Сектор за спроведување на Инструментот за претпристапна помош (ИПА)

IPA Sektor

Инструментот за претпристапна помош (ИПА) е клучен инструмент на претпристапната стратегија на Европската Kомисија. Главаната цел на ИПА е да им помогне на земјите во нивното усогласување со стандардите и политиките на Европската Унија, вклучувајќи го и правото на Европската Унија (acquis communautaire) во процесот на нивно пристапување кон Европската Унија, а воедно и да им се помогне на овие земји да ги исполнат претпристапните критериуми, како и политичките, економските и правните критериуми од Копенхаген за членство во ЕУ, преку зајакнување на капацитетот на администрацијата и подготовка за програмирање, управување и спроведување на кохезивните, структурните фондови и фондовите за рурален развој на ЕУ по нивно пристапување во Унијата.

ИПА 2007-2013 (ИПА I)

ИПА е воспоставен како резултат на реформата на Европската Kомисија за надворешна помош, при што правната рамка за регулирање на односите беше продолжена со подготовката на финансиската перспектива 2007-2013. ИПА е формиран како единствен претпристапен инструмент за периодот 2007 – 2013 година, кој ги замени претходните програми за помош како PHARE, ISPA, SAPARD, CARDS и Инструментот за претпристапна помош за Турција. ИПА е основана со Регулативата на Советот бр. 1085/2006 од 17.07.2006 година (ИПА Рамковна регулатива), додека правилата за спроведување на ИПА беа воспоставени со Регулативата на Европската Комисија бр.718/2007 од 12.06.2007 година (Регулатива за спроведување на ИПА).Во рамките на ИПА I се спроведени повеќе проекти.

Завршени проекти ИПА I (2007-2013)
Твининг проект Зајакнување на административните капацитети за спроведување на Рамковната директива за отпад и директивите за посебните видови на отпад (пакување, батерии и отпад од електрична и електронска опрема (ОЕЕО))
1 Општа цел на Проектот Општата целна овој Твининг проект е понатамошно усогласување и имплементација на регулативата на ЕУ во областа на животната средина преку јакнење на административните капацитети за управување со животната средина на централно и локално ниво во областа на управување со отпад.
2 Конкретна цел на Проектот Конкретната цел на Твининг проектот е јакнење на административните капацитети и преземање на мерки за спроведување на Рамковната директива за отпад (WFD) и посебните директиви за тековите на отпад (WEEED, WBAD и WPD) преку понатамошно јакнење и примена на законодавството и спроведување на обуки.
3 Локација на Проектот Скопје, Македонија
4 Времетраење на Проектот 21 месец Почеток: 26 септември 2016    Завршеток: 25 јуни 2018
5 Вредност на Проекот €1.010.526,30
6 Потекло на финансиите Делегација на Европската Унија во ПЈР Македонија (95%) и Секторот за централно финансирање и склучување договори при Министерството за финансии на РМ (5%) – MK 12 IPA IB EN 02 16
7 Официјални проектни партнери и соработници Раководен партнер од ОКNorthern Ireland Co-operation Overseas (NI-CO), поддржано од Министерството за земјоделство, животна средина и рурални прашања на Обединетото Кралство (DAERA) и Агенцијата за животна средина на Северна Ирска (NIEA)

Партнер-соработник од Шпанија: Fundación Internacional y para Iberoamérica de Administración y Políticas Públicas (FIIAPP), поддржан од Регионалното Министерство за Животна средина, просторно планирање и инфраструктра на Галиција (XUNTA)

8 Организација корисник Партнер корисник: Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ (MoEPP)

Други организации: Mинистерство за економија, Mинистерство за здравство, локални власти и невладини опранизации, споредпотребите

9 Персонал на Проектот –       Лидер на проектот од ОК: г-дин Дејв Фостер, DAERA

–       Лидер на Проектот од шпанскиот партнер: г-ѓа Моника Перез Медина, Xunta

–       Постојан твининг советник (RTA) во Скопје: г-дин Греам Брн

–       Локален персонал на Проектот: г-ѓа Ивана Костоски (Асистент на РТА), г-ѓа Наталија Цингарска (Јазичен асистент на РТА)

