНЕ се намалуваат во дадениот период 2019-2021 година, но со исклучок на азотните оксиди, емисиите на сулфурни оксиди и вкупна прашина ги надминуваат наведените горни граници –плафони во сите три години од донесувањето на планот. Сепак, треба да се наведе дека намалувањето на вкупните емисии на сулфурни оксиди и прашина од од овие инсталации, во разгледуваниот период 2019-2021 година, не се должи на примена на техники за намалување на емисиите на овие загадувачки супстанции туку на намаленото количество на употребени горива (пред се лигнит), односно намалување на вкупниот топлотен влез изразен во TJ, а со тоа и помало количество на произведена електрична енергија, главно од страна на термоелектраните РЕК Битола и РЕК Осломеј. Намалувања на емисиите на овие загадувачки супстанции се очекува во наредните години како резултат на издавање на А-ИСКЗ дозволи за инсталациите за производство на електрична енергија во кои со пропишување и имлементација на НДТ од страна на истите особено во делот на емисиите на сулфурни оксиди и прашина, потоа спроведување на Стратегијата за развоја на енергетиката на Република Северна Македонија, како и со донесување на Законот за индустриски емисии во кој се транспонирани построги гранични вредности за емисиите на загадувачките супстанци од LCP.
Сепак, имајќи ја предвид постоечката енергетска криза со сигурност не може да се каже кога би се постигнале целите дефинирани во планот.
Кои различни сектори и процеси имаат учество во емисиите на загадувачките супстанци кои произле?
Во однос на уделите на емисии на загадувачките супстанци во воздухот, големите согорувачки капацитети опфатени со НПНЕучествуваат со 93% во вкупните годишни емисии на SOx, 22% во вкупните годишни емисии на NOxи 24% во вкупните годишни емисии на вкупна прашина-TSP. Во националните емисии на NOx останати клучни сектори се транспортот со 40% и согорувачки процеси во индустрија со 27%. Кај TSP, освен големите согорувачки капацитети голем удел имаат следните сектори: согорувачките процеси во домаќинствата учествуваат со 39%, додека земјоделието и индустријата со 16% и 10% соодветно.
Република Северна Македонија потпиша Договор со Енергетската заедница во 2005 година и кој беше ратификуван од страна на Собранието на РСМ и влезе во сила на 01.07.2006 година. Оттогаш, нашата држава е Договорна страна на Енергетската заедница, при што е должна да ја спроведува Директивата 2001/80/EC на Европскиот парламент и на Советот од 23 октомври 2001 година за ограничување на емисиите на одредени загадувачки материи во воздухот од големите согорувачки инсталации до 31 декември 2017 година.
Министерскиот совет на Енергетската заедница на 24 октомври 2013 година усвои Одлука D/2013/05/MC-EnC со која ја утврди можноста РСМ како Договорна страна на Енергетската заедница од 01.01.2018 до 21.12.2027 година да користи Национален план за намалување на емисиите (НПНЕ) како алтернатива на утврдувањето на емисионите гранични вредности од Директивата 2001/80/EC за секоја согорувачка инсталација, опфатена со овој план, посебно.
НПНЕ ги дефинира вкупните емисиони горни граници – плафони за SO2, NOx и прашина за секоја од годините, од 2018 до 2027 година. Емисиите од сите согорувачки инсталации како целина коишто се вклучени во планот во текот на овие години, ќе мора да бидат под овие горни граници – плафони.
Инсталации кои се опфатени со НПНЕ се:
Ознака | Назив на инсталацијата | Вкупен топлински влез /MWth | Вид на употребено гориво |
МК0001 | ЕСМ АД Скопје – РЕК Битола (Б1 + Б2) | 1350 | лигнит / мазут |
МК0002 | ЕСМ АД Скопје – РЕК Битола (Б3) | 675 | лигнит / мазут |
МК0003 | ЕСМ АД Скопје – РЕК Осломеј | 375 | лигнит / мазут |
МК0004 | ТЕЦ Неготино | 630 | мазут |
МК0005 | БЕГ – Топлана Исток | 294 | природен гас |
МК0006 | БЕГ – Топлана Запад | 116 | природен гас |
МК0007 | Рафинерија ОКТА – Процесна инсталација | 102 | мазут |
МК0008 | Рафинерија ОКТА – Енергетика | 188 | мазут |
За овој индикатор се опфатени податоци за периодот 2018-2021 година, т.е. почетна година е 2018 година, бидејќи од тогаш е започнато известувањето до Секретаријатот на Енергетската заедница согласно превземените обврски за известување кои произлегуваат од НПНЕ.
