MK – НИ 021

ЗАФАТЕНА ВОДА smajli 1 strelki
Дефиниција

Индикаторот го следи зафаќањето на водите и нивната намена. Истото го дели на зафатени површински води и зафатени подземни води.

Единици
  • Количина на зафатени водни ресурси изразена во милиони m3 годишно.
Клучно прашање за креирање на политиката

Дали количината на зафатена вода е одржлива?

Клучна порака

Во севкупниот период од 1990 до 2021 година количината на зафатената површинска вода повеќекратно ја надминува количината на зафатена подземна вода. Пиковите на зафатена подземна вода се јавуваат во истите години кога има пикови и на зафатена површинска вода.

График 1. Зафатена водаCSI 021 Voda2022 MK_g1График 2. Бруто зафатена површинска водаCSI 021 Voda2022 MK_g2

 

 

График 3. Бруто зафатена подземна водаCSI 021 Voda2022 MK_g3

 

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Државен завод за статистика

Оценка

Во периодот од 1990 до 2021година, се бележи променлив тренд на користење на водите во земјата. Посебен пораст на потрошчката на вода е забележан во 2004, 2010 и 2012година.Најголем корисник на површински и подземни води во разгледуваниот период се преработувачката индустрија и наводнувањето.

Што се однесува до зафаќањето на вода, од слика 1 се гледа дека најголеми количества се зафатени во 2012 година.Во текот на разгледуваниот период зафаќањата на подземни води се без поголеми осцилации со исклучок на 2012 година во која се бележи раст. Истата 2012 година највисоки се и вредностите на зафатена површинска вода.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Податоците се обработуваат како површинска и подземна вода.

Цели

Одржливо управување со вода и достапност на истата за сите.

Обврска за известување
  • Статистики на животна средина
  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средина
  • Годишно до Европската агенција за животна средина (EEA) за потребите нa WISE – SoE Water Quantity
Општи мета-податоци
Тема Вода Поврзаност со други теми/сектори Климатски промени, Земјоделие, Индустрија
Код на индикаторот MK НИ 21 Временска покриеност 1990-2021
Име на индикаторот Зафатена вода Извор на податоци Државен завод за статистика
Класификација по ДПСИР П Датум на последна верзија 03.10.2022
Тип А Подготвено/ажурирано од: Ивица Тасиќ
Сузана Стојановска
Фреквенција на публикување На две години Контакт i.tasik@moepp.gov.mk
suzana.stojanovska@stat.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 021 Зафатена вода EEA – Европска агенција за животна средина нема еквивалент
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа 37 – Freshwater use by households, agriculture forestry and fishing of which irrigation, manufacturing, electric industry, other economic activities
Каталог на индикатори за животна средина нема еквивалент
SDG – Цели за одржлив развој 6. Ensure availability and sustainable management of water and sanitation for all
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија да
Последна измена:  петок ноември 18th, 2022