10 Главни активности
  1. 1 Компонента:Јакнење на административните капацитети за имплементација на Рамковната директива за отпад (WFD) на централно и локално ниво преку понатамошно изготвување на закони, упатства и соодветна обука, вклучително:
    1. Преглед и споредбена анализа на домашното законодавство наспроти европското (ЕU acquis)
    2. Поддршка на процесот на услогласување на домашното законодавство во однос на WFD и подгововка на соодветни упатства
    3. Институционална анализа и оценка на административните капацитети за спроведување на законската рамка за отпад
    4. Изготвување и спроведување на обука согласно потребите на корисниците во однос на законската рамка за отпад и за постапките врзани со имплементација на WFD
    5. Студиска посета на ОК.
  2. 2 КомпонентаЈакнење на административните капацитети на вработените во Секторот за отпад за имплементација на Директивата за отпадна електрична и електронска опрема (WEEED) на централно и локално ниво
  3. Оценка и анализа на недостатоците во домашното законодавство во однос на спроведување на WEEED
  4. Јакнење на домашното законодавство во однос на спроведување на WEEE
  5. Оценка на административните капацитети на централно и локално ниво за спроведување на Законот за управување со отпадна електрична и електронска опрема
  6. Изготвување и спроведување на обука согласно потребите на корисниците во однос на законската рамка за отпад и за постапките врзани со имплементацијата на WEEED
  7. Студиска посета на Шпанија.
  8. 3 Компонента: Јакнење на административните капацитети за имплементација на Директивата за пакувања и отпад од пакувања (PPWD) и на Директивата за отпадни батерии и акумулатори (WBAD) на централно и локално ниво
  9. Преглед на законската рамка во однос на имплементацијата на PPWD и WBAD
  10. Јакнење на домашното законодавство во однос на примената на Законот за управување со пакување и отпад од пакување (LoMPWP) и Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори (LoMBAWBA)
  11. Оценка на административните капацитети на централно и локално ниво за примена на Законот за управување со пакување и отпад од пакување (LoMPWP) и Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори (LoMBAWBA).
  12. Изготвување и спроведување на обука согласно потребите на персоналот на централно и локално ниво во однос на законската рамка за отпад и за постапките врзани со имплементација на LoPWP и LoBAWBA.
10 Очекувани резултати
  1. Зајакнати административни капацитети за спроведување на Рамковната директива за отпад.
  2. Зајакнати административни капацитети и преземени мерки за имплементација на Директивата за отпадна електрична и електронска опрема (WEEED).
  3. Зајакнати административни капацитети и преземени мерки за имплементација на Директивата за пакувања и отпад од пакувања (PPWD)и на Директивата за отпадни батерии и акумулатори (WBAD).

twinning proekt_otpad

Твининг проект“Зајакнување на капацитетите за ефективна имплементација на acquis во областа на квалитетот на водата” MK 13 IPA EN 01 16

Цел  на проектот

Главната цел на проектот е да се придонесе кон одржливиот развој на земјата преку јакнење на административните капацитети во областа на управувањето со водата, како и подобрување на квалитетот на водата преку поддршка на имплементацијата на законодавството кое е поврзано со управувањето со водата, вклучително и Директивната 2007/60/EC за оценка и управување со ризикот од поплави и климатските промени.

Целта на проектот е зајакнување на административните капацитети во областа на управувањето со вода преку имплементација на соодветнотозаконодавство од ЕУ. Овој проект посебно ќе им помогне на надлежните органи во земјата во подготовката на Планот за управување со речниот слив Вардар и усогласување и спроведување на подзаконски акти во областа на управувањето со водата и дозволите за вода.

Компоненти на проектот

Проектот има пет компоненти:

  • Компонента 1: Зајакнување на системот за издавање дозволи за користење на вода
  • Компонента 2: Изготвување нацрт подзаконски акти за обезбедување на имплементацијата на ЕУ законодавство поврзано со вода
  • Компонента 3: Зајакнување на  националниот систем за мониторинг на водите
  • Компонента 4: Финализирање на Планот за управување со речниот слив Вардар (ПУРСВ) и Програмата за мерки
  • Компонента 5:Зајакнување на административниот капацитет за управување со води

Задолжителни резултати

Компонента 1:

  • Задолжителен резултат од оваа компонента е зголемување на ефикасноста на постоечкиот систем за издавање дозволи за користење на вода, зајакнување на административниот и технички капацитет на МЖСПП/Секторот води при процесот на обработка, мониторинг и спроведување на апликациите за изработка на дозволи во согласност со законодавството на ЕУ, како што истото во основа е транспонирано во законодавството.

Компонента 2:

  • Главната цел на оваа компонента е воспоставување секундарно законодавство и соодветни насоки согласно Директивата за најдобри европски практики и усогласување на истото со постоечкото и новото примарно законодавство.

