Ве известуваме дека се врши дополнување во Правилникот за издавање дозвола за собирање на засегнати и заштитени диви видови растенија, габи и животни и нивни делови („Службен весник на РМ“ бр.102/09). Целта на дополнувањата е допрецизирање на документите кои се потребни за добивање на дозвола за собирање на засегнати и заштитени диви видови на шумски земјиште или шуми во државна сопственост.
Сите ваши коментари и мислења по однос на предложените дополнувања на Правилникот може да ги доставите најдоцна до 30 Декември 2018 година на следниот емаил: infoeko@moepp.gov.mkили писмено во архивата на Министерството за животна средина и просторно планирање.