Министерот Дураки оствари средба со министерката за животна средина од Косово

Министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки денеска оствари работна средба со министерката за животна среднина и просторно планирање на Република Косово, Албена Решитај. На средбата се дискутираше за досегашната добра соработка помеѓу Р. Македонија и Р. Косово во областа на заштитата на животната средина, како и за резултатите од досега реализираните проекти… Прочитај повеќе »

Ден на Планетата Земја

Приклучете се во акцијата за чистење на езерото Козјак која ќе се спроведе во недела на 22 Април по повод одбележувањето на Денот на Планетата Земја во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање, здруженијата „Гоу Грин“ и „ЦНВП Македонија”.  

Студентите од МИТ се запознаа со активностите на МЖСПП од областа управување со отпад

Денеска, во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање, се одржа работилница за Управување со отпадот во Република Македонија, на која пред студенти и предавачи од Факултетот за менаџмент на еколошки ресурси при МИТ Универзитетот, беа презентирани надлежностите и активностите на МЖСПП од таа област, со осврт на меѓународната соработка, усогласување на стандардите… Прочитај повеќе »