Компонента 3:

  • Главни цели во оваа компонента се зајакнување на националниот систем за мониторинг на водите со цел да се усогласат системи за мониторинг на површински води (квалитет и квантитет) и системот за мониторинг на подземните води со Рамковната директива за води и соодветното законодавство на ЕУ.

Компонента 4:

  • Главната цел на оваа компонента е финализирање на карактеризацијата на Речниот слив Вардар како и финализирањето на сите елементи на ПУРСВ согласно Прилог VII на РДВ и доставување на истиот до засегнатите страни за јавна консултација.

Компонента 5:

  • Главна цел на оваа компонента е зајакнувањето на капацитетот на вработените во Секторот за води за изготвување и спроведување на ПРСВ, издавање на дозволи за користење вода и мониторинг на водите.

Институции корисници и други вклучени страни

Главен корисник е Министерството за Животна Средина и просторно планирање(МЖСПП), претставено од  Управата за Животна Средина.

Потребна соработка, комуникација и координација со:

  • Сите релевантни сектори во рамките на Министерството за животна средина и просторно планирање/ Управа за животна средина
  • Управа за хидрометеоролошки работи во рамките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство

Податоци за проектот

Буџет: 1,200,000 евра

Период на спроведување: 21 месец

Почеток на спроведувањето: 1 мај 2017

Главен корисник: Министерство за животна средина и просторно планирање

Институции на Земјите Членки:

Главен партнер Австрија: Агенција за животна средина на Австрија

Партнер:Министерство за животна средина на Република Литванија

Партнер: Национален институт за јавно здравје и животна средина од Холандија

Твининг проект понатамошно јакнење на капацитетите за ефективна имплементација на законодавството на ЕУ во областа на квалитетот на воздухот

Препознавајќи ја потребата за подобрување на состојбата со квалитетот на воздухот, Европската Унија, преку Инструментот за Пред-пристапна Помош (IPA), го финансира Твининг проектот “Понатамошно зајакнување на капацитетите за ефикасно спроведување на законодавството во областа на животната средина”. Времетраењето на проектот е 21 месец (Мај 2015 – Јануари 2017) со буџет од 1.1 милиони евра. За повеќе информации за нашиот проект, посетете ја нашата веб страна aqtwinning.moepp.gov.mk

twinning proekt slika 1

Твининг проект “Зајакнување на административните капацитети на централно и локално ниво за транспонирање и имплементација на новата Директива за Индустриски Емисии 2010/75/EU”

За проектот

Твининг Програма

Твинингот е инструмент на Европската Унија за институционална соработка меѓу Јавната Администрација на Земјите Членки на ЕУ (ЗЧ) и земјите корисници (ЗК). Првобитно се појави во 1998 за да им помогне на земјите кои во тоа време беа кандидати, да се здобијат со потребните вештини и искуства за да го усвојат, спроведат и применат законодавството на ЕУ.

Поконкретно, во ИПА регионот, Твинингот има за цел да обезбеди подршка за транспонирање, спроведување и примена на законодавстввото на ЕУ (acquis-от на Унијата). Твинингот гради капацитети на јавната администрација на земјите корисници за време на процесот на пристапување, што резултира во прогресивен и позитивен развој во регионот.

Основни податоци за проектот:

Најголемите индустриски иинсталации имаат значителен удел во тоталните емисии од клучни атмосферски загадувачи, и имаат други важни влијаниа, вклучувајќи ги емисиите во вода и почва, генерирање на отпад и користење на енергијата. Директивата за Индустриски Емисии 2010/75/EU (IED) ги поставува основните принципи за издавање на дозволи и контрола на инсталациите базирајќи се на интегриран пристап и на најдобри достапни техники (BAT). Директивата заменува седум постоечки Директиви поврзани со индустриски инсталации и пропишува обврзувачки барања за работа на индустриски инсталации и овие барања се построги од барањата кои важеле порано во законодавството на ЕУ.

Со новиот проект, Македонија јасно ја покажува подготвеноста да ги спроведе правилно Европските еколошки станарди за индустриски инсталации.

Цел на проектот

Општата цел е да се зголеми ефективноста на подготовките на земјата за пристапот во ЕУ и да се обезбеди ефикасност на ЕУ програмите во земјата.

Целта на проектот е зајакнувањето на административниот капацитет на национално и локално ниво за транспонирање и спроведување на ДИЕ во Македонија. Проектот предвидува подготовка на примарно и секундарно законодавство во согласност со ДИЕ, процена на економското влијание, градење на капацитети на централно и локално ниво и процена на потребната опрема за спроведување на ДИЕ. Проектот ќе се спроведе во текот на годините 2015-2016.

