ЗАФАТЕНА ВОДА |
Индикаторот го следи зафаќањето на водите и нивната намена. Истото го дели на зафатени површински води и зафатени подземни води.
- Количина на зафатени водни ресурси изразена во милиони m3 годишно.
Дали количината на зафатена вода е одржлива?
Во севкупниот период од 1990 до 2021 година количината на зафатената површинска вода повеќекратно ја надминува количината на зафатена подземна вода. Пиковите на зафатена подземна вода се јавуваат во истите години кога има пикови и на зафатена површинска вода.
График 1. Зафатена водаГрафик 2. Бруто зафатена површинска вода
График 3. Бруто зафатена подземна вода
Опфат на податоци: excel
Извор на податоци: Државен завод за статистика
Во периодот од 1990 до 2021година, се бележи променлив тренд на користење на водите во земјата. Посебен пораст на потрошчката на вода е забележан во 2004, 2010 и 2012година.Најголем корисник на површински и подземни води во разгледуваниот период се преработувачката индустрија и наводнувањето.
Што се однесува до зафаќањето на вода, од слика 1 се гледа дека најголеми количества се зафатени во 2012 година.Во текот на разгледуваниот период зафаќањата на подземни води се без поголеми осцилации со исклучок на 2012 година во која се бележи раст. Истата 2012 година највисоки се и вредностите на зафатена површинска вода.
- Методологија за пресметка на индикаторот
Податоците се обработуваат како површинска и подземна вода.
Одржливо управување со вода и достапност на истата за сите.
- Статистики на животна средина
- Годишен извештај од обработени податоци за животна средина
- Годишно до Европската агенција за животна средина (EEA) за потребите нa WISE – SoE Water Quantity
Тема | Вода | Поврзаност со други теми/сектори | Климатски промени, Земјоделие, Индустрија |
Код на индикаторот | MK НИ 21 | Временска покриеност | 1990-2021 |
Име на индикаторот | Зафатена вода | Извор на податоци | Државен завод за статистика |
Класификација по ДПСИР | П | Датум на последна верзија | 03.10.2022 |
Тип | А | Подготвено/ажурирано од: | Ивица Тасиќ Сузана Стојановска |
Фреквенција на публикување | На две години | Контакт | i.tasik@moepp.gov.mk suzana.stojanovska@stat.gov.mk |
МК НИ 021 Зафатена вода | EEA – Европска агенција за животна средина | нема еквивалент |
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа | 37 – Freshwater use by households, agriculture forestry and fishing of which irrigation, manufacturing, electric industry, other economic activities | |
Каталог на индикатори за животна средина | нема еквивалент | |
SDG – Цели за одржлив развој | 6. Ensure availability and sustainable management of water and sanitation for all | |
GGI – Индикатори за зелен раст | да | |
Кружна економија | да |