MK – НИ 096

КОРИСТЕЊЕ НА ВОДНИ РЕСУРСИ ОД ТУРИЗМОТ strelki d
Дефиниција

Индикаторот го покажува притисокот од секторот туризам на системот за водоснабдување по години на ниво на држава, изразено како количество на користени водни ресурси.

Единици
  • Милион m3/година, процент (%)
Клучно прашање за креирање на политиката

Каков е трендот на количеството на користени водни ресурси од секторот туризам, и колкав е нивниот удел во вкупното користење на водни ресурси?

Клучна порака

Во периодот од 2002 до 2021 година, се забележува дека трендот на користената вода во туризмот изразена во милиони m3 на година, има променлив тренд, и се движи помеѓу 0,93 и 5,94 милиони m3 на година. Поради пандемијата со Ковид-19 во 2020 година има значителен пад од 42% на користењето на водните ресурси во туристичкиот сектор.

Според процената, уделот на користените водни ресурси во туризмот, во вкупното количество на водни ресурси, во 2021 година, во однос на 2002 година се зголемило за 37,6%, додека во однос на претходната 2020 година зголемувањето изнесува 53,3%.

Земајќи го предвид претходно кажаното, може да се заклучи дека според процената, учеството на потрошувачката на вода во туристичкиот сектор се движи помеѓу 0,27% и 0,51% во вкупното количество на водни ресурси во Република Северна Македонија.

График 1. Користење на водни ресурси во туризмотCSI 096 VodaOdTurizam_2022_MKОпфат на податоци: excel

Извор на податоци: Државен завод за статистика, http://www.stat.gov.mk

Оценка

Интензитетот на туризмот дава проценка на притисокот на туризмот врз локалното население, туристичката дестинација и инфраструктурниот систем (водоснабдување, комунални услуги и сл.). Во период што се разгледува, интензитетот на туризмот е зголемен неколку пати, што значи дека и притисокот од туризмот врз вкупното количество на користени води се зголемува.

Податоците за користени водни ресурси во туристичкиот сектор сè уште не се собираат, податоците прикажани на Слика 1, се проценети и се добиени со пресметка.

Во периодот од 2002 до 2021 година, се забележува дека трендот на користената вода во туризмот изразена во милиони m3 на година, има променлив тренд, и се движи помеѓу 0,93 и 5,94 милиони m3 на година. Поради пандемијата со Ковид-19 во 2020 година има значителен пад од 42% на користењето на водните ресурси во туристичкиот сектор.

Според процената, уделот на користените водни ресурси во туризмот, во вкупното количество на водни ресурси, во 2021 година, во однос на 2002 година се зголемило за 37,6%, додека во однос на претходната 2020 година зголемувањето изнесува 53,3%.

Бидејќи најголем број туристи има во текот на летната туристичка сезона, се очекува дека потрошувачката на вода во овој период ќе биде зголемена, што значително ја оптоварува инфраструктурата за водоснабдување, особено во деловите од земјата каде што се езерата.

Земајќи го предвид претходно кажаното, од пресметките учеството на потрошувачката на вода во туристичкиот сектор се движи помеѓу 0,27% и 0,51% во вкупното количество на водни ресурси во Република Северна Македонија.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Податоците се проценети, односно индикаторот се пресметува според методологијата на EUROSTAT опишана во “Methodological work on measuring the sustainable development of tourism, Part 2: Manual on sustainable development indicators of tourism” (http://ec.europa.eu/eurostat/documents/3888793/5834249/KS-DE-06-002-EN.PDF/178f8c9a-4a03-409c-b020-70ff7ef6803a).

Користењето на водни ресурси во секторот за туризам за Република Северна Македонија се пресметува според формулата:

csi_096При пресметувањето, вкупниот број на ноќевања на туристите (странски и домашни) во Република Северна Македонија се коригира за 20%. Имено, иако известувањето ги опфаќа сите субјекти кои обезбедуваат услуги за сместување во туристичките места, голем број ноќевања остануваат неоткриени, особено во приватното сместување. Затоа, вкупниот број ноќевања се множи со фактор 1,2.

Податоците за бројот на ноќевања на туристите се добиени врз основа на редовните месечни извештаи на угостителските и другите деловни субјекти кои на туристите им даваат услуги за сместување, односно посредуваат во обезбедувањето на тие услуги. Извор на податоците се книгите за гости кои, според законските прописи, овие деловни субјекти задолжително треба да ги водат. Податоците за вкупното население се однесуваат на проценет број на жители на 31.12 во годината.

Цели
  • Зголемување на бројот на туристи и ноќевања со интеграција на принципите на одржливо користење на водните ресурси и аспектите на животната средина во секторот туризам.
Обврска за известување
  • Нема
Општи мета-податоци
Тема Туризам Поврзаност со други теми/сектори Воздух, Вода
Код на индикаторот MK НИ096 Временска покриеност 2002-2021
Име на индикаторот Користење на водни ресурси од туризмот Извор на податоци При пресметка на индикаторот користени се официјални податоци од Државен завод за статистика
Класификација по ДПСИР Д Датум на последна верзија 22.09.2022
Тип А Подготвено/ажурирано од: Катерина Николовска
Ана Димишкова
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта: K.Nikolovska@moepp.gov.mk
a.dimishkova@moepp.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 096 Користење на водни ресурси од туризмот EEA – Европска агенција за животна средина нема еквивалент
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа нема еквивалент
Каталог на индикатори за животна средина нема еквивалент
SDG – Цели за одржлив развој 6, Clean water and sanitation
11, Sustainable cities and communities
12, Responsible consumption and production
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија не
Последна измена:  четврток декември 1st, 2022