МК – НИ 011

ПРОЕКЦИИ ЗА ЕМИСИИ НА СТАКЛЕНИЧКИ ГАСОВИ smajli 1 strelki
Дефиниција

Индикаторот дава приказ на проектираните трендови на антропогените емисии на стакленички гасови (GHG) и тоа при имплементација на постојни политики и мерки (Сценарио за ублажување, with existing measures – WEM) и дополнителни мерки политики и мерки (Поамбициозно сценарио за ублажување, with additional measures – WAM) и Проширено сценарио за ублажување со дополнителни мерки – e-WAM). Трендовите се прикажани за секторите: енергетика, индустриски процеси и користење на производи, земјоделство, шумарство и користење на земјиштето и отпад.

Единици
  • tCO2-eq.
Клучно прашање за политиката

Каков е потенцијалот на националните капацитети за ублажување на климатските промени?

Клучна порака

Овој индикатор е од суштинско значење за националната политика за ублажување на климатските промени. Тој е во врска со спроведување на акции кои водат до ниско јаглероден раст и генерирање на ,,зелени” работни места.

Реализацијата на политиките и мерките дефинирани во WEM сценариотоќе овозможат намалување на GHG емисиите за 37,5%во 2040 година споредено со 2016 година. Дополнително, ако се реализираат политиките и мерките дефинирани во WАМ односно е-WAM сценариото ќе придонесат за намалување на GHG емисиите за 55%, односно 63,9% во 2040 година споредено со 2016 година.

Со реализација на e-WAM сценариото, секој жител на Северна Македонија во 2040 година ќе создава по 3,4 t CO2-eq, што е за 1,4 t CO2-eqпомалку споредено со 2016 година. За споредба, во ЕУ 28 во 2017 година секој жител создавал по 6,2 t CO2-eq.

График 1: Проекции на вкупните емисии на стакленички гасови [kt CO2-eq] – Референтно сценарио (Without Measures – WOM)CSI 011 20202MK_g1

 

График  2: Проекции на вкупните емисии на стакленички гасови [kt CO2-eq] – Сценарио за ублажување (With Existing Measures -WEM)CSI 011 20202MK_g2

График 3: Проекции на вкупните емисии на стакленички гасови [kt CO2-eq] – Поамбициозно сценарио за ублажување (With Additional Measures – WАM)CSI 011 20202MK_g3

 

График  4: Проекции на вкупните емисии на стакленички гасови [kt CO2-eq] – Проширено сценарио за ублажување со дополнителни мерки (Extended With Additional Measures – e-WAM)CSI 011 20202MK_g4

 

График  5: Емисии на стакленички гасови по жител (tCO2-eq/жител)CSI 011 20202MK_g5

 

График  6: Споредба на емисиите на стакленички гасови во WOM, WEM, WAM и e-WAM, 1990=100 (во %)CSI 011 20202MK_g6

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Трет двогодишен извештај за климатски промени кон UNFCCC, (Извештај за Ублажување на климатските промени – ИЦЕОР-МАНУ), МЖСПП, UNDP, 2019, www.unfccc.org.mk

Оценка

Индикаторот е од суштинско значење за постигнување на целите дефинирани за намалување на климатските промени во Националната стратегија за енергетика, Националната стратегија за транспорт, националните определени придонеси кон Договорот од Париз, интегрираните енергетски и климатски планови, како и долгорочната стратегија за климатска акција

Анализата за ублажување на климатските промени во рамките на Третиот двогодишен извештај за климатски промени (TBUR) се надоврзува на анализите направени во претходните студии: Втор двогодишен извештај за климатски промени (SBUR), Трет национален план за климатски промени (TNC), Втор двогодишен извештај за климатски промени (SBUR), Прв двогодишен извештај за климатски промени (FBUR) и Националните придонеси кон климатски промени (INDC) .Во меѓувреме, беше усвоена и Националната стратегија за развој на енергетиката до 2040.

