МК – НИ 082

ИЗГРАДБА НА НОВИ ЖИВЕАЛИШТА ПО РЕГИОНИ logo-re strelki
Дефиниција

Индикаторот го претставува вкупниот број на завршени станови, број на завршени станови по статистички региони и бројот на завршени станови на 1000 жители по статистички региони и вкупно.

Единици
  • Вкупен број, број на 1000 жители, процент (%).
Клучно прашање

Каков е трендот на изградба на нови станови и во кој регион притисокот врз животната средина е најголем?

Клучна порака

Бројот на завршени станови на 1000 жители, во разгледуваниот период, на ниво на Република Северна Македонија има променлив тренд на растење и опаѓање. Најголем број на станови (3,2 на 1000 жители), биле завршени во 2006, 2013 и 2021 година, а најмал ( 2 на 1000 жители ) во 2020 година. Драстичниот пад од 33% во 2020 година во однос на 2019 најверојатно се должи на неизвесната економија во време на Ковид-19 пандемијата.

Разгледувано на ниво на статистички региони, во периодот од 2006 до 2021 година имаме постојан тренд каде најголем број станови на 1000 жители се завршени во Скопскиот регион или пораст од 83,9%.

Пораст на бројот на завршени станови на 1000 жители, во 2021 година во однос на 2006 има само во Вардарски регион од 101% и Југоисточниот регион од 58,2%.

Во Полошкиот регион бројот на завршени станови на 1000 жители, во 2006 година е најголем во целата земја и изнесува 7,3 за во 2020 година да биде само 2,7 што во однос на 2006 година претставува значителен пад од 62,6%. Исто така, голем пад на бројот на завршени станови на 1000 жители има во Пелагонискиот регион (56,7%) и во Југозападниот (31,1%).

Порастот на завршени станови укажува дека во Скопскиот регион има најголем притисок врз животната средина во насока на ширење на населените места со што се предизвикува притисок врз транспортот, создавање отпад, зголемено загадување на воздухот, намалување на зелените површини генерално (јавни и приватни), зголемена изградба на објекти, зголемена бучава и други негативни влијанија врз животната средина. Спротивно на претходно кажаното, падот на бројот на завршени станови може да е последица на зголемена миграција на населението во останатите региони во кои има значителен пораст, особено во Скопскиот регион или миграција на населението во други земји.

Исто така причина за падот во рок од една година може да биде во голем дел и од пандемијата предизивикана од Ковид-19 со која многу економски активности запреа или се доведоа на минимум.

График 1. Вкупен број на завршени станови на 1000 жителиCSI 082 NoviZivealista 2022 MK_g1

 

 

График 2. Број на завршени станови на 1000 жители по статистички региониCSI 082 NoviZivealista 2022 MK_g2

 

 

График 3. Удел на завршени станови по статистички региони во вкупно завршените станови во земјата, по годиниCSI 082 NoviZivealista 2022 MK_g3

 

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Државен завод за статистика, http://www.stat.gov.mk

Оценка

Бројот на завршени станови на 1000 жители, во разгледуваниот период, на ниво на Република Северна Македонија има променлив тренд на растење и опаѓање. Најголем број на станови 3,2 на 1000 жители, биле завршени во 2006, 2013 и 2021 година, а најмал 2 на 1000 жители во 2020 година. Драстичниот пад од 33% во 2020 година во однос на претходната година најверојатно се должи на неизвесната економија во време на Ковид-19пандемијата.

Разгледувано на ниво на статистички региони, бројот на завршени станови на 1000 жители, во периодот од 2006 до 2021 година ни покажува дека најголем број станови на 1000 жители се завршени во Скопскиот регион и се движи помеѓу 2,4 во 2020 година и 5,7 во 2019 и во 2021година. Со ова се гледа закрепнување од ковид-19 кризата и се забележува најголем раст од 133% во однос на 2020.

Генералниот пораст на завршени станови укажува дека во Скопскиот регион има најголем притисок врз животната средина во насока на ширење на населените места со што се предизвикува притисок врз транспортот, создавање отпад, зголемено загадување на воздухот, намалување на зелените површини генерално (јавни и приватни), зголемена изградба на објекти, зголемена бучава и други негативни влијанија врз животната средина.

Разгледувано на ниво на статистички региони, во периодот од 2006 до 2021 година имаме постојан тренд каде најголем број станови на 1000 жители се завршени во Скопскиот регион или пораст од 83,9%.

Пораст на бројот на завршени станови на 1000 жители, во 2021 година во однос на 2006 во остатокот од државата има само во Вардарски регион од 101% и Југоисточниот регион од 58,2%.

Во Полошкиот регион бројот на завршени станови на 1000 жители, во 2006 година е најголем во целата земја и изнесува 7,3 за во 2020 година да биде само 2,7 што во однос на 2006 година претставува значителен пад од 62,6%. Исто така, голем пад на бројот на завршени станови на 1000 жители има во Пелагонискиот регион (56,7%) и во Југозападниот (31,1%).

Ваквите големи падови на бројот на завршени станови може да се последица на зголемена миграција на населението во останатите региони во кои има значителен пораст, особено во Скопскиот регион или миграција во други држави. Исто така причина за падот може да биде во голем дел и од пандемијата предизивикана од Ковид-19 со која многу економски активности запреа или се доведоа на минимум.

Уделот на завршени станови по статистички региони во вкупно завршените станови во земјата, покажува дека разгледувано по години, Скопскиот регион има тренд на покачување на уделот од 28,2% во 2006, до 57,8% во 2021 година, што претставува и најголем удел во вкупниот број на завршени станови во земјата во сите региони. После Скопскиот, следува Полошкиот регион со голем удел во вкупниот број на завршени станови, но во овој регион има тренд на опаѓање кој се движи од 35,1% во 2006 година, на 11,6% во 2021 година.

Најмал удел во вкупниот број на станови има Вардарскиот регион и се движи помеѓу 1,9% и 5,1%.

Методологија

Податоците се земени од базата на податоци на Државниот завод за статистика, од секторот Градежништво и се однесуваат на завршени станови во објекти за домување градени од деловни субјекти кои се занимаваат со градежна дејност и во индивидуална режија.

Завршен стан е оној на кој се завршени сите предвидени градежни, занаетчиски и инсталатерски работи, без оглед на тоа дали зградата во која се наоѓа станот е приклучена или не е приклучена на комуналната мрежа.

Податоците за вкупното население се однесуваат на проценет број на жители на 31.12 во годината како и податоците од последниот попис во 2021.

Цели

Нема специфични цели.

Обврска за известување
  • Нема обврска за известување
Општи мета-податоци
Тема Домаќинства Поврзаност со други теми/сектори Социо-економски промени, Воздух, Почва и користење на земјиште, Отпад, Домаќинства,Бучава, Урбанизам
Код на индикаторот MK НИ082 Временска покриеност 2006-2021
Име на индикаторот Изградба на нови живеалишта по региони Извор на податоци Државен завод за статистика
Класификација по ДПСИР С, П Датум на последна верзија 21.06.2022
Тип А Подготвено/ажурирано од: Катерина Николовска
Ана Димишкова
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта: k.nikolovska@moepp.gov.mk
a.dimishkova@moepp.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 082 Изградба на нови живеалишта по региони EEA – Европска агенција за животна средина нема еквивалент
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа нема еквивалент
Каталог на индикатори за животна средина нема еквивалент
SDG – Цели за одржлив развој 3, Good health and well beeng
11, Sustainable cities and communities
GGI – Индикатори за зелен раст не
Кружна економија не
Последна измена:  петок ноември 25th, 2022