Компоненти на Проектот

Проектот има четири компоненти:

Компонента 1: Процена на економското влијание на спроведувањето на Директивата за Индустриски Емисии 2010/75/EU врз индустрискиот сектор

  • Ќе се врши Анализа на Регулаторното Влијание на спроведување на ДИЕ за релевантниот индустриски сектор, како и за релеватната администрација
  • Ќе се подготви Процена на извештајот за економското влијание на спроведувањето на ДИЕ врз релевантни индустриски сектори и за релевантната администрација со предлози, и следните чекори ќе се дискутираат и договорат со Министерството

Компонента 2Подготовка на примарно и секундарно еколошко законодавство во согласност со новата Директива за Индустриски Емисии 2010/75/EU

  • Процена на празнини и анализи на согласност меѓу постоечкото законодавство со ДИЕ
  • Ќе се изготви нов Закон за Контрола на Емисиите од Индустријата преку транспонирање на Директивата за Индустриски Емисии
  • Ќе се изготви секундарно законодавство во согласност со Директивата за Индустриски Емисии

Компонента 3: Зајакнување на централните и локалните административни капацитети за имплементација на новата Директива за Индустриски Емисии 2010/75/EU

  • Ќе се анализира централниот и локалниот административен капацитет за транспонирање и практично спроведување на новата ДИЕ 2010/75/EU и ќе се предложат планови за зајакнување на овој капацитет
  • Спроведување на новата Директива за Индустриски Емисии ќе се подржи преку различни видови на обуки, работилници и семинари.
  • Ќе се анализираат и проценат избрани дозволи (A и Б) и ќе се изработат пилот дозволи во согласност со ДИЕ (БАТ) во одредени сектори
  • Ќе се изработат Прирачници и упатства за практично спроведување на ДИЕ
  • Ќе се организираат Студиски Посети во Австрија и Шпанија за да се разменат искуствата, да се посетат инсталации во овие Земји Членки и да се дискутира спроведувањето на ДИЕ.

Компонента 4: Подготовка на приоритетен список со опрема потребна за спроведување на новата Директива за Индустриски Емисии 2010/75/EU

  • Постоечката опрема ќе се анализира детално
  • Ќе се изготви список со додатна опрема потребна за спроведување на ДИЕ и ќе се дискутира околу испораката на ова опрема.

Податоци за проектот

НасловТвининг проект “ Зајакнување на административните капацитети на централно и локално ниво за транспонирање и имплементација на новата Директива за Индустриски Емисии 2010/75/EU”                                  

Буџет: 900.000 Евра

Период на спроведување: 15 месеци

Почеток на спроведувањето: 1ви Октомври 2015

Главен Корисник: Министерство за Животна Средина и Просторно Планирање, Управа за Животна Средина

Институции на Земјите Членки:

Водечки Партнер Австрија: Агенција за Животна Средина Австрија

Помал Партнер Шпанија:Регионално Министерство на Галиција за Животна Средина, Просторно Плаирање и Инфраструктури и ФИАПП

Зајакнување на капацитетите на локално ниво за спроведување на законодавството од областа на животната средина
Изработка на Регионални Планови за управување со отпад и Стратешка оценка на животната средина за Источниот и Североисторчниот регион

ИПА 2014-2020 (ИПА II)

ИПА како поддршка на Европската Унија продолжи да функционира и за финансиската перспектива/период 2014-2020 година, преку Инструментот пошироко познат како ИПА II.