За да се процени потенцијалот за намалување на емисиите на стакленички гасови при примена на одредени мерки и политики, во рамките на TBUR, направено е моделирање на сите сектори кои се составен дел од IPCC методологијата (Енергетика, Индустриски процеси и користење на производи, Земјоделство, шумарство и користење на земјиште и Отпад).

Резултатите од WOM сценариото за сите сектори се дадени во Табела 2 (и на Слика 1). Во 2040 година GHG емисиите достигнуваат 16055 kt CO2-eq, што е пораст за 30,8% споредено со 1990 година.

Во WОM сценариото (без секторот ШКЗ)во 2040 година GHG емисиите достигнуваат 18855 kt CO2-eqшто е пораст за 57,7% споредено со 1990. Емисиите од секторот енергетика се со најголем удел од 81% во 2040 година. Најголем пораст на емисиите се очекува во секторот отпад, со емисии на стакленички гасови во 2040 дури 2,25 пати поголеми во однос на 1990. Во секторот шумарство и користење на земјиштето кој е единствениот сектор кој апсорбира CO2 емисии, во 2040 година се очекува пораст на апсорбираните емисии во однос на 1990 и 2005, но намалување од 13% во однос на 2016.

При креирањето на мерките и политиките предвид беа земени сите релевантни усвоени стратешки и плански документи и беа издвоени 47 мерки, и тоа 32 од секторот енергетика, 11 мерки се од секторот земјоделство, шумарство и користење на земјиштето и 4 мерки од секторот отпад. За секоја мерка во Извештајот за ублажување на климатските промени даден е табеларен преглед со сите потребни информации, прогресот на имплементација (кој опфаќа временска рамка, очекувани резултати и трошоци, надлежни субјекти и сл.), индикаторот за прогрес како и директни и идниреткни придонеси кон Целите за одржлив развој ЦОР (Sustainable Development Goals – SDG). Во секторот енергетика, за некои мерки се дефинирани три различни патеки на имплементација според соодветното сценарио.

Овие мерки се вклучени во Сценариото за ублажување кое уште се нарекува и Сценарио со постојни мерки (With Existing MeasuresWEM). Покрај ова, развиено е и Поамбициозно сценарио за ублажување кое покрај постојните мерки вклучува и дополнителни мерки/политики и заради тоа уште се нарекува и Сценарио со дополнителни мерки (With Additional MeasuresWAM), како и Проширено сценарио со дополнителни мерки (Extended With Additional Measures – e-WAM).

Со помош на имплементираните мерки, во Сценариото за ублажување (WEM), Сценариото со дополнителни мерки (WAM) и проширеното Сценарио со дополнителни мерки, вкупните емисии на стакленички гасови во 2040 година се намалуваат за 37,5% (Табела 3 и Слика 2), 55%(Табела 4 и Слика 3) и 63,9% (Табела 5 и Слика 4 ) соодветно, споредено со Референтното сценарио (WOM). Од друга страна емисиите на стакленички гасови во WEM се зголемуваат за 16,6% во однос на 2016 година, а во WAM и e-WAM се намалуваат за 16% односно 32,2% (Табела 10, Слика 5 и Слика 6).

Секторот Енергетика и понатаму доминира во вкупните емисии, но споредбено со 2016 година, во WAMи e-WAM сценаријата, емисиите во овој сектор се намалуваат за 28,6% и 51,26% во 2040 година, соодветно. Затоа најголем дел од предложените мерки и политики за ублажување на емисиите на стакленички гасови се во овој сектор.

Друг важен индикатор се емисии на CO2 по жител, според кој Северна Македонија е земја со релативно ниско ниво на емисии по глава на жител. Во Референтното сценарио овој индикатор ќе има растечки тренд, додека во сценаријата за ублажување би растел со помала стапка во однос на Референтното сценарио (Табела 8, Слика5). При пресметувањето на овој индикатор, од вкупните емисии за секое сценарио се одземаат емисиите од Шумарство и користење на земјиште (IPCC методологија – за да може да се направи споредба на развојот на Северна Македонија со ЕУ28 и земјите од Југоисточна Европа) и се делат со прогнозите за вкупниот број на жители.