Во нашата земја од употребените горива најголема примена има лигнитот кој игра клучна улога во создавањето на емисиите на загадувачките супстанци. Исто така, во постројките за производство на електрична енерија РЕК Битола и РЕК Осломеј се применува мазутот, додека постројките за производство на топлинска енергија применуваат природен гас. Вкупниот топлотен влез изразен во TJод употребата на различни видови горива во големите согорувачки постројки опфатени со овој индикатор се наприкажани на следниот графикон.
Графикон 1. Тренд на вкупен топлотен влез од различни видови горива кај големите согорувачки капацитети опфатени со НПНЕ за период 2018-2021 година
Како што може да се забележи се намалува вкупниот топлотен влез од употреба на лигнитот заради негова помала потрошувачка од страна на термоелектраните РЕК Битола и РЕК Осломеј, а зголемен е вкупниот топлотен влез од употреба на мазут е што се должи на поголемата негова потрошувачка во РЕК Битола и ставањето во функција на ТЕЦ Неготино од декември 2021 година, додека нема значителни промени во вкупниот топлотен влез од употреба на природниот гас, односно неговата потрошувачка во разгледуваниот период многу не се менува.
На следните три графикона се прикажани емисиите на сулфурни оксиди, азотни оксиди и прашина споредени со дефинираните горни граници – плафони во Националниот план за намалување на емисиите (НПНЕ), како вкупни емисии од сите опфатени постројки и по одделна постројка.
Графикон 2. Тренд на вкупни емисии на сулфурни оксиди за периодот 2018-2021 година од големи согорувачки капацитети споредени со горната граница-плафон согласно НПНЕ
Графикон 3. Тренд на емисии на сулфурни оксиди за периодот 2018-2021 година прикажани по инсталација споредбено со горната граница-плафон согласно НПНЕ
Графикон 4: Тренд на вкупни емисии на азотните оксиди за периодот 2018-2021 година од големи согорувачки капацитети споредени со горната граница-плафон согласно НПНЕ
Графикон 5: Тренд на емисии на азотни оксиди за периодот 2018-2021 година прикажани по инсталација споредбено со горната граница-плафон согласно НПНЕ
Графикон 6. Тренд на вкупни емисии на вкупна прашина за периодот 2018-2021 година од големи согорувачки капацитети споредени со горната граница-плафон
Графикон 7: Тренд на емисии на вкупна прашина за периодот 2018-2021 година прикажани по инсталација споредбено со горната граница-плафон согласно НПНЕ
Опфат на податоци: excel
Извор на податоци: Министерство за животна средина и просторно планирање
Користените податоци се однесуваат на вкупните национални емисии за сулфурни оксиди, азотни оксиди и прашина, кои земјите на Западен Балкан ги доставуваат до ЕЕА и Енергетската заедница. Податоците се достапни по земја на следната веб страна: https://cdr.eionet.europa.eu/mk/eu/energycommunity/.
- Методологија за пресметка на индикаторот
Пресметка на влезната топлотна моќ изразена во TJ со користење на податоци за потрошувачка на горивото и долна топлотна вредност на истото. Пресметката на вкупните годишни емисии на сулфурни оксиди, азотни оксиди и прашина е направена врз основа на податоците од извештаите доставени по секое мерење извршено кај инсталациите МК0001, МК0002, МК0003, МК0004, МК0005 и МК0006 за потрошувачка на гориво, волуменски проток на излезните гасови, работните часови на испустите и емисионите концентрации на мерените параметри (SO2, NOx и прашина), додека за инсталациите МК0007 и МК0008 врз основа на пресметка земајќи ги предвид податоците за вид и количина на потрошено гориво и емисиони фактори согласно EMEP/EEA Упатство за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух од 2019 година.