Користењето на средствата од ИПА II е определено со соодветните Регулативи (Регулатива (ЕУ) бр. 231/2014 на Европскиот Парламент и на Советот од 11.03.2014 за воспоставување на ИПА II (Сл. Весник L, 15.03.2014), Регулатива (ЕУ) бр. 236/2014 на Европскиот Парламент и на Советот од 11.03.2014 за утврдување заеднички правила и постапки за спроведување на инструментите на Унијата за финансирање надворешна акција (Сл. Весник L, 15.03.2014) и Регулатива (ЕУ) бр. 447/2014 за спроведување на Комисијата за посебните правила за спроведување на Регулатива (ЕУ) бр. 231/2014 на Европскиот Парламент и на Советот за воведување на ИПА II Сл. Весник L 132, 03.05.2014), според кои ИПА средствата се управуваат на децентрализиран начин секогаш кога е тоа можно. Децентрализираното управување со средствата од ИПА помошта е воспоставено со цел да се овозможи управување со средствата од страна на земјите кориснички на помошта. При децентрализирано управување со средствата од ИПА помошта, Комисијата на Европската унија делегира дел од своите овластувања на земјата корисничка. Пред носење на одлуката за пренесување на надлежностите за децентрализирано управување за конкретна компонента, програма или мерка на земјата корисничка, Европската Комисија бара исполнување на определени критериумите со кои се однесуваат на системите за управување и контрола, како и условот националнитe акредитации да бидат донесени и влезени во сила. Исто така, пред конечното пренесување на надлежностите за децентрализирано управување, Комисијата повторно ги разгледува националните акредитации, постапките и структурите на секое од телата и органите кои се дел од структурата за управување со претпристапната помош ИПА во земјата корисничка. Одлуката за пренесување на надлежностите за децентрализирано управување со ИПА помошта за имплементација на определена програма содржи листа проверки кои се вршат од страна на Европската комисија.

Завршени проекти ИПА II (2014-2020)
Подготовка на долгорочна стратегија и закон за климатска акција
Податоци за проект финансиран од ЕУ во рамките на ИПА II (2014-2020)EU_mk
Име на проектот Подготовка на долгорочна стратегија и закон за климатска акција
Europe Aid/139221/IH/SER/MK
Главни цели на проектот
  • Да се извршат неопходните анализи и проценки на моменталната состојба и условите во земјата-корисник во рамките на подготовка на долгорочна стратегија и законот за климатска акција и да се поддржи нивното усвојување и спроведување.
  • Да се воспостави силен и одржлив систем за координирање на климатската акција преку развој на националната стратешка и правна рамка за климатска акција преку долгорочната стратегија и законот за климатска акција, вклучувајќи и Акциски план за почетната фаза на имплементација.
  • Да се воспостави механизам за следење на емисиите на стакленички гасови во   согласност со ЕУ Регулативата за Механизам за следење на стакленички гасови 525/2013 (MMR) и одредбите за спроведување на истата.
  • Да се зајакне административниот капацитет во согласност со пристапувањето кон ЕУ со цел да се постигне ниско емисиона и конкурентна економија и климатски отпорно општество / економија.
  • Да се подигне свеста за климатска акција, да се поддржи процесот на размена на информации помеѓу засегнатите страни и да се воспостави меѓуминистерска и меѓусекторска соработка за стратегијата и законот.
Проектни резултати/активности

 

Проектни резултати:

  • Спроведена анализа која вклучува аналитички и технички извештаи за специфични стратешки и правни прашања кои ќе служат како позадински податоци и придонес кон стратегијата и законот. Извештаите треба да бидат концизни, насочени кон креаторите на политиките и да се фокусираат на обезбедување на придонес за стратегијата и законот.
  • Изготвен Извештај за проценка на капацитетот, административните и финансиските потреби за спроведување на стратегијата и законот, како и за законските надлежности на владините и извршните тела, со заклучок за стратегијата и законот.
  • Изготвен Извештај за упатства за транспозиција и спроведување на законодавството на ЕУ за клима, со препораки за правната рамка која треба да се воспостави преку законот за климатска акција.
  • Подготвен извештај за ранливоста на земјата во однос на климатските промени, базиран на основа на достапните студии, со идентификација на приоритетните цели за адаптација / климатска отпорност, вклучувајќи ја рамката за истражување и донесување на одлуки, со заклучоци релевантни за политиките кои треба да се вклучат во стратегијата и законот.
  • Подготвена нацрт долгорочна стратегија за климатски акција.
  • Подготвен нацрт текст на законот за климатска акција со подзаконски акти.
  • Подготвени подзаконски акти за транспонирање на ЕУ Регулативата за Механизам за следење на стакленички гасови бр.525/2013 (MMR) и последователните измени и дополнувања, како и подготвен План за спроведување на регулативата.
  • Подготвен нацрт-акциски план за спроведување на почетната фаза на стратегијата и законот.
  • Подготвен План за спроведување и правна рамка за механизмот за следење емисиите на стакленички гасови, во согласност со ЕУ регулативата за механизам за следење на стакленички гасови бр.525/2013
  • Подготвен Извештај за стратегиска оцена на влијанието врз животната средина на долгорочната стратегија за климатска акција.
  • Испорачани обуки за поддршка на стратешката и правната рамка за климатска акција.
  • Испорачани активности за подигнување на јавната свест, настани за промоција и активности за консултации со заинтересираните страни.