Кога емисиите на стакленички гасови се изразуваат во однос на нивото од 1990 година, Северна Македонија е повторно во подобра позицијаод разгледуваните земји на ЕУ (Табела 7, Слика 6). Меѓутоа, ако ниту една од предложените политики и мерки не сеимплементирани, емисиите на стакленички гасови може да бидат за 50% повисоки отколку во 1990 година.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Добрите практики и воспоставените методологии развиени во рамките на SBUR се имплементирани и во TBUR. Анализите во енергетскиот сектор се направени во моделот  MARKAL, додека пак секторите земјоделство, шумарство и користење на земјиштето, и отпад, се пресметани со IPCC софтверот. Пресметките за емисиите од секторот индустриски процеси и користење на производи (ИПКП) се направени со модели базирани на регресија.

Важно е да се напомене дека при процесот на креирање на Стратегијата за енергетика, речиси сите влезни податоци и резултати беа потврдени преку процес во кој активно учествуваа сите засегнати страни, вклучувајќи ги Енергетската Заедница и невладиниот сектор. Беа организирани и две јавни дебати.

Во рамките на TBUR целосно се интегрирани поединеничните модели од сите сектори, односно направено е меѓусекторско поврзување врз основа на клучните двигатели кои се заеднички за различните сектори. Дополнително:

  • Претставен е уделот на секоја мерка за постигнување на одредена цел за одржлив развој(ЦОР)
  • Развојот на земјата во поглед на намалување на емисиите на стакленички гасови е претставен со помош на ЦОР (SDG) индикатори, со што може да се спореди со други земји
  • За некои од мерките во секторот енергетика, дефинирани се три различни патеки на имплементација во зависност од сценариото
  • Предложените мерки во секторот енергетика се далеку поамбициозни споредбено со оние во SBUR
  • Моделирани се две нови мерки во секторот земјоделство, шумарство и користење на земјиштето
  • Промените кои се направени во рамките на Инвентарот на стакленички гасови и се однесуваат на секторот отпад, соодветно се имплементирани и во моделот за ублажување

Покрај овие подобрувања и надградби во моделирањето, во процесот на изработка и креирање на мерките и политиките активно беа вклучени приватниот сектор и јавната администрација. Во таа насока, беа организирани поединечни консултативни состаноци со цел запознавање и усогласување на ставовите во поглед на предложените мерки и политики.

Цели

За да се постигне ефективно намалување на емисиите од стакленички гасови, поставени се секторски цели за намалување на емисиите соодветно, и истите се поставени за 2030 година, во однос на емисиите од 1990:

  • Енергетика – 66% намалување на емисиите на стакленички гасови
  • Индустриски процеси и употреба на производи – 45% зголемување на емисиите на стакленички гасови
  • Земјоделство – 29% намалување на емисиите на стакленички гасови
  • Шумарство и користење на земјиште – 95% раст на понори
  • Отпад – 21% намалување на емисите на стакленички гасови
Обврска за известување
  • UNFCCC
  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средина
Општи мета-податоци
Тема Климатски промени Поврзаност со други теми/сектори Земјоделство, Шумарство, Отпад, Енергија, Транспорт, Индустрија
Код на индикаторот MK НИ 011 Временска покриеност 2016-2040
Име на индикаторот Проекции за емисии на стакленички гасови Извор на податоци Трет двогодишен извештај за климатски промени кон UNFCCC, (Извештај за Ублажување на климатките промени – ИЦЕОР-МАНУ), МЖСПП, UNDP, 2019
Класификација по ДПСИР П Датум на последна верзија 28.05.2020
Тип А Подготвено/ажурирано од: Петранка Бончева
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта:
p.boncheva@moepp.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 011 Проекции за емисии на стакленички гасови EEA – Европска агенција за животна средина IND-37/CSI 010, CLIM 050
Total greenhouse gas (GHG) emission trends and projections
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа Нема еквивалент
Каталог на индикатори за животна средина 43 – Total greenhouse gas (GHG) emission trends and projections
SDG – Цели за одржлив развој 13, Climate action
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија не
Последна измена:  вторник ноември 22nd, 2022