МЖСПП: Прекинат праг на алармирање во Битола и Тетово

Согласно податоците од Државниот миниторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на ден 02.01.2023, среднодневните концентрации на РМ10 суспендираните честички се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Битола и Тетово и престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање.

Сумирани резултати од Извештајот за анализата на локалитетот Пеленица

Министерството за животна средина и просторно планирање пред два месеца одвои околу три милиони денари и инвестираше во истражување на локацијата Пеленица за да се утврди дали и колку се контаминирани почвата и подземните води на таа локација за кои има сознанија дека е депониран историски отпад од Охис и од други околни индустриски капацитет…. Прочитај повеќе »

Информација за стапување на сила на Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад и обврските за произведителите

Министерството за животна средина и просторно планирање ги информира сите правни и физички лица дефинирани како „Производител” дека од 1 јануари 2023 година стапува на сила Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад. Овој закон важи за производителите на текстил, гуми, масла и возила, заедно со нивните вградени делови… Прочитај повеќе »