- Извор за користената методологија
Со цел пресметка на емисите кои се вклучени во НПНЕ се користат податоци од Месечни извештаи кои инсталациите се обврзани да ги испраќаат до МЖСПП согласно националното законодавство, во кои се дадени податоци за потрошувачка на гориво и негова долна топлотна вредност, број на работни часови на стационарниот извор, волуменски проток на емисионите гасови и емисиони концентрации на SO2, NOx и прашина од стационарниот извор.
Во согласност со барањата од националните и меѓународните документи во однос на емисијата на загадувачките супстани опфатени со овој индикатор зацртани се следните цели:
- Согласно Националниот план за намалување на емисиите (НПНЕ), вкупната горна граница – плафон за SOxод големи согорувачки постројки за период 2018-2027 година изнесува:
- 15855 тони за 2018-2023 година.
- 12634 тони за 2024 година.
- 9412 тони за 2025 година.
- 6191 тони за 2026 година.
- 6191 тони за 2027 година.
- Согласно Националниот план за намалување на емисиите (НПНЕ), вкупната горна граница – плафон за NOxод големи согорувачки постројки за период 2018-2027 година, изнесува:
- 15505 тони за 2018 година;
- 14088 тони за 2019 година;
- 12672 тони за 2020 година;
- 11255 тони за 2021 година;
- 9838 тони за 2022 година;
- 8422 тони за 2023 година;
- 7674 тони за 2024 година;
- 6927 тони за 2025 година;
- 6179 тони за 2026-2027 година.
- Согласно Националниот план за намалување на емисиите (НПНЕ), вкупната горна граница – плафон за TSPод големи согорувачки постројки за период 2018-2027година, изнесува:
- 1738 тони за 2018-2023 година;
- 1361 тони за 2024 година;
- 985 тони 2025 година;
- 608 тони за 2026 година;
- 608 тони за 2027 година.
- Обврска за известување до Енергетската Заедница на годишно ниво, почнувајќи од 2018 година, согласно претходно наведените национални граници – плафони за SOx, NOx и вкупна прашина – TSP кои се емитираат од големите согорувачки капацитети а кои се дел од НПНЕ, за период 2018-2027 година дадени во Националниот план за намалување на емисиите од големи согорувачки постројки.
Тема | Воздух | Поврзаност со други теми/сектори | Климатски промени, Енергија, Транспорт, Здравство, Индустрија |
Код на индикаторот | MK НИ 106 | Временска покриеност | 2018-2021 |
Име на индикаторот | Емисија на загадувачки супстанци од големи согорувачки постројки | Извор на податоци | Министерство за животна средина и просторно планирање |
Класификација по ДПСИР | П | Датум на последна верзија | 09.08.2022 |
Тип | Б | Подготвено/ажурирано од: | Павле Малков Александра Н.Крстеска |
Фреквенција на публикување | Годишно | Контакт | e-пошта: p.malkov@moepp.gov.mk a.krsteska@moepp.gov.mk |
МК НИ 061 Емисија на цврсти честички | EEA – Европска агенција за животна средина | INDP 006 Emissions and energy use in large combustion plants in Europe |
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа | нема еквивалент | |
Каталог на индикатори за животна средина | 27 – Emissions of air pollutants from large combustion plants (EEA_INDP002) | |
SDG – Цели за одржлив развој | 3 – 3.9.1: Mortality rate attributed to household and ambient air pollution 9 – 9.4.1: CO2 emission per unit of value added 7 – 7.1.2: Proportion of population with primary reliance on clean fuels and technology 11 – 11.6.2: Annual mean levels of fine particulate matter (e.g. PM2.5 and PM10) in cities (population weighted) |
|
GGI – Индикатори за зелен раст | да | |
Кружна економија | не |