Активности:

  • Активност 1: Почетна фаза
  • Активност 2:   Подготвителни анализи/проценки за долгорочната стратегија и законот за климатска акција
  • Активност 3: Подготовка на нацрт долгорочна стратегија за климатски промени
  • Активност 4: Усогласување на националното законодавство со ЕУ Регулативата за Механизам за следење на стакленички гасови бр.525/2013 (MMR) и последователните измени
  • Активност 5: Развој и подготовка на нацрт текст на законот за климатска акција
  • Активност 6: Изработка на нацрт акционен план за климатски промени
  • Активност 7: Програма за обука за спроведување на стратешка и законската рамка за климатска акција
  • Активност 8: Подигање на јавната свест, промоција и консултации со засегнатите страни.
Дата на започнување 15.02.2019
Дата на завршување 15.08.2020
Тип на проект Договор за услуги
Вредност на проектот 1.149.804,00 ЕУР
Име на изведувачот GFA Consulting Group GmbH
Корисник на проектот Министерство за животна средина и просторно планирање
Сектор одговорен за спроведување во рамките на Министерство за животна средина и просторно планирање како краен корисник Министерство за животна средина и просторно планирање
Краен корисник (освен Министерство за животна средина и просторно планирање, како што се општини и ЈКП) Повеќе целни групи
Линкови поврзани со проектот (веб-страни) https://climateaction-ipaproject.mk/
Подобрување на инфраструктурата за собирање на отпадни води за градот Скопје
Податоци за проект финансиран од ЕУ во рамките на ИПА II (2014-2020)EU_mk
Име на проектот Подобрување на инфраструктурата за собирање на отпадни води за градот Скопје

EuropeAid/137719/IH/WKS/MK

Главни цели на проектот Подобрување на животната средина и здравјето на луѓето преку собирање и третман на отпадните води на град Скопје
Проектни резултати/активности Изградба на главни колектори за собирање на отпадните води на левиот и десниот брег на реката Вардар
Дата на започнување 14.02.2018
Дата на завршување 14.02.2020
Тип на проект Договор за градба
Вредност на проектот 9.680.140,27 EУР
Име на изведувачот GUINTOLI S.A.S. во конзорциум со BAUER BG LTD Скопје и NGE Contracting S.A.S.
Корисник на проектот Министерство за животна средина и просторно планирање
Сектор одговорен за спроведување во рамките на Министерство за животна средина и просторно планирање како краен корисник Сектор за ЕУ

Сектор за води

Краен корисник (освен Министерство за животна средина и просторно планирање, како што се општини и ЈКП) ЈКП “Водовод и канализација”, Скопје

Град Скопје

Линкови поврзани со проектот (веб-страни) /
Надзор над спроведувањето на договорот за работи за подобрување на инфраструктурата за собирање на отпадни води во градот Скопје
Податоци за проект финансиран од ЕУ во рамките на ИПА II (2014-2020)EU_mk
Име на проектот Надзор над спроведувањето на договорот за работи за подобрување на инфраструктурата за собирање на отпадни води во градот Скопје

 

Europe Aid/137717/IH/SER/MK

Главни цели на проектот Главната цел е следна:

Да се подобри општинската инфраструктура за собирање на отпадни води во согласност со Директивата 91/271/ЕC и македонскиот закон.

Проектот предвидува мерки за надградба на постојниот канализациски систем во градот Скопје, што би придонело за следново:

  • Подобрени хигиенски стандарди за населението
  • Помалку проблеми во одржувањето на канализациониот систем
  • Спречување на загадување на површинските и подземните води и заштита на водотекот на Вардар
  • Правилно функционирање на идната Централна ПСОВ.
Проектни резултати/активности Проектни резултати:

Почетен извештај, времени извештаи (на секои шест месеци), Финален извештај

 

Активности:

Дел 1 – Изградба на канализација на десниот брег на реката Вардар

Дел 2 – Изградба на канализација на левиот брег на реката Вардар

Дел 3 – Изградба на канализација од пумпната станица „Макошпед“ до спојување со нова главна канализација на десниот брег на реката Вардар

За да се обезбеди правилно спроведување на договорот за работи, Инженерот ќе обезбеди голем број на под-активности со одредени специфични цели:

  • Да се обезбеди технички и финансиски надзор и да се обезбеди завршување на работите како што е дефинирано во Дозволата за локација и во согласност со градежните дозволи и барањата на работодавачот, во одредената временска рамка и во рамките на договорениот буџет.
  • Да обезбеди услуга за надзор за време на изградбата на инфраструктурата за собирање на отпадни води и
  • Да обезбеди услуга за надзор за време на периодот на известување за дефекти за договорот.
Дата на започнување 07.02.2017
Дата на завршување 06.03.2021
Тип на проект Договор за услуги
Вредност на проектот 998.850,00 ЕУР
Име на изведувачот Safege
Корисник на проектот Министерство за животна средина и просторно планирање
Сектор одговорен за спроведување во рамките на Министерство за животна средина и просторно планирање како краен корисник Сектор за ЕУ

Сектор за води

Краен корисник (освен Министерство за животна средина и просторно планирање, како што се општини и ЈКП) ЈКП “Водовод и Канализација“, Скопје

Град Скопје

Линкови поврзани со проектот (веб-страни) /

ТЕКОВНИ ПРОЕКТИ

ИПА 2021-2027 (ИПА III)

Европската Унија донесе сет на регулативи со кои се регулираат правилата за имплементација на инструментите за надворешна помош на Европската Унија. Регулативата 1529/2021 на Европскиот Парламент и на Советот за воспоставување на Инструментот за претпристапна помош (ИПА III), беше донесена на 15.09.2021 година. Истата ги регулира општите правила во врска со ИПА III помошта, целите и приоритетните области на помошта, стратешко планирање, имплементација, финансискиот пакет и други одредби специфични само за Инструментот за претпристапна помош (ИПА III).Според структурата, ИПА III е поделена на 5 прозорци и 17 тематски приоритети и тоа:

–       Прозорец 1: Владеење на правото, фундаментални права и демократија;

–       Прозорец 2: Добро владеење, усогласување на законодавството, добрососедски односи и стратешка комуникација;

–       Прозорец 3: Зелена агенда и одржлива поврзаност;

–       Прозорец 4: Конкурентност и инклузивен раст и

–       Прозорец 5: Територијална и прекугранична соработка.

Во рамки на прозорецот 3: Зелена агенда и одржлива поврзаност предвидени се тематски приоритети 1 – Животна средина и климатски промени и 2 – Транспорт, дигитална економија, општество и енергија.

Секторот за спроведување на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) ги врши следните работи и задачи:

–          Ја извршува функцијата на ИПА структура на министерството во рамките на ИПА II и на Тело за управување со програмите за животна средина во согласност со надлежностите пропишани во финансиските договори со ЕУ за релевантните програми за животна средина, уредбата за воспоставување на структури и односи меѓу структурите за управување со ИПА и oперативните договори за ИПА;

–          Врши приоритизација на реформи во надлежност на Министерството кои ќе бидат поддржани со средства од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ (ИПА);

–          Врши планирање на програми и проекти во Министерството кои ќе бидат финансирани од ИПА, во координација со друга донаторска помош;

–          Обезбедува доследно следење на правилата на ЕК, ПРАГ и ФИДИК за спроведување на тендерските постапки за ИПА проектите;

–          Го следи и насочува спроведувањето на проектите и програмите во Министерството кои се финансирани од ИПА;

–          Воспоставува и го одржува функционален системот на контрола во однос на спроведувањето на ИПА проектите, преку пишани процедури за работа и договори со релевантни органи, како и преку контрола на секојдневната работа на секторот;

–          Обезбедува финансиски, човечки и материјални ресурси за навремено, ефикасно и ефективно спроведување на ИПА проектите во Министерството;Ја следи одржливоста на резултатите од ИПА проектите во Министерството, како и на резултатите од реформите и промената која ја прават во општеството и др.

Работата на Секторот за спроведување на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) се реализира преку три одделенија:

Одделение за програмирање и мониторинг на инструментот за претпристапна помош (ИПА)

Oдделението за програмирање и мониторинг на инструментот за претпристапна помош (ИПА) ги врши следните работи и задачи:

–          Во функција на ИПА структура на министерството во рамките на ИПА II иТело за управување со програмите за животна средина, а во согласност со оперативните договори за ИПА и прирачниците за внатрешни процедури за работа, го координира програмирањето и мониторингот на програмите и проектите финансирани од ИПА;

–          Обезбедува информации за приоритетите во секторот животна средина со цел соодветно програмирање на средствата, и ја следи нивната реализација преку следење на НПАА и останати стратешки документи заради соодветен мониторинг;

–          Ги координира сите активности за подготовка, измена и дополнување на ИПА апликации, листи за идентификација на операции (ОИС), годишни и повеќегодишните акциски програми за животна средина финансирани од ИПА;

–          Дефинира релевантните секторски показатели/индикатори за следење на ИПА, го следи нивното реализирање, како и реализацијата на показателите/индикаторите за следење на ИПА проектите;

–          Проверува дали изведувачот ги исполнува обврските во согласност со претходно дефинираните услови и стандарди за квалитет; ја координира проверката на извештаи од страна на изведувачите; ја координира евиденцијата и контролата на распоредот на проектните консултанти; ја координира евиденцијата на работните листови (timesheet); ја координира проверката на времените ситуации и др.

