Годишен состанок на работната група за комуникации на Eвропската агенција за животна средина

Во периодот од 29 до 31 октомври 2014 година во Атина, Грција, се одржа редовен годишен состанок на работната група за комуникации, во организација на EEA. На состанокот од Македонскиот информативен центар за животна средина учествуваше Катерина Николовска – Раководителот на одделението за аналитика и известување, одговорна за подготовка на делот за Македонија во SOER… Прочитај повеќе »

Презентиран иницијалниот Извештај за карактеризација на езерата во Дримскиот басен

Денеска во Скопје беа претставени клучните наоди на Иницијалниот извештај за карактеризација на Преспанското, Охридското и Скадарското Езеро, подготвен во согласност со Рамковната директива за води на ЕУ. Извештајот е изработен во рамките на проектот на Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) за регионална конзервација и одржлива употреба на биодиверзитетот на Охридското, Преспанското и Скадарското… Прочитај повеќе »

Средба на министерот Изаири со италијанскиот амбасадор Ернесто Масимино Белели

Денеска, министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, во просториите на Министерството, оствари работна средба со италијанскиот амбасадор во Македонија, Н.Е. Ернесто Масимино Белели. На состанокот се разговараше за состојбите во заштитата на животната средина, а беа разгледани и можности за изготвување на заеднички меморандум со кој ќе прецизира потесната идна соработка. Исто… Прочитај повеќе »