Одделение за техничко спроведување на инструментот за претпристапна помош (ИПА)

Одделението за техничко спроведување на инструментот за претпристапна помош (ИПА) ги врши следните работи и задачи:

–          Во функција на ИПА структура на министерството во рамките на ИПА II иТело за управување со програмите за животна средина, а во согласност со оперативните договори за ИПА и прирачниците за внатрешни процедури за работа, го координира техничкото спроведување на програмите и проектите финансирани од ИПА;

–          Го подготвува, следи и ажурира планот за спроведување на тендери, со учество на Телото за посредување за финансиско управување (МФ – ЦФСД);

–          Ги координира подготвувањето и измените на тендерската документација (проектни задачи (ToR), техничките спецификации, тендерски досиеја) и сите други документи поврзани со тендерската постапка за проектите, во блиска координација со Телото за посредување за финансиско управување (ЦФСД);

–          Врши детален преглед и контрола на квалитетот на тендерската документација и сите други документи поврзани со тендерските постапки пред нивно доставување до ЕК/ДЕУ;

–          Помага во подготовката на извештај за стекнати искуства и научени лекции („LessonsLearned“) од управувањето со програмите и проектите;

–          Обезбедува соодветни членови во комисиите за евалуација на тендерите, како и дополнителни податоци и документи потребни за успешна евалуација на тендерите за проектите за животна средина и др.

Одделение за внатрешна контрола и координација при спроведување на инструментот за претпристапна помош (ИПА)

Одделение за внатрешна контрола и координација при спроведување на инструментот за претпристапна помош (ИПА) ги врши следните работи и задачи:

–          Во функција на ИПА структура на министерството во рамките на ИПА II иТело за управување со програмите за животна средина, а во согласност со оперативните договори за ИПА и прирачниците за внатрешни процедури за работа, ги координира процесите на внатрешна контрола и поставеност согласно критериумите на ЕК;

–          Ја координира подготовката и измените на сите документи и прирачници за внатрешни процедури за работа, кои ја регулираат поставеноста и работата на ИПА структурата на министерството во рамките на ИПА II/Телото за управување со програмите за животна средина, како и делегираните надлежности на Телото за посредување за финансиско управување (ЦФСД) согласно критериумите на ЕК за воспоставање и одржување на потребните контроли/контролна средина;

–          Дејствува во функција на секретаријат на секторскиот мониторинг комитет за програмите за животна средина и на секторската работна група за животна средина и климатска акција;

–          Подготвува годишна декларација за управување за секоја програма за животна средина која се финансира од ИПА, која се доставува до Националниот координатор за авторизација;

–          Следи дали завршените проекти имаат одржливи резултати и соодветно известува;

–          Врши контрола на квалитетот на документите кои се подготвуваат во ИПА структурата на министерството во рамките на ИПА II/Телото за управување со програмите за животна средина согласно прирачниците за внатрешни процедури за работа пред нивно формално доставување до НИПАК, НАО и ЕК;

–          Го следи обемот на работа за реализација на програмите за животна и известува за потребни ресурси за спроведување на програмите за животна средина;

–          Го организира спроведувањето на внатрешна и надворешна ревизија во ИПА структурата на министерството во рамките на ИПА II иТелото за управување со програмите за животна средина, обезбедува потребни документи и информации и го следи надминувањето на ревизорските наоди во насока на подобрување на работата на ИПА структурата на министерството во рамките на ИПА II иТелото за управување со програмите за животна средина;

–          Врши проценка на ризици кои се однесуваат на поставеноста и работата на ИПА структурата на министерството во рамките на ИПА II иТелото за управување со програмите за животна средина;

–          Обезбедува поставеност и функционалност на системот за пријавување неправилности во врска со спроведување на програмите за животна средина финансирани од ИПА и др.

Контакт e-mail: ipa@moepp.gov.mk